МакедонијаПоставен камен темелник за изградба на мега-парк во населба РадишаниСе работи за парк кој ќе се протега на 10.000 метри квадратни.Во населба Радишани денеска беше поставен камен темелник за изградба на мега-парк со површина од 10.000 метри квадратни, на кој присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министрите за локална самоуправа и транспорт и врски, Златко Перински и Александар Николовски, како и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Како што истакна Перински, се работи за парк кој ќе се протега на 10.000 метри квадратни, од кои 6.000 ќе бидат зеленило, додека останатите 4.000 метри квадратни ќе бидат пешачки патеки, плоштад и детско игралиште со површина од 400 метри квадратни. – Се работи за мега-парк кој ќе биде центар на случувањето овде во Радишани во иднина, мега-парк кој ќе понуди содржини и за најмалите и за најстарите и содржина која граѓаните изминатите години ја бараа да се реализира. За нас како Влада, ова не се само инфраструктурни проекти, туку доказ и основа за заложбата и посветеноста во насока на реализирање на проекти кои што се од исклучително значење за граѓаните и во таа насока секако и ќе продолжиме, рече Перински. Посочи дека се работи за еден од 12. проекти кои Општината ги има аплицирано во првиот јавен повик. – Ова е еден од 12-те проекти кои Општина Бутел ги аплицираше во првиот јавен повик, досега има поднесено 14 апликации и се надевам дека минимум уште толку во периодот којшто следи ќе поднесам и се надевам дека не само за Општина Бутел, туку за цела територија на државата ќе добие една ренесанса и ќе биде во насока на зголемвуање на квалитетот на сите наши граѓани, посочи Перински. Премиерот Мицкоски му честиташе на градоначалникот Костовски за неговата заложба кон реализирање на проекти кои се во корист на граѓаните и ја нагласи поддршката која што Општина Бутел ја добива од страна на советниците, како и целата администрација во Општината, за, како што рече, сето ова хармонично да функционира. – Да му честитам на градоначалникот, ќе ми дозволите, најпрвин за сето она кое што го прави изминатиов период за жителите во Општина Бутел. Мислам дека Општината со сите оние проекти коишто се реализираа и овие коишто ќе се реализираат или се во фаза на реализација, доживува навистина еден период на препород, нагласи Мицкоски. Градоначалникот Костовски ги посочи и дел од проектите кои Општината ги реализира во моментов. – Веќе во крајна фаза е реконструкција на коритото и изградба на нова пешачка патека, исто така уште еден простор каде што ќе можат да се рекреираат жителите на Општина Бутел, особено граѓаните во Радишани. Исто така, и во тој дел имаме околу 5.000 метри квадратни парковска содржина со зеленило. Би сакал да напоменам дека во моментов во населба Радишани се реконструираат три големи клучни сообраќајници кои се во крајна фаза, рече Костовски.Тагови: Бутел Радишани парк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Истрага за Алта банка мора да има и да се прошири со Алта осигурувањеЗа влезот на Алта бака, пералницата на пари на Вучиќ во Македонија мора да има истрага и одговорност.Откако Мицкоски и Славески ѝ ја отворија вратата на Алта банка во македонскиот банкарски сектор, на Давор Мацура му дозволија да влезе и во осигурувањето, преку преземањето на ЗОИЛ Македонија за околу 1,7 милиони евра. Истрагата мора да се прошири и на осигурувањето. Со кои пари е купено осигурителното друштво, од која сметка се платени и кој го проверил нивното потекло? Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да одговори дали проверила можен судир на интереси, кој учествувал во одлучувањето и дали кон Алта осигурување ги применила истите критериуми како кон другите осигурителни друштва. До СДСМ стигнаа информации од свиркачи дека барањето за преземање на осигурителното друштво било обработено за само два и пол дена. Ако е така, кои проверки се направени за два и пол дена, кој ги направил и врз основа на кои документи е дадена согласноста? Свиркачите наведуваат и дека во трансакцијата наводно посредувала брокерска куќа во сопственост на братот на Дракуловска, претседателката на Советот на експерти на АСО. Дали е ова така? СДСМ бара Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и АСО да ја објават целата документација за двете преземања, со хронологијата на одлучувањето, датумите, мислењата, согласностите и имињата на лицата што учествувале во носењето на одлуките. СДСМ бара истрага од првиот ден. Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за спас преку продажба на банката. Сакаат да се спасат себе си. За ВМРО-ОКГ и Мицкоски, единствениот спас е преземањето на банката за да не се отворат сметките и да не се проверат трансакциите. Обвинителот Савески да престане да чека и да постапи по закон, независно. Скопје, 24.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПочина митрополитот Бачки Иринеј БуловиќБачкиот митрополит Иринеј Буловиќ почина по тешки здравствени компликации, дознаваат „Новости“. Овој долгогодишен архиереј на Српската православна црква се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица. Во изминатите неколку дена, тој беше во многу тешка здравствена состојба и се лекуваше на Институтот за онкологија на Војводина во Сремска Каменица, пренесуваат „Новости“. Митрополитот Иринеј беше во индуцирана кома по сериозни здравствени компликации што настанаа по операцијата, а беше и приклучен на апарат за вештачко дишење. Српската православна црква претходно ги повика верниците да се молат за негово оздравување. „Ве повикуваме да упатите усрдни молитви кон Господ и кон Богородица за оздравување на бачкиот митрополит, г. Иринеј“, се наведува во соопштението на СПЦ на социјалните мрежи. Архиерејот Иринеј, епископ новосадски и митрополит бачки, беше на чело на Бачката епархија од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВидео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредениУтринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици. Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот. View this post on Instagram A post shared by Kragujevčani (@kragujevcani.rs) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00