Потпишан Меморандум за соработка во туризмот меѓу Македонија и Украина

 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) и амбасадата на Украина во Македонија ја организираа првата конференција за туризам со цел почнување соработка и запознавање на туристичкиот потенцијал меѓу двете земји.

На конференцијата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу АППТ и Националната туристичка организација на Украина.

Како што соопшти АППТ, трите услови за соработка се исполнети – слободен виза режим, директен лет и желба за зголемување на соработката.

-Економската и социјалната димензија на туризмот е веќе позната со оглед дека земјава беше рангирана на трето место меѓу земјите од Балканот со кои Украина има соработка, како и посетата на 20 тур-оператори од Украина и почнувањето на директна линија Киев-Скопје, е повеќе од причина за зајакнување на соработката помеѓу овие две земји, наведува АППТ.

На конференцјата учествуваа 30-тина тур-оператори од Украина и 30-тина домашни тур-оператори. Се обратија Дмитро Сеник, заменик-министер за надворешни работи на Украина, Наталиа Задорожниук, амбасадор на Украина во земјава, Љупчо Јаневски, Директор на АППТ, Иван Липтуга, претседател на Националната туристичка организација на Украина и Мариа Јукхноветс, претседател на Асоцијацијата за дојдовен туризам на Украина. Се споделија статистики и анализи за состојбата во туризмот за време КОВИД, се информираа двете страни за туристичкиот потенцијал кој го имаат и за можностите за соработка.

-Оваа прва конференција за туризам значи нов, силен нов импулс за соработка помеѓу двете земји. Украинските туристи кои имаат интерес за посета на руралните делови на земјава, културното наследство како и ено туризмот, планираат туристички аранжмани во земјава од 5 до 7 дена, информира АППТ.

Според директорот Јаневски, закрепнувањето на туризмот треба да биде во форма која ќе овозможи самоодржливост.

-Начинот на патување и интересот за туризам ќе се промени и ќе значи помали групи кои ќе имаат интерес за патување во руралните и еко предели на земјата. Закрепнувањето треба да е зелено, вели Јаневски. Според украинските претставници, Македонија ако е една од последните неоткриени туристички потенцијали, тогаш Украина е веднаш зад неа, затоа оваа прва конференција за туризам е од огромно значење на зголемување на туристичкиот промет помеѓу овие две земји, смета Јаневски.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

Облачно време со локален дожд и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. 

Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во текот на ноќта и изутринава времето е претежно облачно, наместа со повремени врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен, а во Пелагонија повремено засилен ветер од западен правец кој во Битола достигнува брзина до 45 km/h.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие има наврнато во Крива Паланка 20 литри на метар квадратен, во Штип 15, во Берово 12, во петровец - Скопје и во Охрид 9, во Демир Капија 7, во Претор 5, во Велес и Кавадарци 4, во Струмица и Гевгелија 3, во Виница и Лазарополе 2 и во Битола и Куманово еден литар на метар квадратен.

Синоптичарите за утре и за понеделник најавуваат претежно сончево и потопло време. Во вторник, локално ќе има изолирана појава на пороен дожд и ретки грмежи. Под влијание на нов влажен бран, в среда и четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме.

притисни ентер