Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец - Канал 5

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец

Меморандум за соработка бил потпишан меѓу Општина Неготино и неготинското доброволно противпожарно друштво „Повардарец“.

Потпишан меморандум за соработка меѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец

Неготинската градоначалничка Марија Нацева на „Фејсбук“ денеска информираше дека целта е побезбедно Неготино.

- Со огромно задоволство го потпишав меморандумот за соработка помеѓу Општина Неготино и доброволното противпожарно друштво „Повардарец“ од Неготино. Овој документ е потврда на нашата заедничка заложба за унапредување на безбедноста на сите граѓани и заштита на животната средина, напиша Нацева.

Таа појасни дека преку ова партнерство, двете страни се обврзуваат на заеднички проекти за поголема противпожарна заштита на територија на општината, едукација и тренинзи за превенција од пожари, модернизација и воведување нови технологии во работата на доброволните пожарникари, подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита на природата.

- Нашите доброволни пожарникари се вистински херои и симбол на солидарност. Општина Неготино продолжува да биде заедница на совесни граѓани кои градат хармонија помеѓу човекот и природата, додаде Нацева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти.

„Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер