Потпишан е најголемиот договор во историјата на спортот

Бејзбол играчот Хуан Сото се согласи на 15-годишен договор со Њујорк Метс вреден 765 милиони долари, што е најголемиот договор во историјата на професионалниот спорт.

Американските медиуми пренесуваат дека потпишувањето на договорот зависи од тоа дали Сото ќе помине лекарски преглед.

Се нагласува дека овој договор, бидејќи нема конкретни информации за заработка надвор од Соединетите Американски Држави, би станал и најголемиот во историјата на професионалниот спорт.

И ESPN пренесува дека договорот на Сото со Мец има дополнителни клаузули, па неговата вкупна вредност би можела да надмине 800 милиони долари. Сото би требало да добие само бонус за потпишување од 75 милиони долари.

Американските медиуми потсетуваат дека Сото одбил 440 милиони долари од Вашингтон во 2022 година за 15-годишен договор.

Њујорк Јенкис му понудиле на Сото нов 16-годишен договор вреден 760 милиони долари, но тој ја прифатил понудата на Њујорк Метс.

Сото (26) четири пати играше на Ол-стар натпреварот на МЛБ, а три пати беше избран за најдобар тим на натпреварувањето. Тој ја освои титулата во МЛБ со Вашингтон во 2019 година.

Њујорк Јенкис годинава беа поразени од Лос Анџелес Доџерс во финалето на МЛБ лигата.

Осум лица го загубија животот во пожарот во Домот за стари лица во белградската општина Бараево

Осум лица го загубија животот во пожарот што утринава околу 4 часот и 10 минути избувна во Дом за стари лица во белградската општина Бараево, соопшти в.д. директорот на Секторот за вонредни ситуации Лука Чаушиќ.

Тој рече дека прелиминарните резултати покажуваат дека пожарот го предизвикал еден од жителите на домот, пренесе Бета.

„Пожарникарите спасија 13 лица од пожарот, од кои седум беа преземени од Итната медицинска помош, додека на останатите лица им беше овозможено алтернативно сместување“, посочи Чаушиќ.

Тој нагласи и дека натамошна истрага за причините за пожарот ќе спроведе Вишото јавно обвинителство.

Ракометрите на стартот на главната мундијалска фаза утре од 15-30 против Австрија

Македонската ракометна селекција е меѓу 24 најдобри репрезентации на 29 Светски шампионат.

Црвено жолтите со победа, реми и пораз во групата Д против селекциите на Гвинеја, Унгарија и Холандија ја завршија првата фаза на Мундијалот во Хрватска, Данска и Норвешка.

Пред избраниците на Лазаров е главната мундијалска рунда, која нашиот тим ќе ја игра во за нас среќниот Вараждин во Хрватска.

Пред македонските ракометари се нови три средби. Главната рунда ја стартуваме утре од 15-30 часот против тимот на Австрија, два дена подоцна во истиот термин во Арената Вараждин ќе ги одмерите силите со селекцијата на Катар, а последниот меч во втората рунда го играме во сабота од 20-30 часот против еден од главните фаворити за златото трофејната Франција.

Во трите средби од групата Д македонските ракометри покажаа дека може рамноправно да играат против секој ривал дури и против селекциите од светскиот вврв. Посакуваме во истор светло да ги одиграат и дуелите во главната фаза.

Македонскиот тим предводен од најдобриот стрелец во досегашниот тек на Мундијалот, Филип Кузмановски е подготвен за нови успеси.

ПОЦ: За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

притисни ентер