3ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЖивотПотресна исповед на Лиа Ремини која ја напуштила скиенологијата Taa тврди дека сè уште ја следат поради напуштање на култот.Пред 10 г. актерката со семејството побегнала од скиентологијата, но последиците сè уште постојат. Животот за актерката Лиа Ремини бил „постојана борба“ откако ја напуштила скиентолошката црква пред повеќе од една деценија, вели таа. Актерката од „Кралевите на Квинс“, која јавно ја критикува оваа религија, тврди дека нејзините искуства по напуштањето на црквата ја исполниле со депресија, анксиозност и страв. Таа, исто така, тврди дека нејзините пријатели и семејството се „загрозени“ по наводната оркестрирана операција од оние во организацијата. Ремини ја напуштила црквата во 2013 година, но во објава на социјалните мрежи споделила дека неодамна почнала да си дава шанса да излезе од својот дом. View this post on Instagram A post shared by Leah Remini (@leahremini) - Помина една деценија откако избегав од скиентологијата со моето семејство, но постојано се борам да го доживеам својот живот. Ќе имам добар ден и ќе си помислам „Во ред, утре ќе продолжам да ги правам работите што сакам да ги правам“, а потоа ме надвладува депресијата. Ме обзема страв и наоѓам причини да не излезам- изјавила актерката откривајќи ги деталите од својата борба. Откако ја напуштила црквата, Ремини тврди дека „постојано е следена од скиентолошките оперативци и агенти“. „Овие луѓе се кријат во сенка за да го следат моето движење, следат со кого се сретнувам за тоа да го пријават во скиентолошката разузнавачка агенција, Канцеларијата за специјални работи“, напишала таа, тврдејќи дека членовите на црквата направиле „провокативни фотографии со неа“ и регрутираат „загрозени лица кои живеат со тешки ментални болести“ за да ја вознемируваат и заплашуваат. Освен со ваквите влијанија врз нејзиното ментално здравје, актерката навела дека се бори и со физичките последици од менопаузата. -Не само што одеднаш добив осип и имав некоја алергиска реакција, туку поминувам и низ перименопауза – стои во дел од потресното сведочење на актерката. Сепак, таа набргу добила одговор од скиентолошката црква. Нивниот портпарол се огласил со следните зборови: - Ако Ремини повеќе не може да добие работа, не може да обвинува никого освен себеси. Очигледно, сите во Холивуд сега го знаат она што веќе го знаевме: Ремини е ужасна личност и токсична за многумина кои ја имаат таа несреќа да стапат во контакт со неа - се вели во соопштението. Во јануари 2022 година, Ремини споделила зошто престанала да стекнува формално образование како тинејџерка. - Л. Рон Хабард, основачот на скиентологијата, длабоко го презирал конвенционалното образование и бидејќи сè во скиентологијата се води според неговите политики, без простор за толкување, моето образование беше прекинато - тврди таа на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер). Актерката, во нејзината книга од 2016 година „Бељаџиja: Преживувајќи го Холивуд и Скиентологијата“ (Troublemaker: Surviving Hollywood and Scientology) изнела бројни тврдења за скиентолошката црква, во која меѓу познатите членуваат Том Круз и Џон Траволта. ПРИНЦИПИ НА СКИЕНТОЛОГИЈАТА Скиентологијата учи дека луѓето се бесмртни духовни битија, кои ја заборавиле својата вистинска природа. Митологијата се развила околу поимот „тетан“. Во скиентологијата, тој термин претставува „космички извор и животна сила“. Тетанот е „вистинскиот човечки идентитет“ и во далечното минато, тетаните „го формирале физичкиот универзум“. Официјалните скиентолошки списи сметаат дека тетаните се бесмртни вонземски духови кои предизвикуваат „духовна штета на човечките тела“. Затоа скиентологијата на своите курсеви, кои се сочинети од неколку „нивоа“, а најважните се плаќаат, ги учи луѓето како наводно да го препознаат тетанот во себе и да се ослободат од духовната болка. Основач на скиентологијата е американскиот писател на научна фантастика Рон Хабард, роден во 1911 година во американската држава Небраска. Хабард ја основал првата скиентолошка група во 1953 година. Пред да ја „основа“ скиентологијата како нова религија, Хабард се претставувал себеси како основач на „модерната наука за ментално здравје“ која ја нарекол Дијанетика. Дијанетиката би требало да претставува „систем на психотерапија“, а нејзините основни „принципи“ се наведени во книгата „Дијанетика: модерна наука за менталното здравје“ објавена во 1950 година. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
МакедонијаЛДП: Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Контролата отиде во провалија заедно со стандардот! Дали овие луѓе воопшто знаат дека ја водат најсиромашната земја во Европа?Предупредувавме за буџетските дупки и растот на цените, а тие ладнокрвно нѐ увереваа дека „сѐ е под контрола“. Епа, сега контролата отиде директно во провалија, заедно со животниот стандард на македонските граѓани кои секојдневно се соочуваат со дивеење на цените и потрошувачка кошничка која одамна надмина секаква реалност! Додека народот преживува со минимални плати и сметки што тешко или невозможно се плаќаат, власта седи во удобни фотелји и ни продава статистички небулози, споредувајќи се со некој митски просек во Германија, Австрија и Швајцарија, целосно отцепени од секојдневната мака на обичниот човек. Кога навреме им дававме конкретни предлози за поврат на ДДВ исклучиво за македонските граѓани и домашните бизниси – нѐ игнорираа како Либерално-демократска партија (ЛДП). Кога предлагавме укинување на грабливите банкарски провизии – арогантно не одбиваа во Собранието. Кога баравме итен спас за земјоделството затоа што без домашна храна сѐ ќе стане луксуз – одговараа со празни небулози. Кога бараме почитување на законот и зголемување на студентскиот оброк – тие зборуваа за „пријателства“ и правеа смешни ПР-креативи. Кога им зборувавме за намалување на непродуктивните трошоци – тие излегоа со предлог да ја напумпаат партиската администрација до бесвест, претворајќи ги институциите во свои партиски агенции. „Предупредувавме дека неодржливите буџети, негрижата и ароганцијата ќе ја фрлат економијата на колена. Секојдневно гледаме како инфлацијата и цените дивеат, додека функционерите живеат во паралелна реалност и се споредуваат со Швајцарија, глумејќи дека не гледаат оти водат држава со најоддалечен стандард и најсиромашни граѓани во Европа. Нивната политика на игнорирање на нашите предлози за спас на бизнисите, граѓаните, студентите и земјоделците носи катастрофа. Доста беше со празни лаги и статистички манипулации – државата не е приватна фирма, а народот повеќе нема од каде да ги плаќа расипничките грешки!“, изјави Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор на ЛДП. Ваквиот економски аматеризам мора итно да запре. Додека вие се тешите со измислени европски проценки, македонските семејства секојдневно бројат монети за преживување. Итни мерки, кратење на луксузот и помош за народот – или повлечете се пред целосно да ја уништите државата!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДвојно признание за првенците на МНТ Тања Кочовска и Тони Михајловски на фестивалот во НикшиќПрвенците на Македонскиот народен театар, Тања Кочовска и Тони Михајловски, се добитници на фестивалски признанија на 22. Меѓународен фестивал на глумецот – Никшиќ 2026. Тања Кочовска ја доби наградата за најдобра женска, а Тони Михајловски за најдобра машка епизодна улога, за своите актерски остварувања во претставата „Страв и надеж“ на МНТ. Претставата, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, беше дел од овогодишната фестивалска програма, а актерските остварувања на двајцата првенци на МНТ беа издвоени како особено впечатливи. Во образложението на жирито се истакнува: „Беше вистинско задоволство да се гледаат овие двајца актери, особено во сцената во која настапуваат како партнери. Нивната игра беше трагикомична, исполнета со човечка топлина. Со својата инспиративна актерска игра ја направија нашата одлука лесна.“ Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Миодраг Кривокапиќ, истакнат драмски уметник и актер, претседател на жирито, Даница Максимовиќ, истакната актерка, и Стеван Вуковиќ. Ова двојно признание е уште една потврда за актерскиот квалитет на двајцата првенци на МНТ, како и за вредноста на претставата „Страв и надеж“, која продолжува да го афирмира МНТ. Особено значаен е и фактот што актерскиот тандем Тања Кочовска и Тони Михајловски заедно добива фестивалски признанија на различни театарски фестивали, за различни претстави, потврдувајќи ја вредноста и препознатливоста на нивните заеднички актерски остварувања. На свеченото доделување, наградите ги прими директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, во име на наградените актери. „Реткост и посебна чест е да се добие награда на фестивал посветен на актерот. Актерот без кого ликовите би останале да живеат само на хартија, а сцената би била празна. Актерот кој на сцената стои пред нас како огледало. Благодарност од срце“, кажа - Никола Кимовски, директорот на МНТ.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57