Последната вечера на таткото со семејството кој по 16 часа со нивен благослов се самоубил! - Канал 5

Последната вечера на таткото со семејството кој по 16 часа со нивен благослов се самоубил!

54 годишниот Британец Џефри Спектор со своите 3 ќерки и сопругата ја имаше последната вечера во својот живот. Само 16 часа подоцна во швајцарска клиника тој си го одзеде животот.

Последната вечера на таткото со семејството кој по 16 часа со нивен благослов се самоубил!
Џефри последните 6 години се борел со тумор кој не можел да се оперира бидејќи го зафатил неговиот рбет. Стравувал дека поради туморот, секој момент може да остане парализиран од вратот надолу. Сметал дека не треба да биде на товар на своето семејство и решил да си го одземе живото на клиниката „Dignitas “ во Цирих - пишува Дејли меил.

Неговото семејство се обидело да го разубеди но откако не успеале, „сто процентно“ застанале зад одлуката на Џефри.

- Знам дека одам прерано - биле неговите последни зборови до неговите три ќерки и сопругата Елејн.

Family portrait: Jeffrey Spector with his wife Elaine and three daughters Keleigh, Courtney, and Camryn

Во последното трогателно интервју направено во Цирих, бизнисменот Џефри Спектор вели:

- Сакав да имам контрола во последниот стадиум од мојот живот. Јас бев здрав и силен и мојот живот се сврте наопаку. Она што во 2008 почна како болка во грбот се разви во болест која ме натера да ја направам оваа ужасна одлука. Одам пред моето време но не се плашам. Туморот би можел да се стабилизира но не можам да сметам на таа шанса. Некои луѓе ќе ме критикуваат но нека не ме осудуваат. Не осудувајте никого на чие место не сте биле!

Џефри почнал да ја посетува „Dignitas“ клиниката која помага при самоубиства, пред 5 години, кога почнала да му се раша идејата да си го прекине животот за да не остане парализиран и немоќен. Оваа клиника на која се асиситира при доброволно прекинување на сопствениот живот, е оформена во 1998 година и од тогаш 300 Британци таму ги завршиле своите животи. Ваквата асистенција на самоубиства во британија е забранета.

Кога Џефри се решил на овој чекор, сеуште функционирал речиси нормално - се движел, возел, но почнал да ја губи контролата над движењето на рацете.

- Јас сум горд човек и мислам дека имам право на достоинство. Она што го правам е во најдобар долгорочен интерес на моето семејство. Тие не се согласуваат со мојата одлука но го почитуваат мојот став. Сакам тие да имаат убави животи, да одат напред. да можев да оздравам поради нивната љубов добро - но не можам - изјави Џефри во своето последно интервју - пренесува Дејли меил.

Тој и неговото семејство минатата недела отпатувале во Цирих. Вчеравечер од нивната куќа во Ланкашир испратија заедничко соопштение:

„Џефри беше јасн дека не сака да живее парализиран и за зависи од негата на семејството. На почетокот на годинава неговата состојба се влоши и тој веруваше дека наскоро ќе биде потполно парализиран. Ова беше тешко и болно време но како негово семејство ја поддржавме и испочитувавме одлуката на Џефри 100 проценти. Ние сме во состојба на огромна болка и тага по него и ни недостига, но свесни сме дека сега е во мир“.


/ извор: Дејли меил






Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Времето утре според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд а максималната температура ќе достигне од 17 до 21 степен.

Утре променливо облачно со дневна температура од 17 до 21степен

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Под влијание на јужно воздушно струење до петок ќе биде релативно топло со температури кои ќе бидат над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а наместа во западните делови повремено силен ветер од југозападен правец (над 80 km/h). Од сабота температурите ќе бидат во опаѓање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Мегапопуларниот српски пејач Саша Ковачевиќ ги објави првите фотографии со наследникот од породилиштето.

Саша Ковачевиќ објави фотографии од родениот син: Гордиот татко не ја симнува насмевката од лицето

Зорана Тасовац, партнерката на пејачот Саша Ковачевиќ, се породи и роди здраво машко дете. Гордите родители го добија своето прво заедничко дете, а набргу потоа ја споделија радосната вест на социјалните мрежи.

Саша сега објави фотографии со наследникот од породилиштето. Првата слика е направена веднаш по породувањето, додека на втората пејачот не ја симнува насмевката од лицето и позира со бебето во колевката.

Тој го покри лицето на синот со емотикон во форма на срце, а глетката ги разнежни неговите следбеници. Ковачевиќ претходно откри дека за доаѓањето на бебето избрале приватна клиника и дека тој сакал да биде покрај Зоран за време на породувањето.

„Сакам да бидам таму, како поддршка, но и за да ги почувствувам убавините на татковството уште од првата секунда кога тој ќе дојде на свет“, изјави пејачот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.

 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан.

За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија.

Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните.

Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации.

Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер