Пославен е од Меси: Вработен во метро е главна ѕвезда на СП во Катар (ВИДЕО)

Млад Кениец познат на социјалните мрежи како Метро Гај стана миленик на навивачите на Светското првенство во Катар и во исто време неочекувана интернет сензација.

Членот на персоналот има задача да ги насочува фудбалските навивачи до блиската метро станица. Начинот на кој ги води навивачите кои го напуштаат стадионите до најблиската станица, извикувајќи „метро, ​​метро, ​​метро“, го направи интернет сензација.

Има многу работници кои ја вршат оваа услуга на трите линии што водат до 8-те стадиони на Светското првенство распоредени на пет места, но овој млад Кениец се издвојува меѓу сите други.

Неговиот профил на TikTok (@metro_man001) доби 25.000 следбеници за три дена, а видеата на кои се гледа како ги насочува навивачите од своето столче, со џиновска флуоресцентна ракавица, вика или пее преку мегафон, се неверојатно популарни - особено на TikTok.

@metro_man001 #metroman001 #souqwaqif#metro#doha#qatar#worldcup2022 ♬ original sound - metro man001

Благодарение на неговата популарност на социјалните мрежи, многумина го препознаваат и го поздравуваат, а во коментарите под виралните видеа се пошегуваа дека сега е „попознат од Меси“.

Нова ера за моделите на Дачија: Од април алкотест и црна кутија ќе бидат стандардна опрема

Dacia ќе ја ажурира комплетната палета на возила, а покрај визуленото освежување, најзначајната вест е поврзана со новиот сет на безбедносни прописи GSR2. Црната кутија и алкотестот стануваат стандардна опрема.

Романскиот производител на автомобили најави голем број важни новитети во својата понуда. Веста доаѓа како резултат на воведувањето на новата регулатива GSR2, која ќе стапи на сила во Европската унија во јули. Dacia ќе ги ажурира и приспособи сите сегашни модели на новите регулативи почнувајќи од април.

Она што е најважно во однос на новите регулативи, сите модели што ги нуди Dacia ќе добијат нов пакет на безбедносни системи во основната опрема за автомобилите да ги исполнуваат новите GSR2 прописи, пренесува Klix.ba.

Така, сите модели на Dacia ќе добијат: црна кутија како снимач на настани во случај на несреќа, стандарден алкотест уред, кој ќе има можност да го блокира возењето на возач кој е под дејство на алкохол, систем за препознавање сообраќајни знаци со предупредување за брзо возење, предупредување при промена на лента, возач за контрола на вниманието, помош при паркирање наназад, сензори за светло и дожд, автоматско сопирање со детекција на пешаци и велосипедисти, како и систем за предупредување за итно сопирање.

Исто така, сите модели на Dacia ќе содржат шифра за спасување. Тоа ќе биде QR код во форма на налепница прикажана на шофершајбната и задното стакло. Со скенирање на кодот ќе може да се пристапи до списокот за спасување и упатствата, со кои спасувачките тимови ќе знаат, на пример, каде се наоѓа резервоарот за гас во случај на несреќа на патот.

Од визуелните промени, најголемата иновација ја носи Sandero, кој заедно со новата зелена нијанса на боја добива и нова линија на опрема за Journey. Новото ниво на опрема одговара на Extreme верзијата на Sander Stepway и ги носи следните новитети: нови алуминиумски бандажи, нови облоги на прагови и ексклузивни теписи во патничкиот простор. Дотерувањето на Journey вклучува и картичка наместо клуч, потоа камера за рикверц, пренослив држач за телефон и организатор на багажникот.

И Сандеро и Логан сега ќе добијат проширена палета на бои. Најдоминантна нијанса ќе биде Beige Safari, ексклузивна за Sandero Stepway. Исто така, хибридната верзија на Dacia Jogger ќе биде збогатена со нов 7-инчен централен екран, кој е присутен и на новата генерација на Duster.

Дополнително, сите модели ќе добијат USB-C приклучок на дното на контролната табла, уште еден USB-C приклучок зад централната конзола за автомобили опремени со пакетот Comfort, како и рачна клима за Jogger во основната верзија Essential. .

„Само Интервју“ со Панче Тошковски

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски.

Има ли на повидок решение за проблемот со пасошите? Се креира ли намерно хаос со личните документи во предизборието или само така ни се чини?

Ни претстои ли фер и демократски или тежок и историски изборен процес? Има ли доволно време за прочистување на избирачкиот список?

Предизборен фолклор или проблеми од под тепих, можно ли е поместување на „црвените“ линии на ВМРО-ДПМНЕ доколку од тоа им зависи фотелјата на Илинденска?

Се користи ли политичката сцена за спас од гонење за корупциските скандали?

Од адвокат до технички министер, има ли Тошковски амбиции стане прв полицаец доколку има политички пресврт?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Панче Тошковски, веднаш по вестите во 18 часот.

Сопругата на Асанж по вториот ден на суд: Нападот кон него е напад врз слободата на медиумите

Сопругата на основачот на Викиликс Стела Асанж денеска изјави дека нападот врз Џулијан Асанж е „најлошиот напад врз слободата на медиумите што светот некогаш го видел“.

„Нападот врз Асанж е најтешкиот напад врз слободата на медиумите што светот некогаш го видел. Тој е екстратериторијален и го спроведува една земја, применувајќи ги своите закони во остатокот од светот, врз странски државјанин кој објавувал во друга земја. “, изјави Асанж за Франс 24.

Според неа, нападот врз Асанж претставува „декларација за универзална јурисдикција над печатот во која една држава тврди дека има моќ да ја ограничи не само способноста на новинарите да ја вршат својата работа, туку и правото на јавноста ширум светот да знае."

Во високиот суд во Лондон се одржа дводневно рочиште во врска со жалбата на основачот на „Викиликс“ против одлуката за негова екстрадиција во Соединетите Американски Држави.

Вчера адвокатите на Асанж први се обратија пред судот, велејќи дека се работи за политички мотивиран случај, додавајќи дека се прекршени човековите права на нивниот клиент, јавува Би-Би-Си.

Тие истакнаа дека имаат докази за заговор на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за убиство на Асанж за време на претседателствувањето на Доналд Трамп.

Адвокатот Ед Фицџералд рече дека не може да им се верува на американските гаранции за фер третман, додавајќи дека неговиот клиент може да биде осуден на „грубо неправеден и непропорционален начин доколку биде екстрадиран“ во Соединетите држави.

Американските адвокати денеска се обратија пред судот, велејќи дека обвинението за шпионажа против новинарот е „засновано на владеењето на правото и доказите“.

„Ова гонење можеби е без преседан, но она што тој го направи беше без преседан“, изјави денеска адвокатката Клер Добин, која ги застапува САД.

Порталот на Асанж „Викиликс“ стана познат во 2010 година кога објави видео од американската армија во кое десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс, беа убиени во напад на хеликоптери „Апачи“ во Багдад во 2007 година.

После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

притисни ентер