Потпишан договорот за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Напролет ќе започне активностите за изградба на првите два километри од автопатот Скопје – Блаце откако денеска во владата се потпиша договорот помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и градежната компанија „Гранит“.

Со стартот на изградбата која ќе чини околу 12 милиони евра, Јавното претпријатие ќе распише тендер и за изведувач на втората фаза од автопатот.

Целокупната траса е долга 12,5 километри а целиот проект треба да чини околу 110 милиони евра. Дванаесетте километри од автопатот, со кои ќе биде комплетиран Коридор 10, треба да бидат завршени средината на 2021. До почетокот на изградбата треба да бидат извршени 68 експропријации на парцели во сопственост на жителите на Блаце.

Очекувањата се дека новиот пат меѓу главните градови на Македонија и Косово ќе го намали патувањето на помалку од еден час, а ќе се олесни и комуникацијата и трговијата. „Гранит“ минатиот месец официјално беше избран за најповолен понудувач за изведбата на првата фаза од проектот, која што ќе се гради на потегот од граничниот премин „Блаце“ до клучката кај селото Блаце.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер