Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
ЗдравјеПостојаното „пукање“ на прстите има долгорочни штетни последициНавиката на крцкање на зглобовите, најчесто во прстите, е доста честа кај многу луѓе. Некои тоа го прават и „несвесно“ - како начин за ослободување од напнатост или, едноставно, поради миг на нервоза. Сепак, тоа може да има и сериозни долгорочни последици, а според некои стручњаци и теории, може, на пр., да се добие и артритис. При крцкање на прстите, на пр., она што всушност се случува е ослободување на гас насобран во синовијалната течност којашто ги подмачкува зглобовите. Оваа течност содржи кислород, азот и јаглерод-диоксид. Со истегнување или свиткување на спојот се создава вакуум што предизвикува создавање меурчиња од гас коишто, всушност, го создаваат тој карактеристичен звук на „пукање“. Некои луѓе, следствено, може да развијат зголемена чувствителност на болка во рацете или во друг дел од телото поради постојаното оштетување на зглобовите предизвикано од оваа навика, пишува босанскиот портал „Кликс“. Иако тоа „пукање“ не е нужно штетно ако е поретко, и не предизвикува веднаш болка, честопати води до долгорочни и долготрајни проблеми со зглобовите и мускулите. Имено, тоа крцкање може да доведе до хронично воспаление на зглобовите. Честото повторување на оваа навика, може да го иритира ткивото. Тоа ги ослабува мускулите и лигаментите околу зглобот, затоа што долгорочно ја менува природната биомеханика на прстот. И, тоа влијае на неговата стабилност. Постојаното оптоварување на зглобовите, исто така, може да го зголеми ризикот од повреди, исчашување или истегнување. Ослабените зглобови се поподложни на оштетување во секојдневните работи. Иако не постојат убедливи докази коишто директно го поврзуваат крцкањето на зглобовите со артритисот, некои доктори веруваат дека прекумерното „пукање“ на прстите може да придонесе за „трошење“, па и кинење на зглобовите со текот на времето. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСо изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.Тагови: Основен суд Кочани Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавкиСобранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки.Спорната одредба се однесуваше на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Со предложените измени се овозможуваше нивно повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати. Досегашното законско решение предвидуваше мандат од пет години, со право на уште еден избор.Тоа значи дека членовите можеа да ја извршуваат функцијата најмногу десет години. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одби да го потпише указот за прогласување на законот токму поради оваа одредба.Таа оцени дека новата формулација е правно непрецизна и остава простор за неограничен број реизбори.Амандманот за бришење на членот го поднесоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачкото мнозинство образложија дека со ова се прифаќаатзабелешките на претседателката. Од СДСМ реагираа дека и тие претходно предложиле исто решение.Опозицијата побара законот да биде повлечен и да се организира јавна расправа за новите измени.За законските измени беа поднесени вкупно 2.158 амандмани.Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно со повремени сончеви периодиВрмето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter