3По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
Шоу бизПосле разводот од познатата пејачка станал бездомникПоранешниот маж на пејачката Мел Би, Стивен Белафонте во неодамнешното интервју зборуваше за тоа како разводот финансиски го уништил.Нивниот развод го привлече вниманието на јавноста откако пејачката јавно проговори за проблемите кои ги имале во бракот. Таа го обвини за насилство тврдејќи дека ја тепал, ја присилувал на групен секс и на нивната дадилка и направил дете. Сега по прв пат се огласи и Стивен која раскажа колку сето ова му го сменило животот. „Намерно ми ја отежнува продажбата на вилата во Лос Анџелес и поради тоа станав практично бездомник. Немам каде да живеам, спијам на кауч кај пријател“ – изјави Стивен. Тој додаде и дека неговата сопруга одбила неколку понуди за продажба само за да му наштети. „Живеевме многу удобно. Парите никогаш не беа проблем“ – изјави Белафонте. Освен што, како што тврди, нема каде да спие, наводно им должи пари на адвокатите и банките кои го застапуваат во бракоразводната парница. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОбновен е рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади краповиЕден тон подмладок од крап денеска е пуштен во водите на Преспанското Езеро, со што рибниот фонд е дополнет со околу 7.000 млади единки добиени од икра на матици од самото езеро.Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино, за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година. „Со денешното порибување ја поддржуваме обновата на локалната популација на крап. Ќе продолжиме и во иднина да вложуваме во рибниот фонд и да го штитиме, на тој начин исполнувајќи ја нашата обврска за зачувување на биодиверзитетот на Преспенското Езеро“, истакнува министерот Борче Серафимовски. Инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство го следеа порибувањето, вршејќи контрола на вкупната тежина на подмладокот и бројот на единките пуштени во езерото. „Ќе ги засилиме контролите на Преспанското Езеро и ќе ја продолжиме соработката со риболовните здруженија за заштита на рибниот фонд преку навремено откривање и спречување на незаконскиот риболов“, нагласува директорот на ДИЗ, Ивица Ангеловски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на ОЈО ГОККОбвинителката Искра Хаџи Василева ја презеде функцијата прв човек на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, институција од која јавноста очекува конкретни резултати во борбата против високата корупција.Новата шефица сепак ќе се соочи со старите предизвици. Најавува поефикасен кривичен прогон и фокус на предметите од јавен интерес, но и борба за повеќе ресурси и подобри услови за работа. Доаѓа на чело на обвинителството во време кога Европската комисија повторно констатира дека нема напредок во борбата против корупцијата. -Свесна сум за одговорноста која ја налага моменталниот контекст и она што е наш повик и задача. Ќе се обидуваме да испорачаме, како да речам, поефикасен, директен кривичен прогон онаму каде што најмногу значи, ако можам така да се изразам — во предмети и во однос на работи кои навистина го засегаат јавниот интерес и кои навистина се интерес на сите нас, на граѓаните и на ова општество,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК. На прашањето дали како нова шефица ќе побара дополнителни информации за случајот со Алта банка и ќе иницира соработка со српското обвинителство, Хаџи Василева не даде конкретен одговор. Вели дека обвинителството ги следи случувањата, но за да преземе чекори мора да располага со конкретни материјали и докази. Потенцира дека кривичната одговорност не може да се темели само на сомнежи и информации што се објавуваат во јавноста. -Дали ќе превземеме нешто зависи од она со кое во процесна смисла би располагале за да одиме обвинителски. Сакам оваа прилика да ја искористам — свесна сум дека нашето општество очекува премногу од Јавното обвинителство, очекува премногу од решенија, ако можам така да се изразам, на многу состојби низ јавнообвинителски одговор, низ кривично-правен прогон. Меѓутоа мора да бидеме свесни дека тоа не е така секогаш, тоа не е така ниту кај нас ниту било каде во светот. Кривичната одговорност за било која работа е највисока одговорност и подразбира степен на сомневање кој може да го докажете за било кое прашање, како и за ова, вон разумно сомневање,- изјави – Искра Хаџи Василева – Основен ЈО на ОЈО ГОКК. На функцијата Хаџи Василева доаѓа по изборите од 28 октомври, кога со мнозинство гласови од обвинителите ја доби довербата за нова шефица на ОЈО ГОКК. Таа го наследува Ислам Абази кој не побара втор мандат и се враќа на својата претходна позиција во Вишото јавно обвинителство во Гостивар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ По кривичните пријави од Народна банка за функционери на СДСМ, од партијата поднесоа кривична пријава против гувернерот Трајко Славески и други одговорни лица во НБРМ за случајот со Алта банка.. Од СДСМ бараат Јавното обвинителство да определи мерки на претпазливост за Славески и сите инволвирани, како и привремена забрана за вршење должноста за да се спречело влијание врз сведоци и можно уништување на документација. -Трајко Славески и пријавените лица се теретат дека со своите дејствија на сторување и несторување, пропуштање должен надзор, во периодот од втората половина на 2025 година до октомври/ноември 2026 година. „Несовесно работење во службата“ по член 353-в и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353. Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката?, изјави Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ. Лидерот на СДСМ Венко Филипче на социјалните мрежи напиша дека опозицијата нема да дозволи Мицкоски и Славески да го сокријат скандалот и да избегаат од одговорноста.. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, реагираат за наводите на Филипче и СДСМ дека Алта банка и нејзиниот сопственик имале некаква забрана за работа во ЕУ оценувајќи ги како лажни и манипулативни. Според владејачката партија македонскиот регулатор и институции, немале никаква можност да забранат Алта банка да влезе во Македонија, затоа што истата не само што не била забранета во ЕУ, туку била дел од сопственичките структури на банка токму во Унијата. -Се што кажа СДС за Алта банка е лага. Не само што Алта банка не била санкционирана од ЕЦБ, туку напротив до самиот чин на нејзино затворање таа имала удел во банка во ЕУ. Токму ова е извадок од официјалната страна на Адико банка од Виена, од кое се гледа дека токму Алта банка поседува 9,63% од акциите на Адико банка. Патем, овој удел Алта банка го поседува и ден денес и се уште е во сопственост на Алта банка Србија. Алта банка влегува во Македонија како банка која што има удели во банка во ЕУ, изјави Манасиевски. Се огласија и од ДУИ од каде бараат јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН за наводите дека Владата на СДСМ и ДУИ во 2023 година побарала од Државното правобранителство да стапи во деловни односи со Алта банка Србија. Во спротивно, велат, ДУИ ќе ги преземе сите правни чекори и ќе поднесе тужби против оние што клеветеле. Државниот јавен обвинител Ненад Савески на вчерашната надзорна расправа во Собранието изјави дека обвинителството постапува во секоја ситуација кога ќе утврди постоење на кривично-правен настан, но не каќа дека не моќе да открие дали во случајот со „Алта банка“ е отворена предистражна постапка. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20