Потпишана Програма за културна соработка меѓу Македонија и Хрватска за периодот 2016-2019 година - Канал 5

Потпишана Програма за културна соработка меѓу Македонија и Хрватска за периодот 2016-2019 година

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во рамките на еднодневната работна посета на Хрватска, во Дубровник оствари билатерална средба со хрватскиот министер за култура, Златко Хасанбеговиќ.

Потпишана Програма за културна соработка меѓу Македонија и Хрватска за периодот 2016-2019 година
Како што соопшти Министерството за култура, на средбата двајцата министри за култура ја потпишаle петта по ред Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Хрватска за периодот 2016-2019 година, која претставува правна рамка за интензивирање на заемната соработка меѓу институциите и соодветните здруженија од сите области на културата и уметноста во двете земји.

Двајцата министри изразиле задоволство од досегашната соработка помеѓу Македонија и Хрватска постигната во сите области на културата, која претставува плод на дведеценискиот труд на дипломатските односи кои ги негуваат двете држави.

Канческа-Милевска и Хасанбеговиќ, како што е наведено во соопштението, се согласиле дека Програмите за соработка кои досега беа потпишани дадоа одлични резултати што се конкретизираше со богата соработка помеѓу инстутуциите од областа на културата, при што голем број на македонски уметници континуирано се презентираат во Хрватска, но и значаен број на хрватски автори се редовни гости во нашите институции и на најзначајните манифестации во нашата земја.

Канческа-Милевска нагласила дека Министерството за култура редовно ги поддржува активностите на здруженијата на Хрватите во Република Македонија но поддршка, како што посочила, добиваат и македонските здруженија во оваа земја за што упатила благодарност до својот хрватски колега.

На средбата Канческа-Милевска ја истакнала и одличната соработка меѓу НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и Националната универзитетска библиотека од Загреб, кои во 2014 година потпишаа Договор за соработка, во чии рамки беа организирани Денови на хрватска книжевност во Македонија, но и Денови на македонската книжевност во Хрватска.

Со особено внимание била потенцирана и финансиската поддршка која ја обезбедува Министерството за култура за издавање на преводи на македонски јазик на реномирани хрватски автори и во тој контекст за македонската читателска јавност се достапни делата на Дубравка Угрешиќ, Бранко Чегец, Ренато Баретиќ, Златко Крамариќ и многу други автори.

Министерката за култура истакнала дека на Конкурсот за откуп на публикации во последниве две години, откупени се преводите на книги од хрватски автори, а дела на некои од најпознатите писатели од оваа земја се застапени и во капиталниот проект на Владата на Република Македонија „Ѕвезди на светската книжевност“.

Канческа-Милевска на средбата го запознала хрватскиот колега и со Конкурсот за финансирање на преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, преку кој на хрватскиот книжевен пазар веќе се достапни делата на Игор Исаковски и Христо Петревски.

Биле истакнати гостувањата на македонските театри на фестивалите во Хрватска, како и признанијата за Македонскиот народен театар и Театарот Комедија доделени на фестивалите во оваа земја. На средбата била потенцирана и одличната соработка во областа на музичката дејност, во чии рамки минатата година, Македонската филхармонија имаше исклучителен настап во најголемата концертната сала во Загреб, „Ватрослав Лисински“, каде пак годинава впечатлив настап имаше и детскиот хор „Златно славејче“ кој настапи заедно со реномираниот хрватски детски хор „Децата од Рибњак“.

Канческа-Милевска во оваа пригода го поздравила и редовното учество на хрватските уметници на фестивалот „Охридско лето“ каде публиката изминатите години имаше можност да ги проследи исклучителните изведби на врвни уметници како Максим Мрвица, Иво Погорелиќ, Звонимир Шестак, Един Карамазов и многу други. Реномирани автори од Хрватска редовно се претставуваат и на „Струшките вечери на поезијата“, како и на театарските фестивали „МНТ Фест“ и „МОТ“.

Во контекст на интензивирање на соработката помеѓу двете земји, двајцата министри за култура разговарале и околу соработката помеѓу манифестациите „Охридско лето“ и „Дубровнички летни игри“, кои се членки на европската асоцијација на фестивали и потписници на „Которската иницијатива“.

На средбата била иницирана и соработка помеѓу Музејот на современа уметност, Националната галерија на Македонија и Археолошкиот музеј на Македонија со сродни институции од Хрватска што ќе претставува платформа за размена на конкретни проекти.

Министерката за култура нагласила дека треба да продлолжи и одличната соработка во филмската дејност во чии рамки се реализираа неколку копродукции.

На средбата беше подвлечена и плодната релација што се остварува во областа на заштитата на културното наследство и размената на стручни кадри во рамките на меѓуинституционалната соработка, потоа соработката во рамките на УНЕСКО, во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство и подводната археологија. Беше истакната и одличната соработка помеѓу двете земји во рамките на Форумот на словенските култури при што беше нагласено дека во септември годинава во Задар, ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата „Жива“ за најдобар словенски музеј, а македонски кандидат е Заводот и Музеј од Штип.

Министерката Канческа-Милевска на покана на хрватскиот министер за култура, вечерва ќе присуствува и на свеченото отворање на 67-то издание на реномираната манифестација „Дубровнички летни игри“. Истовремено, како што се вели во соопштението од Министерството за култура, таа упатила и покана до нејзиниот хрватски колега да биде гостин на годинашното издание на најзначајната музичко-сценска манифестација во нашата држава, фестивалот „Охридско лето“, како и на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Добитникот на „Златната топка“  капитенот на Англија, Хари Кејн, изненадувачки го нема во тимот на годината!

ФИФПРО тимот на годината без освојувачот на Златната топка Хари Кејн

Легендарниот Лео Меси повтормно е меѓу најдобрите 11-сетмина.

Добитникот на „Златната топка“, Хари Кејн, на изненадување на сите, не се најде во идеалниот тим на годината според ФИФПРО (FIFPRO).

Од друга страна, Лионел Меси по рекорден 18-ти пат е дел од најдобрите 11 во изборот на професионалните фудбалери.

Овогодинешниот добитник на „Златната топка“ (Ballon d'Or), капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн, изненадувачки не се најде во идеалниот тим според изборот на ФИФПРО (FIFPRO).

Во гласањето учествуваа фудбалери од 73 земји, а Лионел Меси се најде меѓу најдобрите 11 по рекорден 18-ти пат.

Аргентинецот повторно е избран во најдобриот тим, откако во 2023 година не беше дел од него.

Во нападот, покрај него, се најдоа Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот тим за сезоната 2025/26 се наоѓаат четворица шпански репрезентативци кои летово ја освоија светската шампионска титула: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Ламин Јамал.

Неочекуван е и изборот на голманот.

Голманот на Арсенал која за време на Светското првенство му беше резерва на Унаи Симон е избран за прв голман во идеалниот тим, иако шпанската единивца, беше прогласена за најдобар голман на годината во изборот на списанието „Франс фудбал“.

FIFPRO Светски тим (World 11) за сезоната 2025/26.

ГОЛМАН: Давид Раја (Арсенал, Шпанија)

ОДБРАНА: Пау Кубарси (Барселона, Шпанија), Ашраф Хакими (Пари Сен Жермен, Мароко), Нуно Мендеш (Пари Сен Жермен, Португалија)

СРЕДЕН РЕД: Џуд Белингам (Реал Мадрид, Англија), Родри (Манчестер Сити/Барселона, Шпанија), Витиња (Пари Сен Жермен, Португалија)

НАПАД: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (Реал Мадрид, Франција), Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ламин Јамал (Барселона, Шпанија).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Во вторник (03.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Игор Андреевски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети во сос

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. шпагети

200 гр. мелено месо

2 главици кромид

2 чешниња лук

400 мл. доматен сос

масло

сол, бибер и др. зачини

малку свежо нане или магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер