3Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
КултураПотпишан Меморандум за културна соработка меѓу загребскиот Музеј за ументости и занаети и Националната галерија на МакедонијаВчера во македонскиот КИЦ во Загреб беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Музејот за уметност и занаети во Загреб и Националната галерија на Република Македонија во Скопјe. Договорот го потпишаа директорот на Музејот во Загреб, Сањин Михелиќ, и директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани и програмскиот раководител и виш кустос Маја Крстевска. Меморандумот е резултат на воспоставеното партнерство и успешна имплементација на заеднички проекти помеѓу загребскиот Музеј за уметност и занаети и македонскиот КИЦ во Загреб, што дополнително ги зајакнува културните врски меѓу двете земји. Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, истакна: „Потпишувањето на овој Меморандум претставува важен чекор во зајакнувањето на културната соработка меѓу двете земји. Македонскиот КИЦ во Загреб игра значајна улога во поттикнувањето и продлабочувањето на соработката меѓу македонските и хрватските институции во интерес на промоција и афирмација на културните вредности на двете земји“. Целта на Меморандумот е зајакнување на меѓународната соработка меѓу двете институции преку презентација и промоција на уметничкото и културното наследство на Република Хрватска и Република Македонија, како и развој на заеднички и индивидуални програми. Ова дополнително ги зајакнува капацитетите на двете институции со посебен акцент на поврзување на нивните богати фондови, од историски колекции до современа уметност и уметнички занаети. Директорот на Националната галерија на Република Македонија, Али Синани, во оваа пригода истакна: „Верувам дека потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи размена на знаења и искуства и ќе отвори нови можности за вмрежување меѓу македонските и хрватските културни работници и уметници“. „Особено сме задоволни што оваа година ќе реализираме две изложби во Македонија, со што веднаш ќе ја трансформираме оваа соработка во конкретна и видлива културна програма за публиката во двете земји“, рече директорот на загребскиот Музеј на уметност и занаети, Сањин Михелиќ. Воспоставената соработка со загребскиот Музеј за уметности и занаети ќе се конкретизира преку низа идни проекти, меѓу кои веќе во октомври и ноември оваа година се издвојуваат две значајни изложби: „Менче Спировска: визуелни фасцинации на Загреб“, во галерискиот простор Мала станица на Националната галерија на Република Македонија во Скопје и „Арсовски – фотографи“ во Музејот на град Скопје. Овие изложби на Музејот за уметности и занаети минатата година беа претставени пред хрватската публика во македонскиот КИЦ во Загреб. „Оваа иницијатива ја потврдува важноста на меѓународното вмрежување на културните институции и придонесува за развој на поквалитетни и поразновидни културни содржини достапни за пошироката публика“, истакна Маја Крстевска виш кустос и програмски раководител. МАКЕДОНСКИ КУЛТУРНО ИНФОРМАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ЗАГРЕБТагови: Меморандум за културна соработка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЕвропаРуски дрон погоди мост на реката Днепар во ЗапорожјеПет лица се повредени, а сообраќајот беше привремено запрен по рускиот напад врз мост на реката Днепар во Запорожје. Оваа информација на „Телеграм“ ја соопшти Михајло Семикин, вршител на должноста началник на Регионалната воена управа на Запорожје. Според најновите информации, во нападот се повредени две жени на возраст од 24 и 59 години и тројца мажи на возраст од 36, 43 и 54 години. Двајца од мажите – на возраст од 43 и 54 години – се вработени во Црвениот крст кои биле нападнати додека оделе на работа. Првичните извештаи укажуваат дека тие биле хоспитализирани со полесни повреди. Сите повредени добиваат медицинска помош. Семикин потврди дека сообраќајот на мостот е ограничен. „Непријателот нападна еден од мостовите преку реката Днепар во Запорожје. Поради нападот, сообраќајот на мостот е привремено ограничен“, се наведува во соопштението. Жителите на Запорожје се повикани да ги прилагодат своите планови за патување со оглед на сообраќајните ограничувања и да ги следат официјалните соопштенија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook