Последни два натпревара од ракометната Супер лига

Со двата натпревара од 10. коло што се играат денеска и утре ќе заврши шампионатот на Македонија во ракомет.


За освојување на титулата на ракометарите на Металург потребна им е победа во Битола против Пелистер. Според разликата во квалитет што е на страна на тимот на Металург се освен триумф ќе биде голема сензација.

Актуелниот шампион Вардар попладнево (почеток 18:45 часот) го игра натпреварот од последното 10.коло против Тинекс Пролет на негов терен. И на овој натпревар Вардар е апсолутен фаворит и за очекување е да ја запише 9.та победа.

Својата обврска од последната рунда порано ја завршија екипите на Зомимак и Металург Јуниор, кои веќе го завршија првенството. Победа од 34:28 постигна Зомимак.

Табела: Металург 24 бодови (9 натпревари), Вардар 24 (9), Зомимак 15 (10), Пелистер 13 (9), Пролет Тинекс 4 (9) и Металург Јуниор 3 (10).

СДСМ: На 8 ми мај граѓаните масовно да излезат на изборите, се одлучува за иднината на државата

Граѓаните треба масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да гласаат. Се одлучува за иднината на државата.

Прашањето е каква држава сакаме да изградиме?

Дали ќе следи уште една лоша реприза од тоталитарното владеење на Груевски и неговата криминална екипа, или заедно со СДСМ ќе имаме слободна, просперитетна и европска иднина.

Изборот е во рацете на граѓаните но тоа може да има сериозни негативни последици кон иднината на Македонија.

СДСМ ги повикува сите граѓани, да излезат на гласање во среда, да го заокружат бројот 1 и да гласаат ЗА, за европска иднина, за европски стандарди и вредности, за држава во која децата ќе сакаат да останат, се наведува во партиското соопштение.

Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево

Русија ги засилила нападите во правец кон Авдејево, соопшти утринава Генералштабот на вооружените сили на Украина, наведувајќи дека украинските сили во изминатите 24 часа одбиле 50 руски напади на тој дел од фронтот.

Руските сили се фокусираа на неколку сектори на фронтот во Донбас, пренесува Униан.

Во правец кон Бахмут, украинските сили одбиле 22 руски напади, а во изминатите 24 часа на линијата на фронтот се случиле 134 судири.

Кина во историска мисија- лансира сонда на темната страна на Месечината

Кина денеска ќе ја лансира лунарната сонда Чанге-6, соопшти кинеската Национална вселенска администрација.

Сондата ќе собира примероци од темната страна на Месечината. Тоа ќе биде прва ваква мисија во историјата на човештвото, јавуваат кинеските медиуми.

Во тек се последните подготовки за мисијата, која ќе започне од местото за лансирање Венчанг во кинеската провинција Хејнан.


притисни ентер