Постепено се нормализира воздушниот сообраќај во Грција – се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања - Канал 5

Постепено се нормализира воздушниот сообраќај во Грција – се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања

Со цел да се гарантира безбедноста на летовите, во моментов се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања од грчките аеродроми и делумно транзитниот сообраќај во три сектори. 

Постепено се нормализира воздушниот сообраќај во Грција – се опслужуваат до 35 полетувања и слетувања

Техничкото прашање, со размер со кој сме соочени за прв пат, продолжува да се истражува, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, откако претпладнево, поради проблем со радиофреквенциите беше затворен воздушниот простор над земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

По неколкучасовен прекин во воздушниот сообраќај, постепено започнаа полетувања, но и слетувања од аеродромите, пред сè од атинскиот, што е и најголем во земјата, каде што имаше доцнења на 75 летови.

Од Службата за цивилно воздухопловство на Грција соопштија и дека за дејствијата за повторно воспоставување на радиофреквенциите продолжуваат во координација со надлежните надворешни институции, додека оперативно службата се координира со европската организација за координација на воздушниот сообраќај (EUROCONTROL).

Од најголемата телекомуникациска компанија во Грција ОТЕ информираа дека откако за проблемот во радиофреквенциите биле информирани од Службата за цивилно воздухопловство, „првичната проверка не покажа технички проблем во колата на ОТЕ“, но и дека се во тесна соработка за да помогнат во утврдувањето на проблемот и изнаоѓањето решение.

Проблемот со радиофреквенциите се појави околу 9.30 часот утрово, а извори од Министерството за транспорт на Грција претпладнево брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на земјата) се соочуваат со проблем, кој се истражува во соработка со надлежни надворешни институции, а со цел апсолутно да се зачува безбедноста на летовите, се опслужуваат само дел од прелетите и воведени се ограничувања на грчките аеродроми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 години

За само две години, Мицкоски и неговата Влада ја задолжија државата со околу 4 милијарди евра нов долг.

Штерјова: Мицкоски за две години направи долг колку половина од задолжувањата за 35 години

Околу 8 милијарди евра се вкупните задолжувања на сите влади во 35 години независна Македонија.

Мицкоски за само две години направи половина од тој долг.

Ова е економска неодговорност - опасно трупање долгови врз грбот на граѓаните.

Ова е темпо на задолжување какво што Македонија не видела во својата историја.

Јавниот долг се движи кон 12 милијарди евра, односно над 65 % од БДП, а каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра.

Овие нови 4 милијарди евра не се ниту за подобрување на стандардот на граѓаните, ниту за мерки за граѓаните и капитални инвестиции, ниту за подобар живот.

Ова се пари кои одат директно на контото на ВМРО ОКГ - во криминалните партиски тендери на Мицкоски и неговата криминална организација.

И додека ја задолжуваат државата со историски размери, граѓаните за две години се соочија со тешка сиромаштија.

Може Мицкоски да раскажува приказни за „трета економија“ во Европа и стабилизирана инфлација колку сака, реалноста што граѓаните ја живеат е сурова.

За само две години општото ниво на цените е зголемено за 7 %. Синдикалната кошничка е постапена за 10.000 денари.

Куповната моќ на граѓаните е трајно намалена.

Статистиката ја гледаат граѓаните преку празниот фрижидер и паричник, високите сметки и поскапата храна.

Вистината е дека Мицкоски ја задолжува државата до плафон, а граѓаните ги остава да живеат од ден за ден.

Четири милијарди евра нов долг за само две години - а граѓаните немаат подобар живот.

Имаат само нови долгови, повисоки цени и понизок стандард.

Ова не е економска политика. Ова е сметка што ВМРО-ОКГ ја испраќа на грбот на граѓаните. И таа сметка допрва ќе стигнува.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР Велес

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.

Од сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР Велес

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите

Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија.

Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.

Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието.

Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите.

Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси.

Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка.

Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија.

„Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер