Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев - Канал 5

Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев

Кислородни третмани за побрзо заздравување и регенерација на организмот.

Поставена хипербарна комора во Клиника Жан Митрев

Револуционерната терапија со 100% кислород во хипербарна комора сега е достапна во Клиника Жан Митрев. Современиот третман со вдишување чист кислород при зголемен атмосферски притисок е препорачлив за зацелување и регенерација на организмот како и за постоперативно заздравување, подобрување на спортските перформанси, на когнитивните функции, намалување на динамиката на стареење и стимулирање на долговечноста, за енергија, виталност и релаксација.

При третманот во хипербарната комора пациентот вдишува 100% кислород при зголемен атмосферски притисок и на тој начин природно се забрзува времето на закрепнување и обновување на организмот. Постапката со хипербарната кислородна терапија се одвива со помош на ороназална маска преку која се доставува кислород до секоја клетка од телото.

„Третманот во хипербарната комора е природен метод кој има улога во подобрување на физичките и когнитивните перформанси и се поврзува со повеќе болести и здравствени состојби. Во нормални услови, клетките апсорбираат само 25% кислород, а внатре во хипербарната комора, притисокот го принудува кислородот во белите дробови, крвотокот и клетките, да ги зголеми стапките на апсорпција во клетките. На сите ткива им треба идеално снабдување со кислород за правилно функционирање. Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да се обнови и регенерира, така што хипербаричната кислородна терапија ќе го зголеми количеството кислород што го носи крвта за да ги врати потребните нивоа на гасови во крвта и да ја обнови функцијата на ткивата“, вели д-р Александра Лазаревска.

Хипербарната терапија може да се користи како единствен третман или во комбинација со други медицински конвенционални или алтернативни начини на лекување. Позитивните ефекти од ваква кислородна терапија се видливи при повеќе здравствени состојби и болести како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, по оперативни зафати, во пластичнатахирургија, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, антиејџинг, канцер, итн.

Со зголеменото снабдување на клетките со кислород се подобрува енергетското ниво, се смируваат воспалителните процеси, се зголемува клеточниот метаболизам и се подобрува имуниот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Селин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)

Селин Дион одржа импровизиран настап во Париз за обожавателите кои се собраа пред нејзиниот хотел. 

Селин Дион запеа на улиците на Париз заедно со обожувателите (ВИДЕО)

Пејачката отпеа еден од своите хитови со публиката, а видеото од настанот брзо се прошири.

Дион се појави пред публиката во тесен црн фустан со долг крзнен раб. Додека го пееше својот француски хит од 1995 година, „Pour que tu m'aimes encore“, таа комуницираше со публиката преку гестови и се нишаше во ритамот на музиката.

YouTube video

Концерти по паузата

Пејачката неодамна пристигна во Париз од својот дом во близина на Лас Вегас. Нејзиниот престој не е само одмор, бидејќи овој месец започнува серија концерти во арената „Париз Ла Дефенс“ во Нантер.

Планирани се вкупно 26 настапи за периодот од септември оваа година до мај 2027 година. Тоа е нејзината прва серија концерти откако ја откажа светската турнеја „Храброст“ за 2023 година, бидејќи ѝ беше дијагностициран синдром на вкочанета личност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Иран изврши серија ракетни и напади со беспилотни летала врз американски цели во Јордан, Кувајт, Ирак и Бахреин, како одговор на американските напади врз Исламската Република.

Техеран ракетираше американски бази на Блискиот Исток, САД бомбардираше цели на југот на Иран

Јорданските вооружени сили соопштија дека пресретнале 13 балистички ракети, од кои 10 биле уништени, додека три паднале во оддалечени области. Иранските медиуми претходно објавија за интензивни напади врз јужен Иран по должината на брегот, како и дека најмалку четворица цивили биле убиени за време на свадба во градот Сирик, по нападите на американските сили во близина на Ормутскиот Теснец. Вашингтон негираше дека воено интервенирал врз цивилни цели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер