Последниот твит на сестрата на Џулија Робертс: Само да знаете, таа е к...а! - Канал 5

Последниот твит на сестрата на Џулија Робертс: Само да знаете, таа е к...а!

Три недели пред да почине од предозирање, помладата сестра на Џулија Робертс Ненси Моутс, постирала твит во кој за својата сестра вели дека е „кучка“.

Последниот твит на сестрата на Џулија Робертс: Само да знаете, таа е к...а!

Rage: Nancy Motes, tweeted under her husband-to-be's last name online. This vitriolic attack is believed to be against her half-sister, Julia Roberts and happened a little more than a month before she died


Потоа продолжува - вели дека Џулија е сурова и прашува - дали сакате да бидете фан на некој толку суров? Не е ни толку добра актерка!- пишува Ненси.


Pain: Nancy Motes is also believed to have launched these attacks on the star of Pretty Woman and Mystic Pizza - calling her cruel and blaming her for causing her rage despite her best efforts to remain calm

Во еден од твитовите од октомври 2013 Ненси вели дека нема никаква поддршка од семејството.

- Срамота е да имате повеќе поддршка од странци отколку од семејството. Одвај чекам официјално да припаѓам на друго семејство.

Ненси Моутс (37) пред два дена е пронајдена мртва во када, од предозирање со лекови. Полицијата верува дека се работи за самоубиство, иако ќе почека на конечните резултати од обдукцијата и од токсиколошките анализи.

На 17 мај годинава Ненси требало да се омажи со својот вереник Џон Дилбек.


Different name: Nancy Motes used her husband-to-be (left and right with Nancy) John Dilbeck's last name for her Twitter handle name and in a series of posts from October onwards appeared to launch into assaults on her half-sister Julia Roberts


RadarOnline по објавата на датумот за венчавката, цитираше свој извор дека Џулија Робертс нема да присуствува бидејќи не и се допаѓа зетот, а и нема намера да плаќа за целата церемонија.

Не се знае дали пред смртта на Ненси, таа и Џулија успеале да го поправат односот./ извор: Дејли меил

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Светската музичка ѕвезда, Мајли Сајрус се омажи. Се запознале на состанок на слепо, а сега тајно го кажале судбоносното „да“.

Фото: Мајли Сајрус на тајна венчавка стапи во брак

Мајли Сајрус и Макс Морандо се венчаа на интимна церемонија на 21 ноември.

Мајли Сајрус и Макс Морандо официјално го кажаа судбоносното „да“. Како што пренесува порталот „Entertainment Tonight“, парот стапи во брак на 21 ноември во Палм Спрингс.

Во јавноста протекоа многу малку детали за самата церемонија, што не е изненадувачки со оглед на тоа што подготовките ги чуваа подалеку од очите на медиумите.

Извор близок до парот уште во март 2026 година за списанието „People“ откри дека тие не сакаат голема прослава, туку сонуваат за „помала и поинтимна“ свеченост.

„Мајли имаше свои замисли за тоа како сака сè да изгледа, но не планираше некаков огромен, традиционален настан. Макс е исклучително повлечен и едноставно не е таков тип на човек. Нивната венчавка беше замислена како нешто помало, што ќе има посебно значење за нив двајцата, а не како голема холивудска продукција“, изјави тогаш изворот.

Пејачката ја потврди свршувачката во декември 2025 година, кога на премиерата на филмот „Avatar: Fire and Ash“, позирајќи со Морандо, за првпат го покажа својот свршенички прстен со дијамант. Во јули оваа година, Морандо за списанието „Wonderland“ откри како се запознале во 2021 година.

„Сем од мојот бенд ’Liily‘ – односно пријател на неговата сестра – ја познаваше Мајли. Тие едноставно ни организираа ’состанок на слепо‘. Од перспектива на Мајли, тоа веројатно не е ни возможно во вистинската смисла на зборот, бидејќи таа е постојано под будното око на јавноста. Но, ако постоеше некаков начин таа да отиде на состанок на слепо, тогаш ова беше најблиску до тоа“, рече тој.

Тие веднаш почувствуваа силна поврзаност уште при таа прва средба и оттогаш, како што вели тој, „едноставно не се разделија“.

На Морандо му требаше одредено време за да се навикне на огромното внимание што Сајрус го привлекува каде и да се појави. „Кога првпат ја запознав, тој дел ми беше прилично чуден. Никогаш претходно немав доживеано луѓе да те чекаат пред локали или во слични ситуации. Но, како што минуваше времето, сега е некако обратно. Дури кога ќе отидеме на некој јавен настан, се сеќавам која е таа всушност. Сепак, сакам да одам со неа на одредени настани за да ја поддржам во сè што прави“, призна Макс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

На покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА.

Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена.

Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени.

На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина.

Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена.

Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер