Други спортовиПотпишан договор, Олимпискиот факел ќе патува во вселената Олимпискиот факел кој ќе се користи на Зимските олимписки игри во Сочи 2014 ќе биде испратен во вселената, но огнот нема да биде запален од безбедносни причини.- Испраќањето на Олимпискиот факел во вселената е настан кој за првпат се случува во историјата на олимпиското движење. Неговото доставување што во вселената ќе го извршат руските космонаути ќе остане засекогаш запишано во аналите на олимпизмот, изјави раководителот на „Роскосмос“ Владимир Поповкин по денешното потпишување на договорот со Организациониот комитет Сочи 2014. Олег Котов и Сергеј Ријажански на почетокот на ноември ќе го однесат факелот во вселената, а на Земјата ќе го врати Фјодор Јурчихин кој во моментов се наоѓа во Руската вселенска станица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРоманија бара помош од НАТО по нападите врз бродови во Црното мореРоманија побара поголема поддршка од сојузниците за заштита на пловидбата во Црното море, по серијата напади со дронови врз трговски бродови во близина на романскиот и бугарскиот брег.НАТО разгледува дополнителни мерки за намалување на ризиците за поморскиот сообраќај. Според извештајот на „Асошиејтед прес“, во октомври биле погодени најмалку седум товарни бродови, а во нападите имало загинати и исчезнати членови на екипажите. Инцидентите ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на транспортните правци преку кои се извезуваат украинско жито и други стоки. Меѓу опциите што се разгледуваат се зајакнување на одбраната од беспилотни летала и воспоставување заедничка команда на нато во Црното море, со учество на Романија, Бугарија и Турција. Во дискусиите е вклучен и предлог за мораториум на нападите врз цивилни и трговски бродови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
МакедонијаКривична пријава за Костадин Костадинов за легализација на објектПолицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа.Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште две лица, поради сомневања за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување исправа при легализација на бесправно изграден објект во струмичкото село Куклиш. Од министерството за внатрешни работи информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство во Струмица. Покрај Костадинов, опфатени се и поранешната раководителка на секторот за урбанизам во општина Струмица и управител на правно лице од Битола, кое во меѓувреме е ликвидирано. Според МВР, во 2022 година Костадинов и поранешната раководителка, злоупотребувајќи ги своите службени овластувања, му овозможиле на физичко лице од Куклиш да легализира објект изграден без соодветна документација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМилановиќ го осуди величењето на нацизмот во Сплит: Ова е срамно и недозволивоХрватскиот претседател Зоран Милановиќ го осуди однесувањето на дел од навивачите на Торцида, кои вчера во Сплит, пред фудбалскиот натпревар Хајдук и Ајакс во Конференциската лига, извикуваа пароли со кои ги величеа нацистичкиот и усташкиот режим.„Недозволиво, срамно и за секоја осуда е однесувањето на дел од навивачите на Торцида во Сплит. Извиците и постапките со кои отворено се слават нацистичкиот и усташкиот режим бараат итна и систематска реакција од хрватската полиција, државното обвинителство и, на крајот, судовите. Ги повикувам сите надлежни институции крајно сериозно да пристапат кон истрагата за овој срамен настан, за такво нешто повеќе да не се повтори“, порача Милановиќ. Тој нагласи дека осудите од владата повеќе не се доволни и побара конкретни мерки и санкции. „Зборовите на осуда што ги слушаме од владата повеќе не се доволни. Потребни се мерки и санкции што ќе покажат дека во хрватска нема место за величење на нацизмот и усташтвото“, истакна хрватскиот претседател.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook