Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!
2Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!
ЖивотПосле колку време на жените им досадуваат интимните односи во врскатаЕве после колку време на жените им досадуваат интимните односи во врската, а кога интерес губат мажитеИнтересни резултати од една студија. Темата за интимните врски отсекогаш предизвикувала различни коментари, а тоа е случај и со едно големо британско истражување кое покажало дека жените губат интерес за водење љубов веќе по првата година од врската, додека кај мажите најкритичен е периодот од 35-тата до 44-тата година. Во студијата, спроведена од Универзитетот Саутемптон и Колеџот Лондон, учествувале 4.839 жени и 6.669 мажи, на возраст од 16 до 74 години. Во споредба со мажите, жените губат интерес за интимни односи, во просек, веќе по првата година од врската. Причините се различни: Многумина од нив признале дека изгубиле интерес за интимни односи во првата година од раѓањето на детето, како и поради имањето деца помлади од пет години. Вообичаени причини за намалување на желбата се недостатокот на емоционална поврзаност со партнерот, лошата комуникација и здравствени проблеми. Очекувано, луѓето кои не се среќни во врската биле многу понезадоволни од својот интимен живот. Исто така, различните ставови за тоа што сакаат, а што не сакаат во интимните односи, биле една од главните причини за падот на либидото кај жените. За некои жени, причина било арогантното однесување на нивните партнери, но и новите тетоважи или пирсинзи по телото. Меѓу другите причини биле спомнати и лошите искуства во претходните интимни односи, па дури и насилното водење љубов. Интересен е и податокот дека за разлика од мажите, женското либидо опаѓа многу подоцна, на возраст од 55 до 64 години. Околу 34 % од жените испитаници признале дека изгубиле интерес за водење љубов, додека истото го изјавиле 15 % од анкетираните мажи, пренесува news-medical.net. Извор: srecna.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините Практикантството е инвестиција во младите, вработливоста и локалниот развој.Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024–2044. Станува збор за мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство со цел да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност. Оваа мерка е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон подобрување на структурата на работната сила и инвестирање во човечкиот капитал. Воедно, преку оваа иницијатива воспоставуваме поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира нивната практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки покажува дека младите не се само тема во предизборните програми, туку вистински приоритет. Преку вакви програми им овозможуваме на студентите да стекнат практични знаења, работно искуство и полесен пристап до пазарот на труд, а на општините им обезбедуваме нова енергија, идеи и квалитетен кадар. Нашата цел е младите да добијат реални можности за личен и професионален развој во сопствената држава и да ја градат својата иднина дома во Македонија. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил ‘усогласен’. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата“, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се опасни и можат да предизвикаат сериозни конфликти и поделби во општеството. „Тие што ги креираат и промовираат овие лажни наративи мора под итно да стават прст на чело! Нивното неодговорно однесување нема да им се врати како бумеранг само на нив, најголема жртва на овие игри ќе бидат граѓаните и државата. ЛДП нема што да крие, ниту некогаш имала! Затоа, бараме целосна транспарентност и инсистираме медиумите доследно да се држат до фактите. Повикуваме јавно да се објават сите записници од работната група за измени на Изборниот законик, како и сите поднесени предлози и амандмани. Сè нека се стави на увид на јавноста, па граѓаните сами да видат кој зборува со факти, а кој фабрикува реалност“, вели Цветановски и повикува да се стави крај на евтиниот политички ПР, диригиран од центрите на моќ. Слободата на информирање, која е гарантирана со Уставот на Републиката, е темел на либералната демократија и таа подразбира вистина, а не пропаганда. „Македонија, наместо континуирано да тоне во невистини и обвинувања, заслужува искреност во политиката како единствена основа за реален прогрес. Граѓаните заслужуваат чист процес, а тоа започнува со вистината на маса“, заклучува во својата изјава членот на ИО на ЛДП, Цветановски. Тагови: Цветановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Комплетно е завршено сообраќајното решение на Бул. „Вељко Влаховиќ“Со поставувањето на сообраќајните знаци, проектот на Бул. „Вељко Влаховиќ“ е целосно финализиран. Изведена е целосна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, а обележани се и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Со ова, улицата добива уредено, безбедно и современо сообраќајно решение, кое ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци и велосипедисти. Продолжуваме со реализација на проекти што го подобруваат квалитетот на урбаното живеење и ја унапредуваат сообраќајната инфраструктура, напиша на Фејсбук градоналачникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook