ФудбалПоследниот пакет влезници за СП2026 од денеска во продажбаФИФА денеска го пушти во продажба последниот пакет влезници за Светското првенство, точно 50 денови пред стартот на мундијалскиот турнир во САД, Канада и Мексико.Светската куќа на фудбалот информираше дека навивачите можат да купат билети за сите 104 натпревари од Светското првенство на FIFA.com/tickets од 15:00 часот по средноевропско време. Досега се продадени повеќе од пет милиони билети. Ова е последната фаза од продажбата, иако ФИФА навести дека повеќе билети ќе бидат достапни континуирано до финалето на 19 јули, во зависност од достапноста. Светското фудбалско првенство ќе стартува на 11 јуни.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвстријка нападната од ајкула за време на екскурзија на БахамитеТриесет и седумгодишна Австријка се здоби со тешки повреди при напад од ајкула на Бахамите, додека учествуваше во туристичка екскурзија што вклучуваше пливање со делфини.Инцидентот се случил на околу 5,5 километри од брегот на островот Бимини, потврди бахамската полиција, пренесува „ABC News“. Според официјалните извештаи, жената претрпела тешка повреда на десниот скочен зглоб. Нападот се случил завчера, а веднаш потоа – околу 17:30 часот – таа била пренесена во Клиниката во Бимини. Поради сериозноста на повредите, 37-годишната жена набрзо била префрлена со хеликоптер во Њу Провиденс, главниот и најнаселен остров на Бахамите, на понатамошно лекување. Бахамската полиција започна истрага за да ги утврди сите околности на нападот.Тагови: ајкула Бахами Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТаен разговор во ВИП-ложата: Камерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпреварКамерите ги снимиле Тејлор Свифт и Том Круз на натпревар, а експерт за читање од усни ја откри темата на нивниот разговор.Невообичаена средба меѓу светска поп-ѕвезда Тејлор Свифт и славен холивудски актер, Том Круз привлече огромно внимание во јавноста за време на неодамнешниот натпревар помеѓу Канзас Сити Чифс и Денвер Бронкос. Свифт пристигнала на стадионот за да го поддржи својот партнер, играчот на Чифс, Тревис Келс, а Круз ѝ се придружил во ВИП ложата, каде што се снимени како водат интимен разговор. Виралното видео брзо го привлече вниманието на експертите, а професионален читач на усни Ајриш Стар, успеал да дешифрира дел од нивниот дијалог . Според неговите наводи, Свифт го започнала разговорот коментирајќи ја импресивната атмосфера. „Она што навистина ми се допаѓа е енергијата и начинот на кој е организирана публиката“, рекла Свифт. Иако одговорот на Круз не е сосема јасен, експертот за читање од усни тврди дека славниот актер ѝ го свртел вниманието кон нејзините професионални обврски. 🚨| Taylor Swift and Tom Cruise at tonight’s Chiefs game! https://t.co/ApZZUA6p48 — The Swift Society (@TheSwiftSociety) September 15, 2026 „Можеби не си свесна за тоа, но имаш работа што треба да ја завршиш“, наводно рекол Круз. Откако накратко го спуштила пијалакот и потврдно кимнала со главата, Круз наводно упатил загонетна забелешка за „држење на еден “ и за тоа дека ова е „последен пат“, иако поширокиот контекст и точната цел на овие изјави остануваат целосно непознати за јавноста.Тагови: Тејлор Свифт Том Круз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТренчевска: 1 милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ, арамијата Мицкоски ги загрозува пензиитеАрамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ во сериозен ризик.Состојбата е алармантна, дупката во Фондот Мицкоски ја зголеми на 1 милијарда евра! Тоа се над 14% од целиот буџет! Во ризик е исплатата на пензиите. ПИОМ веќе не може да се полни од придонеси, криминалната банда го доведе до неодржливост. ВМРО-ОКГ и Мицкоски имаат план само како да украде пари од граѓаните, се друго растураат. Ја задолжија државата со 4 милијарди нов долг за само две години - секоја недела ново задолжување за криминални партиски тендери. Луксузи, нов авион, скапи партиски настани, 5,5 милиони евра за прослава - за граѓаните ништо, нула денари, нула мерки. Како неговата влада гарантира дека пензиите ќе се исплаќаат на време кога нема никаква проекција, нема рок до кога ПИОМ ќе зависи од Буџетот. Од први јули, оваа година, придонесот на ПИОМ е зголемен за 1% односно, процентот што одеше во Агенција во вработување го прераспределиле во Фондот за пензиско. И повторно дупката е зголемена на 1 милијарди евра. Дополнително, арамијата Мицкоски го доведува во ризик и вториот пензиски столб. Најавите за вториот пензиски столб се движат од национализација до „реконструкција“. Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без потпора на веќе ниските пензии. Ова е класична импровизација и неодговорно поигрување со иднината и сигурноста на граѓаните и на идните пензионери. Пензионерите бараат фонд што функционира, а не празни приказни и ветувања од Арамија и неговата банда. Затоа бараме јавен одговор: како дупката од 1 милијарда евра ќе се пополни? Од каде точно ќе се покрие, кои мерки го намалуваат дефицитот и до кој датум. Без јасен план и конкретни мерки, уверувањата на ВМРО се само политичко покритие за власт која пензиите ги користи како парола, а финансискиот товар го префрла врз граѓаните. Се работи за стотици илјади луѓе, кои работеле, учествувале во полнењето на пензискиот систем. За пензионерите кои денес зависат од својата пензија за лекови, храна и сметки, и заслужуваат сигурност. За идните пензионери, кои денес работат, плаќаат придонеси и со право очекуваат еден ден да имаат сигурна и достоинствена пензија. Пензиите не се милостина од Мицкоски. Пензиите се право. Пензискиот фонд е обврска на државата. Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - потпретседателка СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиХашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00