Поставена првата мерна станица за квалитет на воздухот во Дебар - Канал 5

Поставена првата мерна станица за квалитет на воздухот во Дебар

За првпат во Дебар почна мониторингот на квалитетот на воздухот, откако благодарение на Општината и Здружението „Регионален центар за одржлив развој и иновации RESET HUB Дебар“, во центарот на градот е инсталиран уред за мерење на квалитетот на воздух

Поставена првата мерна станица за квалитет на воздухот во Дебар

Проектот е реализиран со средства обезбедени од Општина Дебар, во рамки на повикот за финансирање на невладини организации и спортски клубови за 2025 година, кога Центарот доби грант за оваа цел. Првата мерна станица е инсталирана на улицата „Елена Ѓика“, на плоштадот „Скендербег“, и е целосно оперативна со можност за онлајн следење.

Од Регионален центар за одржлив развој и иновации RESET HUB Дебар оценуваат дека ова е многу значаен момент за жителите на Дебар, бидејќи е директно поврзан со зачувувањето на животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот.

-Втората мерна станица ќе биде инсталирана во наредните денови на периферијата на градот, на улицата „Јусуф Гервала“, што ќе ни овозможи да имаме споредбени податоци помеѓу централните и периферните области. Како организација, успеавме да обезбедиме доволно финансиски средства само за два уреди за следење на квалитетот на воздухот. Целта на овој проект е да се обезбедат точни и континуирани податоци за квалитетот на воздухот во нашиот град, така што граѓаните ќе бидат информирани во реално време и ќе се создаде сигурна основа за анализа и јавна свест, посочуваат од Центарот.

Во моментов се мерат следните параметри: PM₂.₅, PM₁, PM₁₀, PM₀.₃ (број на ултрафини честички), CO₂ (јаглерод диоксид), TVOC (вкупни испарливи органски соединенија), NOx (азотни оксиди), температура и релативна влажност.

-Значењето на мониторингот е транспарентност, реални податоци во реално време, поддршка за носење информирани одлуки, подигнување на јавната свест, заштита на јавното здравје. Не можеме да управуваме со нешто што не го мериме. Ова е конкретен чекор кон поздрава и поинформирана заедница во Дебар, нагласуваат од „Регионален Центар за одржлив развој и иновација РЕСЕТ ХАБ Дебар“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со сослушување на сведоци предложени од одбраната денеска во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

.Судењето почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по трагедијата за време на настапот на групата ДНК.

Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска пред Основниот кривичен суд Скопје, а обвинението го застапува тимот од 15 главни обвинители. Опфатени се десетици физички и правни лица за тешки дела против општата безбедност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Зеленски на листата на терористи?

Либија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?

Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“.

Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи.

Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили.

Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија.

„Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони.

Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Сообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова Шапка

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Известување:

Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер