Паника на концерт на познат рапер: 12.000 луѓе бегаат од арената во Манчестер, над 50 побарале лекарска помош (ВИДЕО)
2Паника на концерт на познат рапер: 12.000 луѓе бегаат од арената во Манчестер, над 50 побарале лекарска помош (ВИДЕО)
ЖивотПоследниот затвореник од Голи Оток: Дојдов како робијаш, а сега заработувам од островот како туристички водичНикогаш не заминав од Голи оток, тој остана во мене, тоа е болка која не минува. Мене ми изгледа како до вчера да бев затворен тука“, раскажува и се потсетува како политиката иронично си поиграла со нив, со „логорашите“.На Голи оток нема херои. Хероите завршија во гробови. Јас не сум херој. Само го преживав. Таму не може да се биде херој со оглед на тортурата што владееше. Островот е создаден за тие што казнуваат да ги испитуваат и тепаат тие што се донесени се додека не се преобратат. Не не пуштаа дома се додека не го сфатевме тоа – раскажува Владо Бобинац. Бобинац има 90 години. Еден е од околу 4 илјади поранешни затвореници од Голи Оток. Пензиониран професор по историја кој живее на Крк и се уште работи како водич кој самоиницијативно, волонтерски и вонинституционално на туристите на сосема необичен начин им ја доловува судбината на затворениците од островот. Иако годините му натежнале, духот и здравјето се уште го служат, па и по најголемите жештини пешачи низ островот и ја раскажува својата судбина на љубопитните гости. На прашањето дали не е трауматизирачки повторно да се враќа на местото од кое после 2,5 години заточеништво излегол со само 46 килограми, тој одговара. „Никогаш не заминав од Голи оток, тој остана во мене, тоа е болка која не минува. Мене ми изгледа како до вчера да бев затворен тука“, раскажува и се потсетува како политиката иронично си поиграла со нив, со „логорашите“. Кога во 1949 година почнала хајката на Информбирото, Владо Бобинац бил на загребскиот Филозофски факултет,студент по историја. До Голи оток не го довеле радикални политички акции, туку две едноставни човечки реакции. Неговиот грев бил тоа што како претседател на народната студентска младина не сакал да ги бојкотира колегите кои партијата ги прозвала како симпатизери на Сталин. „Јас одбивав да ги спроведам наредбите за нивно исклучување и му напишав писмо на секретарот на КП дека не можам тоа да го сторам и додадов уште една работа, реторичко прашање дека размислувам каде е вистината. Тоа им се виде премногу, веднаш ме повикаа на партиски разговор, сакаа да ме премислат и да отстапам. Кога на еден од партиските состаноци го земав статутот од кој го цитирав правото на демократско изјаснување сите почнаа да фрчат и ме исфрлија од партијата“, раскажува Бобинац. По овој настан тој сретнал еден сосед кој се вратил од Голи оток на кој му рекол: „Имаш семејство, немој да мислиш засега на тоа“. Следниот ден бил повикан на информативен разговор. „Моите зборови ги сфатиле како политичка порака. Ме однесоа во соба со многу светло, офицер од Удба ми даде пенкало, ме затвори и ми нареди да напишам дека сум виновен. Кога се врати и ја виде празната хартија почна да ми се обраќа со погрдни зборови“, раскажува тој во интервјуто за Јутарњи лист. Експресно бил осуден на казна од 24 месеци која предвидувала социјална работа и бил пратен на Голи оток. Неговата мајка не знаела каде и е синот. А и кога се вратил, по две и пол години, постојано молчел. Есента 1951 година Бобинац, како што вели тој, останал без име и презиме, добил прекар Бандит – така ги нарекувале сите повратници од Голи оток. „Ние, луѓето кои бевме испратени таму, дојдовме до сознание, ако некој сака да опише како изгледа немоќта во политичкиот систем, не мора да оди до Сибир, искуството на Голи оток е доволно. Денеска кога ќе се најдеме имаме непишано правило, никогаш не спомнуваме што се случуваше таму. Секој од нас беше виновен, бевме приклештени и како жртви и како мачители. Од почит молчиме. Споменуваме само еден човек од таму, тоа е доктор Никола Николиќ. Лекар, казнет на Голи оток кој им помагаше на сите што стигне и по цена на сопствениот живот – кога ќе тепаа некој до смрт, тој го подметнуваше неговиот грб за да го спаси“, ја завршува приказната Бобинац.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
ФудбалНеверојатна победа на шпанските фудбалери- на Мундијалот за млади постигнаа резултат од 15:0 Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА.Многумина можеби очекуваа шпанската репрезентација до 17 години да доминира над Фиџи во второто коло од Групата Х на Светското првенство до 17 години на ФИФА, но никој не очекуваше „Црвената фурија“ да слави со неверојатни 15:0! Шпанците, кои имаа гол-разлика од 20:0 по две кола, веќе водеа со 6:0 до полувремето. И не е ни чудо кога во својот состав имаат седум играчи од младинските категории на Барселона, по три од Атлетико и Реал Мадрид, но и од Селта, Жирона, Атлетик Билбао... Апсолутно доминантен играч на овој натпревар беше Рафаел Круз од Лас Палмас, кој постигна шест гола, додека Роберто Томас и Гилермо Трухиљо го проверија противничкиот голман по три пати. Интересно е што ова не е апсолутен рекорд и најубедлива победа на Мундијалот до 17 години, бидејќи Мароко успеа да ја победи Нова Каледонија со 16:0 минатиот ноември. Шпанската репрезентација е еден од главните фаворити за победа на ова натпреварување, па ќе видиме во остатокот од натпреварувањето дали ќе ја одржат оваа монструозна форма.Тагови: Мундијалот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПо девет години егзил, екс каталонскиот претседател Пуџдемон може да се врати во Шпанија Кривичниот совет на шпанскиот Врховен суд во понеделник одлучи да ја прекине постапката за наводното кривично дело проневера против поранешниот претседател на Каталонија, Карлес Пуџдемон.Истата мерка важи и за поранешните министри за здравство и култура, Тони Комино и Луис Пуџ, според пресудата што ја виде RTVE. Судската постапка против Пуџдемон и двајцата поранешни министри е прекината девет години по нивното бегство во Белгија и претставува последен чекор што им овозможува да се вратат во Шпанија кога сакаат и да се кандидираат на избори. Судот ја прогласи постапката за завршена две години откако стапи во сила законот за амнестија. Врховниот суд во пресудата го потврдува крајот на истрагата што веќе ја издаде истражниот судија Пабло Љарена на 3 ноември. Љарена веќе ги укина налозите за апсење што беа во сила во октомври.Тагови: Карлес Пуџдемон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
АвтомобилизамЗапре производството во Мерцедес поради штрајк- работниците бараат повисоки платиРаботниците од германската метална и електроиндустрија денеска излегоа на еднодневен штрајк во 19 компании на северот на земјата, кој ќе трае 24 часа. Организаторот на протестот, синдикатот ИГ Метал, бара зголемување на платите за пет проценти и дополнителни гаранции за вработените. Производството е целосно суспендирано и во фабриката на Мерцедес во Хамбург, каде производните линии беа прекинати вчера во 22 часот, пишува Тагешау. Претставникот на синдикатот изјави дека никој не дошол да работи во фабриката, а во фабриката имало само обезбедување. Бран прекини на работа се шири низ Германија Денешните акции се дел од поширокиот бран протести што ја тресе германската економија: Масовни протести во петокот: Според синдикатот ИГ Метал, повеќе од 150.000 вработени во околу 100 компании ширум Германија ја прекинале работата во петокот, вклучително и околу 70.000 работници во Баварија. Нови штрајкови денеска: Освен на северот на земјата, за денеска се најавени нови прекини на работа и во Берлин и Бранденбург Клучен сектор на економијата: Металната и електричната индустрија во Германија вработува околу 3,7 милиони луѓе и вклучува стратешки гранки како што се автомобилската индустрија, машинското инженерство, електроиндустријата и производството на метали. Што бара синдикатот, а што нудат работодавците? Како што пренесува „Виршафтсвохе“, „ИГ Метал“ бара зголемување на платите за пет проценти од ноември, како и гаранции за зачувување на работните места, како и посебни мерки за вработените со најниски примања. Работодавците, од друга страна, нудат многу поскромна понуда: Еднократна исплата во јули 2027 година, без обврзувачки карактер. Трајно зголемување на платите за 1,3 отсто, но само од летото 2028 година. „Синдикатот ја поттикнува деиндустријализацијата“ Претставниците на работодавачите силно ја критикуваа одлуката за штрајк, предупредувајќи дека дополнителните трошоци и прекините во производството може да го забрзаат кратењето на работните места во индустријата која веќе се соочува со сериозни проблеми. Претседателот на здружението на металната и електроиндустријата на Северна Рајна Вестфалија, Арнт Кирхоф оцени дека ескалацијата на протестот е прекумерна и непропорционална, додека неговиот колега од Баварија Бертрам Бросарт предупреди дека синдикатот ја поттикнува деиндустријализацијата со вакви потези наместо со закрепнување на домашното производство. Тагови: мерцедес штрајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28