Последната претстава на Пандур - „Фауст“ на 24 јуни на „МНТ фест“ - Канал 5

Последната претстава на Пандур - „Фауст“ на 24 јуни на „МНТ фест“

На „МНТ Фест“ во Македонскиот народен театар на 24 јуни ќе гостува „Фауст“ - копродукција на Словенско народно гледалишче и 63. Фестивал Љубљана. Тоа е последна претстава во театарскиот опус на познатиот словенечки и меѓународно признат режисер Томаж Пандур кој во април годинава ненадејно почина на проба во МНТ каде го подготвуваше „Кралот Лир“.

Последната претстава на Пандур - „Фауст“ на 24 јуни на „МНТ фест“
- Пандур со алхемичен процес ја преобразува легендата за Фауст во интелектуална и емотивна атмосфера на нашето време и создава своја сопствена поезија и вистина. При вечната борба против сеприсутното зло, го нагласува бескрајниот копнеж кон се што ни е недостапно или неостварливо: кон семејството, љубовта, младоста, убавината. Влегувањето во просторите на магијата, во пределите на космичките сфери, на Фауст, барем за миг, му овозможува доживување и исполнување, љубов, власт и моќ, а со крв потпишаниот договор со Мефисто - или со самиот себе - на крај го враќа во неговата самотија и минливоста на животот, наведува МНТ во најавата за „Фауст“.

На премиерата на „Фауст“ во Љубљана, во септември 2015 година, Пандур изјавил дека ремек делото на Гете - „Фауст“, драмската поема за еден човек кој има потпишано договор со ѓаволот, се нарекува и „божествена трагедија“, бидејќи зборува за микро и макрокосмосот, за личното и јавното, за вештините и знаењето, за неодоливата потреба и постојан стремеж на поединци за се поголемо и подобро, без оглед на цената на овие страсти.
- Приказната за Фауст во текот на вековите се развила архетипски мит за човечките стремежи и дилеми и се обидува да го дешифрира и да го разбере поединецот во неговата постојана борба со доброто и злото. Во оваа адаптација и поставка на Фауст злото настапува во множина; Ѓаволот веќе не е сам, доаѓа со своите соработници за полесно да го изведе својот познат смртен танц. Гледаме маж распнат меѓу небото и земјата, кој се обидува да ја најде вистината и смислата на човечкиот престој. И тоа е суштината на театарот - да се зборува и да поставуваат прашања во врска со една од најважните прашања на човековото постоење, истакнал режисерот на премиерата на „Фауст“.

Насловната улога ја игра Игор Самобор, а актерот Бранко Штрубеј ќе го игра ликот на Мефисто. Во актерската екипа се и: Барбара Церар, Полона Јух, Бранко Јордан, Урош Фурст, Роберт Корошец, Филип Самобор, Жан Перко и Матиц Лукшич. Драматург и автор на адаптацијата на преводот на Божа Водушка и Ерик Воук е Ливија Пандур, сценограф е Свен Јонке (NUMEN), костимограф Фелипе де Лима, дизајнер на видео Доријан Колунџија, композитор Примож Хладник и Борис Бенко (SILENCE) и дизајнер на светло Томаж Пандур.

Претставата трае два и пол часа со една пауза. Билетите се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ. Цената за партер е 600 денари, а за прва и втора галерија е 400 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Мост над реката Тротуш во романскиот округ Бакау претрпе сериозни оштетувања во средата наутро, откако преку него помина тешко возило.

Се урна мост во Романија; Сообраќајот веднаш прекинат

Сообраќајот на државниот пат што ги поврзува Бакау и Меркуреа Чук е прекинат, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

Инцидентот се случи во селото Чобануш, во општина Асау. Според информациите од надлежните служби, мостот над реката Тротуш попуштил откако преку него поминало тешко возило кое немало дозвола за движење на таа делница, пренесува „Телеграф“. „Пожарникари од Бакау беа повикани да интервенираат во селото Чобануш, во општина Асау, по инцидент во кој беше оштетен железен мост.

Немаше повредени лица“, соопштија во средата наутро од Инспекторатот за вонредни ситуации (ISU) на округот Бакау. Сообраќајот е запрен, а возачите се пренасочуваат кон алтернативни правци.

„За справување со ситуацијата, одредена е заобиколница за возилата. Во моментов, сообраќајот во областа го регулираат полициски службеници. Тимот за техничка поддршка ќе излезе на терен за да ја процени состојбата и да ги утврди потребните мерки“, соопштија од ISU Бакау.

Како што е наведено, состојбата ќе биде разгледана од Окружниот комитет за вонредни ситуации, кој е свикан за да се утврдат мерките потребни за воспоставување на сообраќајот и нормализирање на работата. Во погодената област е упатено возило на брза помош. Надлежните органи исто така презедоа мерки за да се осигури дека нема да дојде до доцнење на медицинските интервенции во областите погодени од прекините во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Низа неправилности и слабости во работењето на Државниот пазарен инспекторат утврдил Државниот завод за ревизија.

Државен завод за ревизија: Недоволно пари и луѓе, како и слабата дигитализација кај Државниот пазарен инспекторат

Недоволен број инспектори, нецелосна дигитализација и неизвесност околу контролите на безбедноста на производите се дел од забелешките.државниот пазарен инспекторат во 2024 година спровел 28.263 инспекциски надзори.од нив, 21.108 биле редовни, 5.106 вонредни, а 2.049 контролни надзори.надзорите ги спроведувале 148 инспектори, од вкупно 313 систематизирани работни места..

Изразено е неповолно мислење за финансиските извештаи за 2024 година. Утврдено е дека апликацијата „е-инспектор“ не е целосно ставена во употреба.

Не е воспоставена ниту единствена електронска база со методологија за проценка на ризик. Во периодот од 2022 до 2025 година, од пазарот биле повлечени 40 производи по лабораториски испитувања.

Ревизорите предупредуваат дека неизвесно е продолжувањето на овие контроли по завршувањето на проектното финансирање. Констатирани се и недостатоци во финансиската и материјалната евиденција.Ревизијата препорачува зајакнување на човечките ресурси, дигитализација и подобрување на инспекцискиот надзор.

Се препорачува и обезбедување услови за безбедно чување на одземените предмети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

 Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во средата изјави дека го повикал Иран да ја обнови соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Нова порака до Иран од Брисел: „Престанете со нападите, отворете го Ормуз“

Кошта изјави дека разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и притоа го повикал Техеран да ја обнови соработката со ИАЕА. Претседателот на Европскиот совет исто така го повика Иран да ги запре нападите врз соседните земји и целосно да ја воспостави слободата на пловидба низ Ормускиот Теснец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер