Постариот брат на НБА ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ, Страхиња заврши во затвор - Канал 5

Постариот брат на НБА ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ, Страхиња заврши во затвор

Братот на најдобриот НБА центар Никола Јокиќ, 37- годишниот Страхиња е притворен поради напад на жена.

Постариот брат на НБА ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ, Страхиња заврши во затвор

На жената не и дозволил да излезе од станот, ја давел, но таа нашла начин да ја повика полицијата.

Според „Денвер пост“ кој се повикува на извештајот на полицијата Страхиња Јокиќ е уапсен во Денвер поради сомнение дека нападнал, турнал и давел жена.

Страхиња бил во станот со една жена, таа во еден момент сакала да го напушти апартманот, но тој грубо ја задржал и не и дозволил да замине, се наведува во документот од полицијата во кои медиумите имале увид.

Тогаш жената излегла на балкон и почнала да бара помош, но постариот Јокиќ грубо ја повлекол и почнал да ја дави. Наводно и рекол дека „ќе ја дави се додека не заспие“.

Жената потоа се обидела да повика полиција, но Страхиња и го одзел телефонот. Сепак упорната жена успеала да испрати порака од компјутер до еден свој пријател кој веднаш ја алармирал полицијата. Полицијата пристигнала и го уапсила Страхиња Јокиќ.

-Канцеларијата на окружниот обвинител во Денвер го прифатила обвинението за овој напад, изјавила за медиумите портпаролката на обвинителството Каролин Тејлор, пренесуваат српските медиуми.

Постариот брат на НБА ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ, Страхиља заврши во затвор

Братот на најдобриот НБА центар Никола Јокиќ, 37- годишниот Страхиња е притворен поради напад на жена. На жената не и дозволил да излезе од станот, ја давел, но таа нашла начин да ја повика полицијата.

Според „Денвер пост“ кој се повикува на извештајот на полицијата Страхиња Јокиќ е уапсен во Денвер поради сомнение дека нападнал, турнал и давел жена.

Страхиња бил во станот со една жена, таа во еден момент сакала да го напушти апартманот, но тој грубо ја задржал и не и дозволил да замине, се наведува во документот од полицијата во кои медиумите имале увид.

Тогаш жената излегла на балкон и почнала да бара помош, но постариот Јокиќ грубо ја повлекол и почнал да ја дави. Наводно и рекол дека „ќе ја дави се додека не заспие“.

Жената потоа се обидела да повика полиција, но Страхиња и го одзел телефонот. Сепак упорната жена успеала да испрати порака од компјутер до еден свој пријател кој веднаш ја алармирал полицијата. Полицијата пристигнала и го уапсила Страхиња Јокиќ.

-Канцеларијата на окружниот обвинител во Денвер го прифатила обвинението за овој напад, изјавила за медиумите портпаролката на обвинителството Каролин Тејлор, пренесуваат српските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувања

Додека секое барање на официјална Софија поврзано со Бугарите во Македонија се претставува како прашање за човекови права, барањата за регистрација на здруженијата на Македонците во Бугарија се третираат како „техничко прашање“. 

Јотова бара да не се поврзуваат технички барања со политички толкувања

Ова меѓудругото произлегува од пораките што ги упатила бугарската потпретседателка Илијана Јотова на средбата со генералниот директор за човекови права и владеење на правото при Секретаријатот на Советот на Европа, Џанлука Еспозито.

На состанокот кој се оддржал на 3 јули во Софија присуствувал и раководителот на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права, Фредерик Долт. Во кусото соопштение од кабинетот на Јотова се наведува дека една од главните теми биле пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметите „ОМО Илинден против Бугарија“.

„За време на средбата беше разговарано за конструктивниот дијалог и за ангажираноста на нашата земја во исполнување на одлуките на Европскиот суд за човекови права во групата на дела „ОМО Илинден против Бугарија“. Претседателката го проследи развојот на ова прашање од 2006 година до денес и укажа на интензивниот и долготраен надзор од страна на Комитетот на министри.

Во исто време се очекува дека наскоро ќе заврши и надзорот врз извршувањето на пресудите, имајќи ги предвид напорите што ги вложила Бугарија и спроведените мерки за либерализација на постапката за регистрација. „Неприфатливо е техничките барања да се поврзуваат со политички толкувања“, се вели во соопштението по средбата од трети јули. – Кабинет на претседател на Република Бугарија.

Коментирајќи ја неодамнешната средба на бугарскиот државен врв со претставниците на Советот на Европа, Стојко Стојков од ОМО „Илинден Пирин“ вели дека Комитетот на министри мора да покаже и изврши одреден притисок во насока дека се преземени чекори во однос на пресудите за македонските здруженија во Бугарја, но во пракса за Софија тоа не мора да значи ништо.

- Основна цел на Бугарија е да го затвори надзорот на Комитетот на министри за извршување на пресудите.Сите овие организации и сите овие случаи и пресуди, кои се однесуваат на тоа што организацииите не можат да се регистрираат, практично да бидат прогласени за извршени, без притоа ниту една од организациите да не биде регистрирана.

Тоа е она што Бугарија се обидува да го направи подолг временски период. Вистинската причина за нерегистрацијата е многу јасна, како што очигледно наведува и Комитетот на министри – тоа е маргинализација на Македонците – вели Стојков.

И покрај најмалку 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права, Официјална Софија сѐ уште не овозможила регистрација на ОМО Илинден–Пирин, поради што случајот останува под надзор на Советот на Европа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателски избори во франција во 2027

Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателските избори во Франција следната година, откако денеска ѝ беше намалена забраната за вршење јавна функција.

Марин Ле Пен потврди дека ќе се кандидира на претседателски избори во франција во 2027

Таа најави жалба на одлуката да носи електронска нараквица една година откако Апелацискиот суд во Париз ја потврди ланската пресуда за обвиненијата за проневера на европски пари.

Таа ја отфрли можноста да му ја предаде кандидатурата на лидерот на партијата, жордан бардела. „нема такво сценарио. Тука сум вечерва за да објавам дека ќе се кандидирам на изборите во 2027“, рече Ле Пен на француската телевизија. Тоа ќе биде нејзиниот четврти обид да стане претседателка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица.

ЈО: Поднесено обвинение за Еуростандард Банка АД Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против три лица кои се товарат дека сториле по едно кривично дело – Предизвикување стечај на банка од член 181 став 1 од Кривичниот законик, како и обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителниот акт, првообвинетиот како претседател на Управниот одбор и член на Кредитниот одбор, второобвинетиот како претседател на Кредитниот одбор и третообвинетиот како претседател на Одборот за управување со ризици и член на Управниот одбор, во периодот од 2013 до втората половина на 2019 година, постапувале спротивно на одредбите од Законот за банките и интерните акти на банката. Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, придонеле за значително влошување на финансиската состојба на Еуростандард Банка АД Скопје. Со ваквото постапување придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари.

Според обвинителниот предлог, четвртообвинетиот, во својство на претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард Банка АД Скопје, во периодот од 2013 до 2019 година, со несовесно вршење на своите овластувања и пропуштање на должен надзор, постапувал спротивно на обврските утврдени со Законот за банките. Со тоа овозможил одобрување на нефункционални кредити, преземање прекумерни кредитни ризици, неточно прикажување на финансиската состојба на банката и непочитување на законските и интерните процедури при кредитирањето, со што придонел за создавање видлива несолвентност, намалување на сопствените средства на банката и нејзино доведување во стечај по сила на закон, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер