Последните истражувања покажуваат дека Обама лесно би го победила Трамп ако сега има избори - Канал 5

Последните истражувања покажуваат дека Обама лесно би го победила Трамп ако сега има избори

Расте притисокот врз Џо Бајден, претседателот на Соединетите Американски Држави, да се откаже од својата кандидатура по неговиот слаб настап во дебатата со Доналд Трамп минатата недела.

Последните истражувања покажуваат дека Обама лесно би го победила Трамп ако сега има избори

Во овој контекст, објавени се и резултатите од анкетата во хипотетичката пресметка меѓу Мишел Обама, поранешната прва дама на САД, и Трамп, на изборите што ќе се одржат во првиот вторник во ноември.

Како што објави „Ју-Ес-Еј Тудеј“, резултатите од анкетите на јавното мислење покажуваат дека сопругата на Барак Обама лесно би го победила Трамп и би станала првата жена претседателка во американската историја.

Истражувањето беше спроведено од Ројтерс/Ипсос во текот на први и втори јули. Според него, 50 отсто од регистрираните гласачи би ја поддржале Мишел Обама, додека 39 отсто би гласале за Трамп. Вкупно 11 отсто од испитаниците рекле дека нема да гласаат, не знаат или ќе гласаат за трет кандидат.

Во истражувањето, хипотетичкиот Трамп ги имаше Гавин Њусом, гувернерот на Калифорнија, Гретчен Вајтмер, гувернерот на Мичиген, Енди Бешер, гувернерот на Кентаки и Џ. Б. Прикер, гувернер на Илиноис. Во секоја од овие конфронтации, Трамп убедливо ги победи влијателните демократи.

Интересно е што овие четири имиња се споменуваат како најверојатни на крајот да го заменат Џо Бајден како кандидат на Демократската партија. Во анкетата учествувале 1.070 испитаници.

YouTube video

56 отсто од нив се изјасниле дека Бајден треба да се откаже од својата кандидатура, по лошиот впечаток што го остави на дебатата со Доналд Трамп, која се одржа на 27 јуни во Атланта, главниот град на Џорџија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

Поминаа 20 дена откако пукна скандалот со Алта банка во Македонија. Помина и цела недела откако СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица.

Јон Фрчкоски: 20 дена од скандалот со Алта банка, една недела од кривичната пријава – Обвинителот Савески молчи!

А од јавниот обвинител Ненад Савески – молк.

Граѓаните не можат да дојдат до своите пари. Пензионерите не можат да си ги подигнат пензиите. Банкарскиот систем е загрозен.

Не се знае дали е отворена истрага за Алта банка? Дали се повикани Славески и Мицкоски да дадат исказ заради тоа што ја донеса пералницата на пари на Вучиќ во Македонија?

Обезбедни ли се документите со кои Славески дал согласност Алта да влезе во Македонија? Проверени ли се сметките и трансакциите?

Граѓаните бараат одговорност од сите што ѝ ја отворија вратата на пералницата на пари на Вучиќ.

Во Србија на големо се постапува. Отворена е истрага. На банката ѝ е одземена дозволата и таа е во стечај. Сопственикот Мацура е уапсен, се истражуваат речиси 400 милиони евра.

Од вчера се блокирани и сметките на неговата Алта груп, а Алта лизинг остана без дозвола за работа.

Само во Македонија сè уште чекаме и ништо не се презема.

Во меѓувреме, Мицкоски и Славески, истите што ја внесоа Алта во Македонија, сега брзаат да ја продадат.

Ако на аукцијата нема купувач, цената ќе паѓа. Прво никој нема да се јави, па на крај ќе ја продадат за џабе. Тоа е моделот. А потоа истата банда ќе го обвини СДСМ и за ниската цена. Познат арамиски манир.

Дали со брзата продажба се прави обид да се обезвредни банката и да се заташкаат сметките и трансакциите?

Кој ќе купи банка во ваква состојба? Што ако од српска страна се оспори продажната цена и се поднесе тужба? Повторно сметката македонските граѓани ќе ја плаќаат.

Институциите мора да реагираат сега и да ги заштитат граѓаните на Македонија.

Савески мора да го прекине молкот и да постапи независно и по закон.

Секое одложување им дава можност на Славески и Мицкоски да го заташкаат случајот, да се уништат докази, записи за трансакции, сметки.

Ако Мицкоски му врши притисок, по телефон или на кој било друг начин, Савески нека го каже тоа јавно и нека го одбие.

Времето одминува, доколку Савески не постапи ќе стане соучесник, тоа мора да му биде јасно.

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови

 Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови, префрлена нова транша од Буџетот кон Развојната банка.

МФ: Над 240 милиони евра поддршка за домашните компании од Владата по поволни услови

Нови 45,2 милиони денари се префрлени од Централниот буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестиции коишто ги реализираат домашните компнаии.

Вкупната поддршка којашто Владата досега ја реалираше во приватниот сектор преку оваа мерка изнесува 14,9 милијарди денари или 242 милиони евра и има значајно влијание врз реализација на приватни инвестиции и поддршка за економската активности. Во Буџетот за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 250 милион евра. Првата транша од Буџетот кон Развојната банка и домашнтие компании Министерството за финансии ја реализираше во март минатата година.

Средстава Владата ги обезбеди Владата од унгарската Експорт-импорт банка со цел поттикнување на инвестициски циклус во приватниот сектор и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат преку Развојната банка и деловните банки до крајните корисници – домашните компании по поволни услови со каматна стапка од 1,95% и рок на отплата до 15 години со грејс период до 3 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград

Белградската полиција трага по непознати сторители кои провалиле во куќа во централниот дел на градот и однеле метален сеф во кој, според пријавата на сопственикот, имало околу 100.000 евра во готовина и неколку рачни часовници.

Украден сеф со 100.000 евра на 76 годишник од Белград

Кражбата била пријавена вчера околу 15 часот, откако 76-годишниот сопственик на објектот забележал дека неговиот дом бил ограбен и дека металниот сеф што го чувал во куќата исчезнал.

Според неофицијалните информации, при полицискиот увид биле забележани оштетувања на вратата во ходникот, која води кон дворот, како и на самиот влез во објектот...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер