Последниот Мохиканец, автомобил кој тврдоглаво одбива да се пензионира - Канал 5

Последниот Мохиканец, автомобил кој тврдоглаво одбива да се пензионира

Ланчија „Ypsilon “ и во 2020 продолжува да ги брани боите на тој италијански бренд, како единствен преостанат модел во гамата.

Последниот Мохиканец, автомобил кој тврдоглаво одбива да се пензионира

И не само тоа од сега овој автомобил е достапен и со хибриден погон.

Актуелната Ланчија „Ypsilon “ не само што опстанува на пазарот цела деценија, туку овој модел е битно унапреден за 2020 година. Како Фиат 500 и моделот Панда и „Ypsilon “ доби хибриден погон.

Хибридниот „Ypsilon “ користи троцилиндерски 1.0 литарски бензинец со 70 коњски сили а електричните компоненти на таканаречениот „благ“ хибриден систен се сочинети од 12 волтен стартер генератор и мала литиум јонска батерија.

Благодарение на новиот погонски систем, дел од енергијата од кочењето на автомобилот се трансформира во електрична енергија која се чува во споменатата батерија.

Собирањето на оваа енергија, која инаку би била изгубена, на автомобилот му пружа додатна сила во одредени моменти која е тоа потребно за време на забрзување, а електричната енергија помага и во работата на старт/стоп системот, велат од италијанскиот произведувач.

Освен тоа, возењето на ваков автомобил е поекономична во однос на моделот со конвенционален погон.

Кога станува збор за перформансите, се чини дека со хибридниот погон не се добило баш многу, со оглед на тоа дека автомобилот од 0 до 100км/ч сега забрзува за 14,2 секунди, додека со стариот 1.2 литарски бензински мотор истата брзина се достигнува за 15,5 секунди. Максималната брзина е 163км/ч.

Сепак, хибридниот погон со новиот 1.0 бензински мотор би требало да се одрази на намалување на потрошувачката на гориво. Ланчија соопшти дека просечната потрошувачка во комбиниран режим изнесува 4 литри на 100 км, но според стариот, оптимистичен „NEDC“ мерен циклус

Цената на хибридната верзија на моделот „Ypsilon “ во Италија стартува од 14.450 евра, за пакетот Силвер, односно 15.570 евра за пакетот Голд.

Покрај хибридната верзија, на купувачите во 2020 ќе им бидат достапни уште две еколошки прифатливи верзии, 1.2 литарски бензинец кој може да користи и гас и 0.9 литарски бензинец кој може да се вози на метан.

Како моментално единствен модел на некогаш легендарната италијанска автомобилска марка, „Ypsilon “ се држеше добро и во 2019 година, кога биле испорачани скоро 60.000 вакви возила, но овој автомобил всушност се породава на матичниот италијански пазар.

Почетните резултати во 2020 исто така ветуваат, со оглед дека во јануари се продадени 6.254 „Ypsilon “ модели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција НАСА бара кандидати со високо образование во научни и технички области, додека договор вреден 10 милијарди долари ги очекува приватните компании.

НАСА бара луѓе кои ќе живеат на Месечината: Конкурсот е отворен, но условите не се за секого

Американската вселенска агенција, НАСА, објави повик за регрутирање нова класа на астронаути. Овој пат, целта е многу поамбициозна од самиот престој во орбитата: се бараат поединци кои ќе живеат и работат на површината на Месечината.

Овој процес на регрутирање е дел од програмата „Артемида“, а избраните кандидати ќе сочинуваат тим задолжен за поставување на темелите за постојана месечева база, како и за подготовка на теренот за првите мисии со екипаж до Марс. Обуката ќе опфаќа движење по предизвикувачкиот терен на Месечината и издржување долготраен престој во екстремни услови. Како што се очекуваше, критериумите за подобност се исклучително строги.

Право на пријавување имаат само државјани на САД кои поседуваат магистерска диплома од областите инженерство, биологија, физика или компјутерски науки.

Нема многу време за размислување, бидејќи крајниот рок за поднесување пријави преку официјалната веб-страница на агенцијата е 3 декември 2026 година, а имињата на новите астронаути ќе бидат објавени кон крајот на 2027 година.

Истовремено, НАСА го решава прашањето за логистиката, без која една база не може да опстане. Распшан е тендер во вредност од дури 10 милијарди долари за втората фаза од програмата „Комерцијални услуги за испорака на товар на Месечината“ (Commercial Lunar Payload Services – CLPS).

Станува збор за десетгодишен договор со приватни компании за изградба и управување со летала за слетување, наменети за испорака на инструменти, залихи и опрема директно на површината на Месечината.

За овие договори се натпреваруваат осум компании, меѓу кои „SpaceX“, „Blue Origin“ и „Lockheed Martin Space“. Впечатливо е отсуството на „Boeing“ од списокот; вселенската програма на оваа компанија, „Starliner“, веќе подолго време се соочува со технички проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик е сè поблиску до заминување од клупата на Манчестер Јунајтед!

Мајкл Керик на излезната врата на Манчестер Јунајтед!

Иако раководството на клубот одлучи да му даде дополнително време по поразот од Борнмут, сè поголеми се шансите англискиот стручњак наскоро да добие отказ.

Според информациите на „Би-Би-Си Спорт“ (BBC Sport), челниците на Јунајтед сè уште се држат до првичниот план – детално да ја проценат ситуацијата за време на ноемвриската репрезентативна пауза.

Сепак, сè поизвесно е дека извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс ќе им предложат на косопственикот Џим Ретклиф и на семејството Глејзер да го сменат Керик. Капка која може да ја прелее чашата е нерешениот резултат против Астон Вила (4:4).

Јунајтед моментално се наоѓа на 18-тото место во Премиер лигата и го бележи својот најлош почеток на една домашна сезона во последните 40 години.

Манчестер Јунајтед веќе разгледа неколку опции за наследник на Керик. Како што претходно објави Би-Би-Си (BBC), клубот ја испитуваше можноста за ангажирање на поранешниот менаџер на Њукасл, Еди Хау, и поранешниот селектор на Германија, Јулијан Нагелсман.

Антонио Конте, исто така, покажа интерес за работа на „Олд Трафорд“, додека, според неколку извори, и Маурисио Покетино е отворен за враќање во клупскиот фудбал.

Сепак, ситуацијата со Покетино не е едноставна, со оглед на тоа што аргентинскиот стручњак во август го продолжи договорот со националниот тим на Соединетите Држави.

Наводно, неговиот договор содржи клаузули кои би му овозможиле да замине доколку добие понуда од одредени големи клубови.

На Керик му е дадена уште една шанса по поразот од Борнмут, но резултатите не ја оправдаа довербата на раководството. На последните десет првенствени натпревари, Јунајтед забележа само една победа, учинок што ги доведе до 18-тото место на табелата.

Со 19 примени гола, тимот има една од најслабите одбрани во Премиер лигата; повеќе голови примиле само Кристал Палас и Ипсвич.

Особено загрижувачки е фактот што „Јунајтед“ има само три победи на 15 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

Ова е најлошиот учинок во последните 40 години, токму на годишнината од доаѓањето на Сер Алекс Фергусон на „Олд Трафорд“.

Поразите од Манчестер Сити, Брајтон и Борнмут, како и натпреварите што завршија нерешено – при што тимот ја испушташе предноста во завршницата – претставуваа посебен удар.

Незадоволството станува сè повидливо и во самата соблекувална.

Лисандро Мартинез јавно ја критикуваше летната трансфер-политика на клубот, префрлајќи ја одговорноста врз спортскиот директор Џејсон Вилкокс. Дури и Бруно Фернандеш не го криеше своето незадоволство, па по поразот од „Кома“ (Манчестер Сити), упати критики кон тактиката на Керик.

На Карик му беше дадена шанса да ја промени ситуацијата, но резултатите и понатаму се под очекувањата.

Управата сега ги разгледува следните чекори, а сè поизвесно е дека Керик би можел да ја плати цената за катастрофалниот почеток на сезоната.

Конечната одлука сè уште не е донесена, но неговата позиција е сериозно разнишана. Манчестер Јунајтед наскоро би можел да започне нова потрага по тренер, во обид да ја спаси сезоната која веќе е далеку од очекувањата на навивачите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.

Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите.

Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни.

Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза.

Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници.

Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома.

Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер