Ги навредувал вработените, ги нарекувал „човечки отпад“- градоначалникот на Јокохама си поднесе оставка
2Ги навредувал вработените, ги нарекувал „човечки отпад“- градоначалникот на Јокохама си поднесе оставка
ЗабаваПотоци солзи на елитната модна писта (ФОТО+ВИДЕО)Најдолговечното лице на Victoria's Secret , Аадриана Лима (37) се прости од модните писти.Бразилската манекенка , Адриана Лима , која важи за една од најубавите жени на светот , популарниот бренд Victoria's Secret почна да го носи уште 1999 , на само 18 годишна возраст. По речиси 20 години , таа синоќа се прости од ангелските крила на Викторија. Лима не можеше да ги запре солзите на прошталната ревија. Публиката ја испрати со солзи и овации , додека на видео бимот се прикажуваа делови од модните ревии на кои Лима е главаната ѕвезда. Солзите не запреа ниту зад сцената. најпознатите манекенки се простија од Лима , која одбележа една ера во Victoria's Secret. blockquote class="instagram-media" data-instgrm-captioned data-instgrm-permalink="https://www.instagram.com/p/Bq53hAAhAQq/?utm_source=ig_embed&utm_medium=loading" data-instgrm-version="12" style=" background:#FFF; border:0; border-radius:3px; box-shadow:0 0 1px 0 rgba(0,0,0,0.5),0 1px 10px 0 rgba(0,0,0,0.15); margin: 1px; max-width:540px; min-width:326px; padding:0; width:99.375%; width:-webkit-calc(100% - 2px); width:calc(100% - 2px);"> View this post on Instagram Tune in to watch the Victoria Secret Fashion Show tonight at 10/9c on @abcnetwork 💗 to all my angels. Definitely one of the most memorable/emotional experience in my life. So much love from the angels/the Victoria’s Secret team. I am grateful for have been part of this beautiful family for 20 years of my life. Thank you from the bottom of my heart for all the love and I hope that I can give all this love back to each and every one of you. To my fans, I am grateful for all your support and standing by me no matter what! Love you all.... from my heart ♥️ Adriana Lima ✨ A post shared by Adriana Lima (@adrianalima) on Dec 2, 2018 at 3:58pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
ЗабаваТајландска ѕвезда пее босански фолк хит на концерт среде Бангкок (ВИДЕО)Тајландскиот актер и пејач Понд Наравит (25) ја изведе песната „Хеликоптер“ од босанскиот пејач Фазлија пред десетици илјади обожаватели на концерт во Бангкок. Снимките од настапот брзо се проширија на социјалните мрежи и предизвикаа бројни реакции. Спој на Балканот и Азија на концерт Музичкото и актерско дуо ПондПхувин одржа тридневен „Space Soul-dyssey концерт“ во арената „Импакт“ во Бангкок. Концептот на настапот беше замислен како научно-фантастично патување низ вселената. За време на неговиот соло настап, Понд Наравит се спушти на сцената од модел на хеликоптер, облечен во богато украсен костим во стилот на јужноазиската традиција. Иако публиката можеше да очекува тајландска балада или индиски танцов хит, од звучниците се слушнаа стиховите од песната на Фазлија „Хеликоптер, хеликоптер...“. @beside_lego ปอนด์โรยตัวลงจากฮลิคอปเตอร์กลางอิมแพค สมฐาคุณธีร์มากกกก🫠 #ppnaravit #PondPhuwinConcertD1 #phuwintang ♬ เสียงต้นฉบับ - Beside_Lego Настап и вирален успех Младата тајландска ѕвезда ја изведе песната со барачка кореографија. Сега, се разбира, снимките од концертот станаа вирални, а Балканот не престанува да ги коментира. Обожавателите на социјалните мрежи коментираа дека тој го совладал изговорот доста добро. @destiny_notnow 🤘🤘🤘 #PondPhuwinConcertD3 #PondPhuwinConcert #pondphuwin #ppnaravit #phuwintang ♬ เสียงต้นฉบับ - ไม่ต้องสงสัยฉันเป็นสาววาย Видеата од изведбата веднаш станаа вирални на TikTok. „Да ми кажеше некој дека тајландски актер ќе ја пее „Хеликоптер“ на Фазлија, ќе му речев дека е луд“, е еден од коментарите споделени на мрежите. @sochicza เฮลิคอปเตอร์ สมธีร์จริงๆ แล้วถ้าไม่ใช่ปอนด์ใครจะกล้าทำแบบนี้ #PondPhuwinConcertD1 #pondphuwin #ppnaravit #phuwintang ♬ เสียงต้นฉบับ - sochic Кој е Понд Наравит? Понд Наравит Лертаткосум, попознат како Понд Наравит, е тајландски актер, модел и пејач кој стекна популарност благодарение на своите улоги во тајландските серии. Роден е на 1 февруари 2001 година во Бангкок, Тајланд. Ја започна својата кариера во 2020 година откако победи во шоуто за таленти „Go On Girl & Guy Star Search“, по што потпиша договор со тајландската продуцентска куќа GMMTV. Ја доби својата прва голема телевизиска улога во серијата „Fish Upon the Sky“ (2021), каде што го играше Морк, и токму оваа улога му донесе пошироко признание меѓу фановите на тајландските серии. View this post on Instagram A post shared by @ppnaravit После тоа, тој се појави во серии како „Never Let Me Go“ (2022), во која ја играше Палма, и „We Are“ (2024), каде повторно соработуваше со актерот Фувин Тангсакјуен, со кого формира еден од најпопуларните актерски дуа на тајландската сцена. Покрај глумата, Понд се занимава со музика и е член на тајландската момчешка група JASP.ER, која дебитираше во 2024 година под покровителство на Riser Music. View this post on Instagram A post shared by @ppnaravit Пред да влезе во светот на забавата, студирал биомедицински инженеринг на Технолошкиот институт „Кинг Монгкут“ Ладкрабанг во Бангкок. Познат е по својата комбинација од актерски талент, моден стил и голема популарност меѓу меѓународните фанови, особено во Азија и меѓу фановите на сериите BL.Тагови: Бангкок концерт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПобунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)Континуирани пукотници и гласни експлозии одекнуваа низ неколку делови од главниот град на Нигер, Нијамеј, утрово, вклучително и во близина на меѓународниот аеродром и претседателската палата. Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа дека се мобилизирани одбранбените и безбедносните сили. Нападот претставува нова закана за владата на генералот Абдурахамане Тиани, кој ја презеде власта во Нигер со воен удар во 2023 година. تطورات الوضع في النيجر بين روايتين: هجوم إرهابي.. أم انقلاب عسكري؟ استمر إطلاق النار في نيامي حتى شروق الشمس صباح اليوم السبت، بحسب مصادر في العاصمة النيجرية، بعد ليلة من الاشتباكات العنيفة التي تركزت حول مطار ديوري حماني والقاعدة الجوية 101، وامتدت إلى محيط القصر الرئاسي… pic.twitter.com/4oc48iBWzG — عمر الأنصاري | Oumar Alansari (@Oumar_Alansari) August 29, 2026 Бунтовните војници се обидоа да стигнат до претседателската палата Според извори на Ројтерс, во нападот учествувале војници од Уалам, Тере и Дос во југозападниот дел на земјата, каде што нигериските сили претрпеа големи загуби во последните години борејќи се против џихадистите. Безбедносен извор првично ги опиша напаѓачите како „терористи“ и рече дека го нападнале меѓународниот аеродром Диори Хамани и се обиделе да го пробијат безбедносниот кордон околу претседателската палата. Подоцна, AFP, повикувајќи се на безбедносен извор, објави дека „бунтовниците од редовите на вооружените сили“ кои се обиделе да влезат во палатата биле одбиени од претседателската гарда. Сведоците на Ројтерс пријавиле жестока и продолжена престрелка во близина на претседателството. On August 29, at exactly 01:15 local time, gunfire and heavy weapons fire were heard in the direction of Niamey Airport and near the Nigerien presidency. According to preliminary reports, the Islamic State – Sahel Province (ISSP) has launched an assault on the capital. There… pic.twitter.com/QhEw9FWEnC — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) August 29, 2026 Борби и во голема воена база Целта на нападот била и Базата 101, голема воена воздухопловна база веднаш до аеродромот Нијамеј. Бана Вагана Ибрахим, членка на Консултативниот совет на Нигер и пратеничка во парламентот од Алијансата на државите Сахел, објави дека безбедносните сили ја вратиле контролата врз базата. „Уште еден кукавички напад врз Базата 101 и уште еднаш нашите одбранбени и безбедносни сили обезбедија... дека ситуацијата е под контрола“, напиша таа. Сепак, дури и по нејзиното објавување, во близина на аеродромот се слушнале нови експлозии и престрелки. Ројтерс не можеше независно да ги потврди тврдењата дека таму е воспоставена целосна контрола. Според извори на Ројтерс, околу 9 часот наутро, претседателската палата била под контрола на силите лојални на владата, додека државната телевизија наводно паднала во рацете на бунтовниците. Борбите во областа на аеродромот сè уште траеја во тоа време. Оваа информација сè уште не е независно потврдена. Нигер под воена власт од 2023 година Нигер е под воена власт од јули 2023 година, кога армијата го собори демократски избраниот претседател Мохамед Базума. Тијани вети дека ќе ја подобри безбедноста по преземањето на власта, но нападите од исламистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава продолжија. Аеродромот Нијамеј веќе беше цел на џихадистички напади двапати оваа година. Во јануари беше нападнат од Исламската држава во Сахел, а кон крајот на јуни од групата ЈНИМ поврзана со Ал Каеда. Нигер се дистанцира од западните сојузници по државниот удар и ги продлабочи врските со Русија. Заедно со воените власти на Мали и Буркина Фасо, тој го напушти регионалниот блок ЕКОВАС и ја основа Унијата на држави од Сахел. Еден од најголемите светски производители на ураниум Нестабилноста доаѓа и во време кога властите ја заоструваат контролата врз богатите наоѓалишта на ураниум. Нигер има значителни резерви на ураниум, нафта и злато и со години е еден од важните добавувачи на ураниум за европската нуклеарна индустрија. Властите неодамна доделија дозволи за истражување и експлоатација на ураниум, кои претходно им припаѓаа на француската компанија Орано и канадската компанија ГовиЕкс, на државни компании. Ситуацијата во Нијамеј останува нејасна, а властите сè уште не објавија информации за можни смртни случаи или повреди. Тагови: војници Нигер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалХомосексуална фудбалерка потпиша за саудиски клуб- веднаш ги избриша сите слики со сопругата Шпанската фудбалерка и светска шампионка Естер Гонзалез потпиша за саудискиот клуб Ал Кадисија, но нејзиниот трансфер веднаш предизвика контроверзии. Кратко по објавата, Гонзалез ги отстрани сите фотографии со својот партнер и нивната ќерка од социјалните мрежи, што предизвика бројни јавни реакции. Реакции за бришењето на фотографиите Нејзиниот потег предизвика контроверзии, особено меѓу ЛГБТК+ активистите. Тие ја обвинија шпанската фудбалерка дека се согласила на компромис за да живее и работи во земја каде што истополовите врски се забранети со закон. Имаше критики на социјалните мрежи, а дел од јавноста верува дека бришењето на фотографиите е директно поврзано со нејзиното пристигнување во Саудиска Арабија и општествените норми таму. View this post on Instagram A post shared by Esther González (@esthergonzalez) Сепак, самата Гонзалез јавно не објасни зошто ги отстранила фотографиите, ниту потврди дека потегот е поврзан со нејзиниот трансфер. Од објавата за раскинувањето до договорот во Арабија Ситуацијата е уште поинтересна бидејќи Гонзалез го раскина договорот со американскиот клуб Готам ФК пред само еден месец. Во тоа време, таа изјави дека заминува за да се посвети на приватни обврски во Шпанија, што многумина го протолкуваа како најава за подолга пауза од фудбалот, особено откако стана мајка на почетокот на годината. „Готам секогаш ќе остане во моето срце“, рече таа во тоа време. Американскиот клуб, исто така, ѝ посака се најдобро по враќањето во татковината и истакна дека сакаат таа да поминува повеќе време со своето семејство. View this post on Instagram A post shared by Esther González (@esthergonzalez) Но, само неколку недели подоцна, на 23 август, Ал Кадисија објави дека Гонзалез е нивна нова играчка. Таа потпиша договор до летото 2027 година, со можност за продолжување за уште една сезона. Иако точниот износ на договорот не е откриен, некои извештаи велат дека таа треба да заработува барем двојно повеќе отколку во САД, каде што имаше годишна нето плата од околу 560.000 долари. Прва светска шампионка во саудиската лига Гонзалез има исклучително успешна кариера зад себе. Во Шпанија, таа освои трофеи со Леванте и Атлетико Мадрид, а потоа направи голем пробив во Реал Мадрид, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 39 гола во 77 натпревари. Во август 2023 година, таа се пресели во САД и веднаш го освои шампионатот со Готам ФК, а го постигна и решавачкиот гол во финалето против ОЛ Рејн. Во исто време, таа ги постигна најголемите успеси со националниот тим. Со Шпанија, таа го освои Светското првенство во 2023 година и Лигата на нации во 2025 година. Нејзиниот трансфер, исто така, влезе во историјата, бидејќи таа стана првата светска шампионка што играше во Саудиската женска Премиер лига. Овој потег е дел од пошироката стратегија на Саудиска Арабија, која се стреми да привлече познати имиња и во женскиот фудбал. Бразилката Адријана Леал да Силва, Французинката Кеира Хамрауи и Португалката Џесика Силва веќе играат во лигата. Гонзалез ќе биде една од најголемите ѕвезди во Ал Кадисија, но нејзиното доаѓање веќе е обележано со контроверзии што одат подалеку од спортот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40