ЖивотПотресна исповед на една мајка: Го задушив синот затоа што не можев да гледам како страдаОчајна мајка ги опишала моментите во кои го задушила својот син кој страдал од неизлечива генетска болест.Синот на Британката Хедер Пратен боледувал од Хантингтонова болест, од која претходно починал и неговиот татко Кент. За разлика од неговиот брат Филип, кој исто така боледувал од таа болест, Нигел никогаш не успеал да се носи со својата дијагноза. Хедер на телевизија раскажала како на неговиот 42. роденден Нигел се обидел да се самоубие со преголема доза хероин. Лежејќи покрај него и гледајќи го како се бори да земе здив, земала перница и го задушила, само за да му ги скрати маките. Откако Хедер била уапсена и обвинета за убиство, обдукцијата покажала дека судбината на Нигел секако ќе била смрт. Хедер признала дека асистирала во самоубиството, судијата подоцна и досудил условна казна со образложение дека станувало збор за „исклучителни околности“. Хантингтоновата болест е неизлечива која ја предизвикува наследен нарушен ген. Тој ген произведува протеин кој се вика Хантингин. Не е познато како, но генот предизвикува тешко оштетување на нервните ќелии на мозокот. Заболените можат да покажуваат емоционални и умствени нарушувања како што е промена на расположението, неспретност, агресивност и депресија, а во подоцнежната фаза почнуваат да имаат тикови, губат на тежина и имаат мускулна слабост која пациентот го оневозможува да голта, да зборува или да се движи. Сопругот на Хедер, Кент, заболел од оваа болест и починал на 44 години, а подоцна излегло дека и нивните две деца исто така го имаат овој ген. Постариот син Филип починал на 49 години. Нигел се разболел кога имал околу 30 години и многу потешко се носел со фактот дека е болен за разлика од неговиот брат. На 42. роденден Нигел решил да си го одземе животот со преголема доза хероин. Мајка му била покрај него. И двајцата се сложиле дека тоа е најдобар начин за него да си го одземе животот бидејќи Нигел веќе долго време размислувал како најдобро да направи самоубиство. Откако ја земал фаталната доза Хероин, мајка му останала да лежи покрај него в кревет. И двајцата заспале, а таа подоцна се разбудила и го пронашла како со бледо лице се бори за воздух. Во тој момент зела перница и му го одзела животот, Потоа повикала полиција и раскажала што се случило. Хедер од смртта на синот, во март 2000 година се залага за промена на законот. Вели дека би морала да постои можност за психички свесните луѓе во терминална фаза од болеста самите да решат на кој начин сакаат да умрат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook