Последни четврт-финалиња во кошаркарскиот Куп на Македонија - Канал 5

Последни четврт-финалиња во кошаркарскиот Куп на Македонија

Вечерва завршува четвртфиналната програма во кошаркарскиот Куп на Македонија.

Последни четврт-финалиња во кошаркарскиот Куп  на Македонија

Од 18 часот за третиот ученик во елитното полуфинале ќе решаваат најдобриот тим од основниот дел на Првата кошаркарска лига Кожув и младиот тим на Вардар кој во плеј аутот ќе се обиде ад го избори опстанокот во најквалитетното друштво.
Тимот на Марјан Србиновски е голем фаворит во ова четвртфинале.

Кожув во двете средби против Вардар во рамките на Првата лига извојува две лесни победи но младиот стратег на гевгеличани пред почетокот на завршницата предупреди дека купот секогаш носел изненадувања.

„Куп мечевите имаат специфично значење. Можеби имаме условно полесен противник, но сите наши мисли сега се насочени исклучиво кон Вардар. Додека не го минеме Вардар нема да размислуваме за другите натпревари“ порача Србиновски .

Четвртфиналната програма во Купот завршува со уште едно големо дерби последното празно место во елитното полуфинале ќе го пополни победникот од големото дерби меѓи Куманово и Лирија ,директниот пренос на Пет плус од дуелот во Борис Трајковски започнува во 20 часот и 45 минути.

Двете екипи максимално подготвени го очекуваат вечерашниот судир кој ќе биде реприза на минатогодишното четвртфинале од Купот. Во тој дуел славеше Лирија со 90-85, што сигурно ќе биде дополнителен мотив за кумановчани која сакаат реванш и потврда на добрата форма демонстрирана во балканската лига каде Куманово обезбеди пласман на фајнл форот.

Екипата од Сарај на своето конто има и две победи над Куманово од годинешната сезона .
За вечерашното дерби предводникот на Лирија Марјан Илиевски смета дека неговиот тим со максимална игра ќе напредува и ќе направи чекор повеќе од ланскиот куп.
„Самата ждрепка и воздишките во просторијата кога се извлече оваа двојка покажаа за каков дуел станува збор. Мора да дадеме максимум. Дуелот ќе биде тежок и од психолошки аспект. Нашите амбиции се да направиме чекор повеќе од лани, веруваме дека сме способни за тоа“порача по ждрепката Марјан Илиевски.

Но победнички амбиции има и екипата на Куманово која токму со победа во четврфиналето ќе сака барем малку да ги залечи раните добиено по поразот од Лирија на домашен терен во првенството што е првиот неуспех за кумановчани пред домашната публика во шампионатот.
Тренерот на Куманово Луковиќ со слични размислувања како и неговиот ривал од спротивниот табор Илиевски.
„Сите имаат свои амбиции. Лирија сака да направи чекор повеќе од лани, така што ние мораме да направиме два чекори повеќе за да ги победиме. Го почитуваме противникот, знаеме сите добро дека станува збор за квалитетна екипа со одлични играчи. Мораме да го пружиме максимумот и да одиграме најдобро што знаеме за да стигнеме до победа“, изјави Љубислав Луковиќ,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца!

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените  дури два месеца!

И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125).

Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари.

YouTube video

Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар.

Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава.

Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф.

Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени.

Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена .

Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург.

Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник.

Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт.

Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа.

Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина.

Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи.

И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат.

Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор.

Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада.

Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори.

А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори.

И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други.

Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер