3Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
ФудбалПостекоглу: На Нотингем му требаше трет гол против Бетис, но тоа не се случиТренерот на Нотингем Форест, Анже Постекоглу, не е задоволен од ремито (2:2) синоќа со Бетис во првото коло од Лигата на Европа.- Нашиот настап беше полн со квалитет, труд и страст. Ова не беше резултатот што го сакавме. Играчите заслужија награда за нивниот добар настап. Ни требаше трет гол, но тоа не се случи. Бетис има играчи кои можат да предизвикаат проблеми, а ние ја плативме цената, изјави Постекоглу на официјалната веб-страница на УЕФА. Во вториот натпревар од Лигата на Европа, Нотингем Форест ќе се соочи со Митјиланд, додека Бетис ќе игра против Лудогорец. Двата натпревари ќе се играат на 2 октомври. Тагови: Нотингем Форест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојкаТрагедија во Богданци- пронајдени се две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка, а неофицијално се работи за убиство и самоубиство на двојката. Според информациите од истрагата на кои се повикуваат дел од медиумите, момчето кое претходно било уапсено за физички напад на девојката во неговиот дом, сега ја убил и ја запалил во автомобил, а потоа и сам си го одзел животот. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за околностите како загинале две лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмерикански маринец загинал за време на воена вежба во ЈапонијаАмерикански маринец починал по инцидент за време на воена вежба на јапонскиот остров Окинава.Оваа информација денеска ја објави „Еј-Би-Си њуз“, а ја потврди и Корпусот на маринци на САД. 3-тата дивизија на маринците издаде соопштение во врска со настанот. „Со голема тага ја објавуваме смртта на еден маринец по инцидент за време на обука во кампот „Шваб“ на Окинава, што се случи на 3 ноември 2026 година“, се наведува во соопштението на дивизијата, пренесе Ројтерс. Фото: ВИТагови: маринец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаЅвезда нема да го пушти Крис Џонс!Старо-новиот грчки кошаркарски великан, ПАОК испрати фантастична понуда во вредност од 3.000.000 евра за плејмејкерот на Црвена ѕвезда, Крис Џонс, објави грчкиот портал SDNA. Сепак, „црвено-белите“ немаат намера да се откажат од еден од своите најдобри играчи. Џонс има важечки двегодишен договор со клубот од Мали Калемегдан и нема дозвола да го напушти тимот. Американецот пристигна во Ѕвезда минатото лето од Хапоел Тел Авив и брзо стана еден од најважните играчи во тимот. Во Евролигата, Џонс има просек од 8,8 поени и 5,9 асистенции. Според тоа, ПАОК ќе мора да побара друго засилување на позицијата плејмејкер.Тагови: Евролигата Црвена ѕвезда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook