После бесплатна операција останале слепи - Канал 5

После бесплатна операција останале слепи

После бесплатните операции на катаракт во подвижната амбуланта на северот од Индија, 15 луѓе останаа слепи, објавија денеска индиските медиуми.

После бесплатна операција останале слепи
Индиските власти подигнаа кривична истрага против невладините организации и лекарите кои ги извршиле операции за отстранување на катарактот, главно кај постари жени, без претходно да се консултираат со здравствените органи, пренесува „Ројтерс“.

Властите во моментов се обидуваат да пронајдат уште 45 пациенти кои биле оперирани во подвижната амбуланта во индиската сојузна држава Панџаб и да ја проверат нивната здравствена состојба после интервенцијата, изјави официјално лице на здравствените власти во градот Амрирсар, Раџив Бала.

„До слепилото дошло најверојатно поради користењето на нестерилизирани инструменти, бидејќи единствено тоа може да биде причина за инфекција на окото“ – изјави Бала и додаде дека не постои шанса да им се врати видот на луѓето кои ослепиле.

Лошо извршените операции со фатални последици покажуваат на лошата состојба на здравството во Индија, која има најниски издвојувања од буџетот за здравството, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Најголемата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, но се уште не може да се всели во него. Сега е отркиена и сумата која популарниот Чола ја „искеширал“.

Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, откриена е цената за метар квадратен

Пред три години, Здравко Чолиќ купил луксузен стан во близина на Пула, иако сè уште не се вселил во него. Изградбата на комплексот, кој гледа кон морето и марината, е во тек; се очекува првите две згради да бидат завршени во пролетта 2027 година.

Популарниот Чола, го купил имотот во 2023 година, кога становите во комплексот се продавале по цена од приближно 5.500 евра за квадратен метар. Проектот, лоциран на возвишено место над брегот, опфаќа пет планирани згради со вкупно 150 станови.

Агенцијата за недвижности задолжена за продажбата соопшти дека становите во првите две згради се речиси целосно распродадени.

Сè уште се достапни станови во приземјето со површина од 50 квадратни метри, по цена од 5.800 евра за квадратен метар. За преостанатите три згради, постапката за добивање градежни дозволи е сè уште во тек.

Дополнително, во соработка со „Хрватске шуме“ (Hrvatske šume), се подготвува решение за уредување на зелената падина под комплексот. Според проценките на агенцијата, сите пет згради би требало да бидат завршени до 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Две жени во Грција се под истрага и се соочуваат со обвиненија за незаконско посвојување, откако полициските проверки откриле сомнение дека новороденче било продадено од неговата мајка на друга жена во замена за пари.

Мајка во грција продала дете за 3.500 евра

Според информациите објавени од грчката државна телевизија ЕРТ, 40-годишната мајка се сомничи дека на почетокот на оваа година го предала своето новородено бебе на 32-годишна жена од Аспропиргос, населено место западно од Атина.

За продавањето на детето, наводно, добила 3.500 евра, а сомнежите се дека парите ги искористила за да купи автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американскиот носач на авиони го напушти Блискиот Исток по три месеци

Американскиот носач на авиони по три месеци го напушти Блискиот Исток-Трамп го повлекува моќниот воен брод – еве каде се враќа

Американскиот носач на авиони го напушти Блискиот Исток по три месеци

Неговото заминување се случи само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток.

Американскиот носач на авиони „УСС Џорџ Вашингтон“ го напушти Блискиот Исток по тримесечен престој во регионот, кој се одвиваше во контекст на војната со Иран.

Оваа информација ја пренесе „USNI News“, повикувајќи се на претставник на американската морнарица. Сепак, морнарицата не даде дополнителни детали во врска со заминувањето на воениот брод.

Според американски претставници, „УСС Џорџ Вашингтон“ најверојатно се враќа во својата матична база во Јапонија. Неговото заминување доаѓа само неколку дена откако носачот на авиони „УСС Теодор Рузвелт“ пристигна на Блискиот Исток, придружувајќи му се на „УСС Џорџ Х.В. Буш“.

„УСС Џорџ Вашингтон“ е единствениот американски носач на авиони што е трајно стациониран надвор од територијата на Соединетите Држави.

Негова матична база е Јокосука, Јапонија, а во Блискиот Исток пристигна во август.

Според претходна изјава на Централната команда на САД (CENTCOM), со неговото пристигнување беше заменет носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“, кој претходните девет месеци ги помина во регионот, поддржувајќи воени операции против Иран – вклучително и блокада на иранските пристаништа.

Заминувањето на „УСС Џорџ Вашингтон“ од Пацификот во август, исто така, имаше пошироки импликации за военото присуство на САД во тој регион, бидејќи Соединетите Држави останаа без носач на авиони во западниот дел на Пацификот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер