Последна вест- Канал 5 дознава: Утре попладне тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски - Канал 5

Последна вест- Канал 5 дознава: Утре попладне тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски

Канал 5 ТВ дознава дека утре попладне ќе се сретнат премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Темата на средбата е т.н. француски предлог за преговарачката рамка . Ова е нивна прва официјална лидерска средба!

Последна вест- Канал 5 дознава: Утре попладне тет-а-тет средба на Ковачевски и Мицкоски

Како што дознава Канал 5, средбата меѓу Ковачевски и Мицкоски ќе се одржи утре во 15 часот во Клубот на пратеници.

До средбата доаѓа после најавата на премиерот за средба со сите политички и општествени чинители меѓу кои и лидерот на опозицијата Мицкоски, по повод последниот предлог на преговарачката рамка на ЕУ.

Инаку вечерва се одржа голем сенароден собир , на кој голем број граѓани кажаа не за францускиот предлог, а откако птретходно Ковачевски потврди дека во предлогот не се загрозени македонскиот јазик и идентитет.

Тема на средбата ќе биде францускиот предлог на преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“

Наскоро ќе можете да го видите статусот на батеријата на сите поврзани уреди директно на заклучениот екран и на таблата со виџети (Widgets Board).

Пристигнува долгоочекувана функција за „Windows 11“

Се чини дека „Microsoft“ работи на нов, корисен виџет за „Windows 11“ кој ќе го прикажува статусот на батеријата на вашиот уред, како и на сите безжични периферни уреди поврзани со вашиот компјутер. Спомнувања за овој виџет првпат беа забележани на „Discord“, во најновите пробни верзии (preview builds) на „Windows 11“, иако сè уште не изгледа дека е целосно функционален.

Новиот виџет за батерија ќе биде достапен на таблата со виџети во „Windows 11“, а ќе може да се постави и на самиот заклучен екран. Иако сè уште не е во функција, кодот и графичките елементи се веќе присутни во најновите верзии на системот, откривајќи како ќе функционира виџетот и како всушност ќе изгледа.

Виџетот поддржува и светли и темни режими на приказ и ќе ги прикажува уредите во вертикална листа, почнувајќи со батеријата на вашиот компјутер на самиот врв. Секој уред ќе има соодветна икона, заедно со неговото име и процентот на наполнетост на батеријата. Дополнително, виџетот ќе покажува кога уредот се полни и дали е вклучен или исклучен режимот за заштеда на енергија.

Се разбира, другите платформи со години имаат некаква форма на виџет за батерија. И „Android“ и „iOS“ имаат виџети што го прикажуваат нивото на батеријата за поврзаните додатоци, а „Windows 11“ сега го надополнува тој јаз со воведување на истата функционалност.

Новиот виџет за батерија ќе биде добредојдено дополнување на таблата со виџети – функција која многумина ја сметаа за главно бескорисна уште од нејзиното воведување во 2021 година. Иако некои апликации ја искористија, повеќето од нив не го сторија тоа.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.

„Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“ – превентивна активност на ОВР Македонски Брод

Со почетокот на новата учебна година, полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера (11.09.2026) во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод и во основното училиште „Кемал Ататурк“ во село Пласница реализираа превентивна активност во рамки на проектите „Безбедни училишта“ и „Полицијата и учениците се дружат“.

Во непосредна комуникација со учениците, полициските службеници ги запознаа со основните правила и прописи во сообраќајот, со посебен акцент на безбедното движење на релација од домот до училиштето и обратно.

Во рамки на активноста, на учениците им беа поделени и едукативни материјали со содржини насочени кон подигнување на нивната свест за безбедно учество во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради „безобѕирно управување со возило“.

Лишени од слобода девет лица за „безобѕирно управување со возило“

Четворица од возачите управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Куманово, Скопје и Делчево. Кај еден од нив, кој управувал мотоцикл, биле измерени 2,37 промили алкохол во крвта.

Четворица возачи управувале возило без положен возачки испит, од Гостивар, Тетово, Куманово и Скопје. Меѓу нив е и малолетник од Гостивар, додека возачот од Тетово управувал мопед без положен возачки испит.

Еден возач од Виница управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли, со цел навремено санкционирање на возачите кои со своето однесување ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, како и одговорното однесување на секој учесник во сообраќајот, се клучни за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер