Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
3Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
ЖивотПотресна исповед, настрадале 154 лица, а овој настан му го променил животот!„Преживеав судар на авиони, ни денес не знам како“!Дејвид Ример бил во приватен авион и се враќал од службено патување кога се случил директен судар со патничкиот авион Боинг. Дејвид Ример никогаш нема да го заборави денот кога за малку ќе загинел во ужасна авионска несреќа. Како што изјавил за Дејли Меил, тој се наоѓал во приватен авион во бразилскиот воздушен простор и се враќал од службено патување. Во приватниот авион имало седум лица, и летале на височина од 11,2 километри. - Одеднаш почувствувавме огромен потрес. Немаше предупредување, немавме поим што се случува и како е можно да удриме во нешто толку високо во облаците – ја започнал тој својата исповед. Авионите имаат софистицирана технологија дизајнирана да предупреди за претстојните судири, но тој ден таа не функционирала. Не виделе што се случило Ример и двајцата пилоти биле престрашени кога виделе дека крилото на нивниот авион е оштетено. - Ја погледнавме левата страна на авионот и крилото имаше назабена ивица, како да беше отсечена, но немавме поим од што. Ништо не видовме. Пилотите маневрираа обидувајќи се да го задржат леталото во воздух. Беше тешко да не се размислува како сето тоа може да заврши лошо. Дома ги имав сопругата и ќерките од 10 и 12 години, но се трудев колку што можев да не мислам на тоа дека нè чека смрт - се присетил Ример. И неговите сопатници во задниот дел од авионот биле тивки. - Немавме начин да искомуницираме со земјата, ниеден телефонот не работеше. Еден од патниците, Џо Шарки од Њујорк Тајмс, ѝ напишал проштална порака на својата сопруга, но не ни кажа ништо за тоа додека не слетавме безбедно. Посакувам да имав доволно дух да им напишев нешто на сопругата и ќерките, но немав - изјавил Ример. Еден од неговите сопатници забележал дека врвот на опашката на нивниот авион изгледа како некој речиси хируршки да го отсекол. - Не можев ништо друго освен да се обидам да ја задржам присебноста. Беше лесно да паднам во страв и паника, но се обидов да останам присебен. Пилотите во авионот беа тивки и се фокусираа на безбедно слетување каде било. Околу 35 минути подоцна слетавме во една воена база во Амазонската прашума - се сетил тој. По слетувањето, откако сфатиле дека сите преживеале, отишле на пица во базата, а потоа еден од нивните пилоти, кој знаел португалски, дошол до нив пребледен и седнал на нивната маса. - Добро се сеќавам што рече тогаш: „Момци, имам страшна вест да споделам со вас. По должината на нашата патека на летот имало и авион кој исчезнал и не знаат што се случило со него. Но, тоа е преголема случајност. Нашето олеснување поради сето она што го преживеавме, се претвори во огромна тага. Се воспостави дека нашиот авион налетал на патнички авион кој исчезнал од радарот. Трагедија Станува збор за авионот Боинг кој на 29. септември 2006 г. леташе на линијата Манаус - Бразилија и се урна над прашумата Амазонија со 154 патници и членови на екипажот. Остатоците од авионот подоцна беа пронајдени во државата Мато Гросо во многу непристапна област. - Шансите некој да ја преживее несреќата што ја имавме се минимални. Не верувам дека тоа се случило некогаш. Да беше Боингот неколку сантиметри пониско, ќе ни ги скинеше опашот и крилата, а никој од двата авиони немаше да преживее – додал Ремер. Судирот помеѓу Боингот и авионот на Ример го отсекол крилото на поголемиот авион, кој потоа се урнал во џунглата, при што загинаа 154 патници и членови на екипажот. Тоа беше најголема трагедија во историјата на бразилските воздухопловни сили. Според Ример, имало обиди вината за трагедијата да се префрли на пилотот на нивниот авион, но истрагата утврдила дека контролата на летот потфрлила. Тие се „очите на небото“ за пилотите кои поради брзината на леталото не можат да ги видат другите летала, а пропустот на контролата на летање е во тоа што не успеала да ги одржи двата авиона на пропишаното растојание. - Долго време се прашував зошто ние преживеавме, а патниците од другиот авион не. Бев благодарен за можноста да продолжам со мојот живот, но никогаш не ја заборавив трагедијата што се случи. По овој настан кој целосно ми го промени животот, водев кампања за подобрување на безбедноста во воздухопловството, се обидов да бидам добар сопруг и татко, да им помагам на другите луѓе колку што можам. Ги користам лекциите што ги научив како дел од една ваква голема несреќа со надеж дека тоа ќе помогне да се спасат други животи. Сите ние што бевме во приватниот авион денеска славиме два родендена - оној кога сме дошле на овој свет, и оној другиот, кога бевме поштедени во несреќата - заклучи Ример. Cockpit audio recording reveals the last seconds before Transportes Aéreos Flight 1907 broke up mid-air and crashed. Everyone on board died. On September 29, 2006, Gol Transportes Aéreos Flight 1907, travelling from flight from Manaus, Brazil, to Brasília and Rio de Janeiro,… pic.twitter.com/Rqb0Q3ptPP — Morbid Knowledge (@Morbidful) April 10, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваЅвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе. Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак. „Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“. Компликации со визата Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат. „Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија. „Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа. @mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа. Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“ Свадба на Хаваи Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари. View this post on Instagram A post shared by Mikaela Testa (@mikaelatesta) Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.Тагови: OnlyFans сопругот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter