3Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова
ЗабаваПотегот на шпанскиот премиер ги воодушеви жените ширум светот! (видео)Таа е преслатка, но тој ѝ го украде шоутоВидеото со шпанскиот премиер Педро Санчез и шпанската принцеза Леонор стана мегапопуларно на TикТок. Принцезата Леонор од Шпанија, како престолонаследнична на едно од европските кралства уште од мали нозе го привлекува вниманието на медиумите. Таа денес студира на престижниот универзитет во Британија на кој се школувал и британскиот принц Вилијам. Како престолонаследничка од неа се очекува да служи и војска. Таа и нејзината сестра уште од мали ѝ се познати на јавноста, бидејќи на сите настани ги придружуваат своите родители, кралот Филип и кралицата Летиција од Шпанија. Неодамна, на еден настан, принцезата беше во друштво на својот татко, кралот Филип, и премиерот на Шпанија, Педро Санчез. @edit_serial00 #princessleonor #pedrosanchez ♬ оригинальный звук - edit_seri Во еден момент премиерот се наведна кон неа обидувајќи се да ѝ објасни нешто во врска со програмата што ја гледаа, дискретно покажувајќи со прстот кон она што го објаснува. Иако принцезата беше во фокусот на медиумите, сепак згодниот шеф на шпанската влада на социјалните мрежи ги освои симпатиите на жените, кои согласно коментираа дека тој е исклучително привлечен маж и дека има „поглед што убива“. И додека многу жени воодушевени од него коментираа колку актуелниот шпански политичар е згоден, многу корисници се шегуваа и погодуваа што ѝ рекол на младата Леонор. Инаку, Педро Санчез е на прагот на 6-тата деценија. Неговиот изглед привлекува внимание каде и да се појави, а неговата биографија е доста богата. Бил младински играч на кошаркарскиот клуб „Етудијантес“, а потоа докторирал економија. Тој е генерален секретар на Шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), кон која се приклучил уште во 1993 година. Работел и како професор по економија на универзитетот „Камило Хозе Села“, каде што студирал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЗеленски за прв пат доаѓа во СрбијаУкраинанскиот претседател Володимир Зеленски треба да пристигне во Србија на 8 август на својата прва посета.Оваа информација беше потврдена за Киев Индепендент од висок украински функционер, пишува Киев Индепендент. Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и односите со Западот. Дипломатски односи Русија историски е еден од клучните дипломатски сојузници на Србија, а земјата е исто така во голема мера зависна од рускиот природен гас. Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на воената парада за Денот на победата во Москва минатата година, но оваа година не присуствуваше на церемонијата. Во исто време, Вучиќ ја оствари својата прва официјална посета на Украина во јуни 2025 година и учествуваше на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса. Тој повторно беше во Киев на 15 јули оваа година како дел од делегација на европски лидери по повод Денот на државноста на Украина. Според некои извештаи, Србија индиректно ја снабдувала со оружје Украина, но Вучиќ јавно ги негираше овие тврдења во мај 2025 година. Извор: Индекс.хрТагови: Володимир Зеленски Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамЗаборавете ги џиновските екрани и вештачката интелигенција – возачите го сакаат оваШто најмногу сакаат купувачите кај нов автомобил? Греењето на седиштата е на прво место.Производителите на автомобили сè повеќе инвестираат во напредни технологии и дигитални системи, но истражувањето на „AutoPacific“ покажува дека купувачите сè уште најмногу ги ценат практичните карактеристики што ги користат секој ден. Во анкета спроведена меѓу повеќе од 19.000 возачи кои планираат да купат автомобил во следните три години, дури 47 проценти од испитаниците рекле дека греењето на седиштата е нивната најпосакувана опрема во ново возило, пишува „Motor1“. Веднаш зад него се предните и задните сензори за паркирање (45%) и автоматското сопирање при возење наназад (44%). Исто така, голем интерес постои за електрично прилагодливи предни седишта, помош при промена на лента, адаптивен темпомат со одржување на лента, предупредување за возила што се приближуваат од страна при излегување од паркинг место, безжично полнење на телефон и вградена камера. На листата на најбарани опции се наоѓа и погон на сите тркала, што е важно за 39 проценти од испитаниците. Анкетата, исто така, покажа дека возачите сè повеќе им веруваат на напредните системи за помош. Дури 62 проценти од испитаниците изјавиле дека немаат проблем да го остават својот автомобил да извршува одредени задачи, како што се задржување на возилото во лента или автоматско паркирање. Ова е повеќе отколку во претходните години, што покажува дека довербата во современите безбедносни технологии продолжува да расте. Извор: Б92 Фото: ВИТагови: греење на седишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија воведува ограничувања: Стотици населби под највисоко ниво на предупредувањеЕкстремната топлина и ниското ниво на водата на Дунав предизвикаа проблеми со водоснабдувањето во Унгарија. Ограничувања на водата се воведени во повеќе од 600 населби.Екстремна суша и долготраен топлотен бран сè повеќе ја погодуваат Унгарија, каде што ограничувања на водата за пиење се воведени во стотици населби. Властите предупредуваат дека последиците од високите температури не влијаат само на водоснабдувањето, туку и на енергетската инфраструктура. Според унгарската влада, мерки од прво ниво се воведени во 465 населби, мерки од второ ниво на 151 место, додека најстрогите ограничувања се на сила во 13 населби. Ниското ниво на водата на Дунав е особено загрижувачко. Нивото на реката во Пакш се спушти на само 135 сантиметри, поради што властите преземаат дополнителни мерки за да обезбедат стабилно работење на нуклеарната централа Пакш. Дополнителни лебдечки пумпи се инсталирани на пумпните станици, додека резервни единици се распоредени во пристаништето и на копно за да се обезбеди непречено ладење на објектите. Работната група за одбрана ја разгледува состојбата со снабдувањето со енергија и последиците од недостигот на вода, додека метеоролозите предвидуваат дека екстремните температури ќе продолжат. Највисокото предупредување за топлотен бран, ниво три, би можело да остане на сила, а нов бран на екстремна топлина се очекува од 6 до 11 август. Фото: ВИТагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter