Поставен камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, треба да биде готов за 4 години - Канал 5

Поставен камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, треба да биде готов за 4 години

По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце.

Поставен камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце, треба да биде готов за 4 години

По повеќе од две децении во најава, попладнево беше „удрен“ темелот на автопатот Скопје – Блаце, стратешката делница која треба да ја зајакне инфраструктурната врска и сообраќајната безбедност кон и од Косово, граничен премин кој годишно го минуваат 54.000 камиони. Ваквите проекти се владин приоритет, и ќе донесат сериозен бенефит за граѓаните, како и иднина за младите, порача премиерот Христијан Мицкоски. Неговиот колега, косовскиот премиер Албин Курти, кој беше присутен на поставување на камен темелникот пак посочи инвестицијата ќе влијае врз економскиот развој и животот на граѓаните од двете земји.

-После нешто повеќе од 20 години овој проект станува реалност. Ветување кое што беше дадено на почетокот на оваа Влада, беше дел од клучните приоритети на работата на оваа Влада и очекувам многу скоро од денеска да видиме значителен прогрес на работите на терен и во рекордно време да биде овој проект реализиран. Од особено значење ќе биде за нашите две земји, Косово и Македонија, за граѓаните помеѓу двете земји ќе значи подобра економија, подобро поврзување, подобар транспорт, подобра размена, нешто што претставува со исклучително важен атрибут, особено во 21 век. - Христијан Мицкоски – Претседател на Влада

-Ќе се олесни протокот и ќе се создадат нови можности за соработка, за граѓаните и економиите на нашите две земји, ние сме две држави кои имаат висок проток на граѓани од двете страни на границата. Семејствата, студентите, работниците, професионалците и нашиот бизнис се движат секој ден помеѓу Косово и Македонија.- Албин Курти – Премиер на Косово

Механизацијата е веќе на терен, а изградбата на автопатот ќе биде сложен процес оти теренот е ридско-планински. Предвидени се виадукти, бројни мостови, галерии, потпорни ѕидови и тунели. Во двата правци ќе има по две коловозни ленти и по една помошна, а целосната ширина ќе биде околу 27 метри. Повеќе од половина од експропријацијата е завршена, а процесот се очекува да се заокружи за еден месец. Целта е Македонија да стане инфраструктурно срце на Балканот, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски.

-Автопатската делница од 10,5 километри, исклучително тежок терен, ќе имаме пет тунели, четири галерии, 11 моста. Иако делницата во километри делницата е кратка, доста е комплицирана, но со завршувањето на оваа делница ќе имаме целосно автопатско поврзување помеѓу Скопје и Приштина, но исто така го отвораме Скопје и Македонија кон најмалце две пристаништа, ова е алтернативно поврзување со пристаништето Драч, но исто така и со поврзување со пристаништето Бар. - Александар Николоски – Вицепремиер/ Министер за транспорт

На поставувањето на камен темелникот беше присутен речиси целиот државен врв, како и европски делегации. Проектот се финансира од ЕБОР со 167 милиони евра, а земен е и грант од околу 30 милиони евра од рамката на Западен Балкан. Со изградбата, овој пат ќе се поврзе директно со автопатот до Приштина, кој е веќе направен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно и посвежо

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд во северните делови, кои на повисоките планини ќе преминуваат во повремени врнежи од снег. 

Утре променливо облачно и посвежо

Ќе дува умерен до засилен, наместа повремено силен ветер од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо со услови за врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од утре ќе преовладува променливо облачно време, освен во северните делови каде ќе има услови за појава на врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, а денес и утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен северозападен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар.

Актерката Соња Михајлова добитничка на наградата „4-ти Ноември“ за животно дело

По предлог на НУ Народен театар – Битола и директорот Васко Мавровски, доајенката на македонската театарска сцена, актерката Соња Михајлова, е годинешна добитничка на највисокото општинско признание „4-ти Ноември“ за животно дело, што Општина Битола традиционално го доделува за Денот на ослободувањето на градот.

Михајлова е актерка со богат репертоар, со десетици улоги кои оставиле траен печат во македонскиот театар. Нејзината преданост, длабочината на интерпретација и неуморната љубов кон сцената ја врежаа не само во историјата на Битолскиот театар, туку и во колективната меморија на македонската културна јавност.

Михајлова е родена на 14 октомври 1958 во Битола. По завршувањето на средното образование во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола, се запиша на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што дипломира во класата на проф. Љубиша Ѓоргиевски. Вработена е во Народниот театар од Битола од 1984 година, а се пензионира во 2022 година.

Таа сѐ уште е активна на својата најсакана сцена – Битолскиот театар. Првенка е во ансамблот на НТБ, ангажирана низ годините во водечкиот репертоар на НТБ, со исклучителен придонес во афирмација на НТБ и македонскиот театар надвор од нашата земја. Во текот на актерската кариера има одиграно повеќе од 150 лика, на матичната сцена на Народен театар Битола и надвор од неа, во претстави и театарски дела.

Во Образложението на НУ Народен театар Битола при поднесувањето на предлогот до Општина Битола се вели:

„Со особена чест нашата институција ја предлага Соња Михајлова, пензионирана актерка и првенка на НУ Народен театар – Битола, за Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело за 2026 година, што ја доделува Општина Битола. Во повеќедецениската кариера, Михајлова – како еден од столбовите на нашиот театар – изгради препознатлив актерски потпис: прецизна техника, суптилен емоционален актерски сензибилитет и моќна сценска естетика, сето тоа благодарение на нејзиниот професионализам, талент и креативност. На битолската сцена и на гостувањата низ земјата и во странство, каде што ја претставува културата и уметноста на нашата земја, а со тоа и мајмногу на градот Битола, таа одигра околу 150 значајни улоги во класичниот и современиот драмски репертоар само на битолската сцена, работејќи со домашни и светски режисери (САД, Русија, Холандија, Бугарија) на делата на Шекспир, Чехов, Достоевски, Горки, Лорка, Лопе де Вега, Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Владимир Костов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Дејан Дуковски и многу други. Од репертоарска година (2024/25), за споменување се претставите „Куфер“ и „Жиголо“ (режија: Благој Мицевски) и „Едмонд“ (режија: Оливер Мицевски), со кои таа продолжи да работи, а со тоа ид влијае врз естетиката и стандардите на македонскиот театар. Нејзиниот опус е валоризиран со истакнати признанија и награди, меѓу кои и Наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“, како и бројни награди на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на ИФАД „Стоби“, на „Охридско лето“ и други.

Паралелно со сценските остварувања, Михајлова дава пример за професионализам и менторска поддршка на помладите генерации, освојувајќи ја публиката и поттикнувајќи го развојот на македонската култура како носителка на културни вредности и обележје на театарската историја. На филмските и телевизиските гледачи им е позната од „Бушавата азбука“, „До балчак“, „Кајмак“ и други проекти.

Имајќи го предвид нејзиниот остварувачки опус, нашата институција – НУ Народен театар – Битола – смета дека, поради уметничката зрелост, 42-годишната кариера во континуитет, посебните резултати и културниот и уметнички печат што го остави зад себе, Соња Михајлова е исклучително достојна лауретка на Наградата „4-ти Ноември“ за животно дело. Убедени сме дека ова признание ќе ја верификува нејзината долгогодишна посветеност и ќе го потврди значењето на нејзиниот творечки пример во нејзиниот град – на матичната битолска сцена, пред битолската публика – како составен дел од македонската и светската сцена“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград

Вучиќ синоќа го призна изборниот пораз. 

Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград

Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер