Потоп во централна Европа

Малку помирно, но и натаму драматично. Вака и денеска е ситуацијата во централниот дел на Европа, кој деновиве доживеа вистински потоп – огромни водени површини никнаа среде автопати и паркови во Прага, додека граѓаните останаа заробени на едната или на другата страна.

-Ситуацијата е непријатна за сите. Има проблем со сообраќајот, посебно за нас кои живееме покрај реката и не можеме да се движиме вели жител на чешката престолнина.

Во моментов, најголема е опасноста за Дрезден каде започна евакуација на населението долж Елба, чие ниво последниве денови нарасна на речиси 10 метри, или седум над нормалното. Во битката со времето за ублажување на последиците од водената стихија се вклучени сите и жителите и војската, кои на една страна ги расчистуваат наносите, а од друга поставуваат нови барикади...

-Има недостаток на вреќи со песок, тоа е најголемиот проблем во моментов, бидејќи на сите им требаат што е можно повеќе, вели жителка на Дрезден.

Од денеска и Унгарија се запиша на листата на земји кои прогласија вонредна состојба, на која се и Австрија, Полска и Словачка, откако нивото на Дунав денеска енормно нарасна и и се заканува на Будимпешта. Досегашниот биланс на човечки жртви е 12 и уште толку исчезнати.

Но, властите на Прага сепак деновиве имаат уште една дополнителна грижа – да ги чуваат барикадите од крадци. Но не обични крадци, туку оние кои енормните води ги користат за летни лудории - сурфање низ градските улици, на импровизирани даски направени од металните барикади.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер