МакедонијаПотпишан Меморандум за соработка меѓу Општина Кисела Вода и Природонаучниот музејСите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредување на образованието за сите ученици од основните училишта на територијата на општината. Со овој Меморандум се поставува основа за организирани и континуирани едукативни активности во Музејот, со цел наставните содржини да им бидат поблиски, поинтересни и попрактични на учениците. Дополнително, соработката предвидува организирање стручни водства низ постојаните музејски поставки, тематски работилници согласно интересот на училиштата, како и предавања, презентации и практична настава со стручни лица и експерти од различни области во училиштата. Сите активности ќе се реализираат во согласност со наставните програми и по барање на училиштата, со цел теоретското знаење стекнато во училниците да добие своја практична примена. Овој Меморандум е важен чекор кон создавање современ и поквалитетен образовен процес кој овозможува учење преку директно искуство, истражување и практична работа. Ваквите партнерства во Општина Кисела Вода дава поддршка на проекти кои ги поттикнуваат младите да го истражуваат светот околу себе и да градат знаење како темел за нивната иднинаТагови: Општина Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30
МакедонијаОпштина Аеродром: Нови смарт-табли во ооу „Блаже Конески“ за целосно современа наставаНовата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава. Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа технологија, подобри услови и средина во која учењето ќе биде поинтересно, поинтерактивно и поблиску до современиот начин на живот. Со ова, ООУ „Блаже Конески“ се издвојува како едно од најмодерно опремените основни училишта во земјава – училиште кое ги следи современите образовни трендови и создава подобри услови за своите ученици. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМРИзјава на премиерот Мицкоски од увид во реализираните инвестиции и модернизацијата на УХМР.„Добар ден и од мене. Почитувани претставници на медиумите, Почитувани присутни, Денеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи. Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму. Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики. Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може. Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција. Јас Ви благодарам.“ - изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизПенелопе Круз по 16-ти пат на насловната страница на шпанскиот „Вог“Мегапопуларната актерка Пенелопе Круз се појави на насловната страница на септемвриското издание на шпанското списание „Вог“ (Vogue). Ова е веќе нејзина 16-та насловна страница за ова списание, на кое таа се враќа по две години од нејзиното последно појавување. Фотографиите се дело на дуото „Шон + Сенг“ (Sean + Seng). На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на „Оскар“, која е и амбасадорка на „Шанел“ (Chanel), носи фустан украсен со мониста, светки и кристали, од колекцијата на „Шанел“ за есен 2026 година, креирана од Матје Блази. Бујната фризура и нагласениот хајлајнер дополнително го истакнуваат гламурот на стариот Холивуд. Едни се воодушевени, други ја критикуваат прекумерната обработка на фотографијата. Насловната страница предизвика бројни реакции на официјалниот профил на „Вог“ (Vogue) Шпанија на Инстаграм. Додека дел од следбениците беа воодушевени од фотографијата, други упатија критики за начинот на кој е прикажана Пенелопе Круз, сметајќи дека фотографијата е претерано обработена. „Неверојатна“, „Ова е прекрасно“ ..се само дел од позитивните коментари. Сепак, други беа значително покритични. „Вие сте списание со големо општествено влијание и не си правите услуга со тоа што прикажувате 52-годишна жена како да има 25 години. Поради тоа, многу жени мислат дека мора да изгледаат толку совршено“, напиша еден следбеник. „Пенелопе е прекрасна на 52 години. Зошто толку многу обработка за да изгледа помладо?“ – праша еден од корисниците. „Таа е убава. Но, претераа со обработката на фотографијата. Изгледа како да има 20 или 30 години“ – додаде друг. Еден следбеник отиде и чекор понатаму: „Пенелопе е единствена... Па, зошто тогаш ставивте нејзина верзија ’исечена на половина‘ на насловната? Половина од нејзините години, со половина од нејзиното тело и половина од нејзиниот живот... Оваа насловна е, најблаго кажано, патетична. Доста е веќе, Vogue Spain, навистина доста е.“Тагови: Пенелопе Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter