3Адвокатот на суспендираните полицајци: Случајот не смее да добие ниту етнички ниту политички предзнак
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
МакедонијаПотпишан Меморандум за нова фаза на „Училишта на 21 век“, фокус на дигитални вештини и вештачка интелигенцијаМинистерството за дигитална трансформација и Британскиот совет денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува стратешка рамка за повторно активирање на проектот „Училишта на 21виот век“. Иницијативата има за цел унапредување на дигиталната трансформација, развој на дигитални вештини и модернизација на образовниот систем во земјава. Проектот, како што информираат од Министерството, опфаќа подготовка на материјали за учење, работа на учениците со микро процесори, реални проекти во училиштата, сајбер безбедност и основи на вештачката интелигенција. -Ова партнерство претставува значаен чекор кон продолжување и проширување на успешната програма „Училишта на 21 век“, која во изминатиот период овозможи илјадници ученици и наставници да развијат вештини за кодирање, критичко размислување и решавање проблеми преку практична примена на дигитални алатки, вклучително и micro:bit технологијата, се наведува во соопштението. Во рамки на новата фаза на програмата, се предвидува дополнително зајакнување на капацитетите на наставниците во областите на критичко мислење, решавање проблеми, кодирање, сајбер безбедност и основи на вештачка интелигенција, како и проширување на поддршката кон помалите возрасни групи ученици и поттикнување на иновативни училишни проекти. -Посебно значајно е што оваа иницијатива ќе се реализира во партнерство со Македонски Телеком, како долгогодишен поддржувач на дигиталното образование и технолошките иновации. Во следната фаза се предвидува склучување на трипартитен Оперативен договор за имплементација на проектот „Училишта на 21 век“ - Фаза II, помеѓу Министерството за дигитална трансформација, Британскиот совет и Македонски Телеком, се наведува во соопштението. Меморандумот го потпишаа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и Клер Сирс, директорка за Западен Балкан и копотписник на Меморандумот. На настанот присуствуваа и Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Македонија, Стела Дурутовиќ, менаџер за образовни проекти за Западен Балкан, како и Бела Треневска Шотаровска, менаџер за комуникации во Британската амбасада. Тагови: Меморандум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија18:00Ива Михаилова е во Бугарија, ама не се знае како заминала од Македонија15:00Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин11:08
ЗдравјеЗдружението на медицински сестри „За нас, “ бараат носење на декларација за безбедност при работаЗдружението на медицински сестри и техничари „За нас“ бара спроведување на Декларацијата за безбедност кој беше донесена на петтиот меѓународен конгрес во Струга на медицински сестри „Грижа за оние кои се грижат за сите“. Во декларацијата се бара патека во која ќе биде заштитено здравјето на медицинскиот персонал, а со тоа и здравјето на пацеинетите. Таа потенцира дека не само платата кај медицинскисте сестри важен е статутот, заштита на сестрите и итно носење на Законот за сестри со поддршка и на лекарската комора. Бешлиовска како симбол ја носи униформата на медицинска сестра за правата на медицинскисте сестри. Се надева дека во наредниот период ќе бидат слушнати нејзините барања и униформата ќе биде достоен симбол на секоја сестра, акушерка и техничар во болниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува КлековскиЦелата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.Целата акција за вакцинација против грип ќе почне на време, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски, посочувајќи дека пристигнатите 30.000 вакцини се наменети за најризичните категории на граѓани, што значи дека принципот „прв дојден, прв услужен“ овој пат нема да важи. За да добиете бесплатна вакцина против грип ќе мора да се пријавите електронски, на „мој термин“, што се очекува да биде овозможено најдоцна од утре, а Центарот за јавно здравје ќе одредува кој има приоритет да биде имунизиран. Сепак, со цел да се поттикне пријавувањето, Министерот прв ќе се вакцинира. -Мој термин треба да е денеска или утре подготвен и отворен за пријавување. Во моментот ја организираме логистиката и со Центрите за јавно здравје. Мое очекување е дека во оние стандардни термини кога започнувала имунизацијата во земјата а тоа е од 16-ти до 25 октомври ќе започне вакцинацијата. Јас ќе бидам првиот што ќе се вакцинирам за да го поттикнеме пријавувањето. Ние работиме да стигнеме до 80.000 дози да постигнеме. Ни беше важно да стигнат привите 30.000 за да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15-ти ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме работиме да го обезбедиме остатокот до 80.000. Ќе дадеме предност на ризичните групи. Кој проценува? Во основа по дијагнози Центрите за јавно здравје.- Сашо Клековски – Министер за здравство Клековски вели дека денови се во прашање во однос на набавката на БСЖ вакцината против туберколоза од јапонски производител, откако пред една недела се стопираше имунизацијата на новороденцињата во Македонија со онаа од бугарскиот производител „Бул био“ поради алармот што пристигна од Хрватска за сомнежи за нејзиниот квалитет, што беше вклучен поради зголемен број на случаи на остеомиолитис, или инфекција на коските кај деца. -Во тек е организација на логистиката, тие се набавуваат од централното депо на УНИЦЕФ, се завршуваат деталите и се навдевам дека за многу скоро ќе биде стигната во Македонија и дека нема да има проблеми во однос на прекинот на имунизацијата (колку долго ќе трае паузата), изјави Клековски. Инаку Клековски денеска го отвори реконструираниот машки оддел во Психијатриската болница Бардовци за што се одвоени околу 300.000 евра за инсталации, решетки, прозорци и реновирање на тоалети, посочувајќи дека нечовечките услови во ваквите установи мора да станат минато. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБазенот „Партизан“ официјално предаден на Националната пливачка федерацијаУчилишниот базен „Партизан“ во Карпош официјално е предаден на Националната пливачка федерација на Македонија. Целта е базенот да се стави во функција на развојот на пливањето, со подобри услови за тренинзи и работа со младите пливачи. Министерот за спорт Борко Ристовски најави дополнителна поддршка за Пливачката федерација, со цел пливањето повторно да добие поголемо значење во македонскиот спорт.“ „Пливањето да го вратиме онаму кадешто заслужува а тоа е да биде еден од спортовите што се приоритет на оваа Влада и на Министерството за спорт / За прв пат можеби во историјата Пливачката федерација ќе раководи со базени коишто ќе бидат доделени да ги стопанисува, за почеток се два базени и овој денес уште еден ќе бидат предадени на Пливачката федерација која ќе добие финансиска поддршка од Владата и Министерството за спорт.“ - Борко Ристевски Базенот ќе има одредени термини за користење од страна на општината. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски, вели дека понатаму, во зависност од искуството и потребите, ќе се одлучува како ќе се организира неговото користење. - „Во договорот кој денес го потпишавме и во разговор со претседателот и останатите членови на федерацијата одредивме број на термини кој ќе ги користи општината. Во прво време термините ќе бидат наменети за најмладите – за децата од прво до петто одделение 10:10 / 10:45 За кратко време ќе ја видиме потребата на школските деца што не значи дека доколку констатираме дека ни остануваат термини кој не се исполнуваат од децата ќе определиме нови целни групи на граѓани кои ќе можат да ги користат услугите на базенот“- Сотир Лукровски За првпат Националната пливачка федерација на Македонија ќе управува со училишен базен. Од Федерацијата најавуваат дека базенот ќе се користи и за обука по пливање на децата од Општина Карпош, со цел уште од најмала возраст да се поттикне интересот за овој спорт. - ,,Овој базен за прв пат во нашата историја да го управува Пливачката федерација. Ние сме благодарни и се надеваме дека пред граѓаните ќе ја оправдаме довербата што ни ја дадовте. / Пливачката федерација во наредниот период покрај спортските клубови ќе ја извршува обуката на наши спортисти и пливачи на територија на општина Карпош ќе врши обука на дечиња кои учат во основните училишта и тоа ќе биде со некоја динамика која ќе ја договараме,, - Сашо Лазаревски Изградбата на базенот започна во септември 2023 година и чинеше 760.000 евра.. Станува збор за современ спортски објект со дименизии од 25 метри должина и 9 метри ширина, со длабочина која се движи од 0.80 до 1.20 метри, што овозможува безбедно користење и реализација на наставните и рекреативните активности. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook