Поскапуваат горивата

Горивата од полноќ поскапуваат од пола до денар и пол. Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 за денар и пол. 

Според денешната одлука на Регулаторната комисија, од полноќ се зголемува и цената на мазутот за 0,337 денари за литар.

Од полноќ, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 76 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 75,5 денари за литар.

Јанчев: Започна асфалтирањето на локален пат Ресава-Косовец

Започна асфалтирањето на локален пат од село Ресава до м.в Косовец, на површина од 1400м2, и истиот опфаќаше одводнување, тампонирање и асфалтирање.

Капитален проект кој е инвестиција од Влада на Република Македонија, изведувач на работите е фирмата Градба Промет, соопшти првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Мобилно оперативно возило за Црвениот крст како донација од Амбасадата на САД

Црвениот крст денеска како донација од Амбасадата на САД во земјава доби мобилно оперативно возило.

Мобилното оперативно возило претставува оперативно комуникациски мобилен центар и ќе овозможи справување и брзи и ефикасни одлуки за делување во кризни состојби, поврзување со сите институции вклучени во системот за кризен менаџмент, како и со мобилните тимови на терен.

Екотип донира 255 системи за филтрација на воздух вредни 1 милион евра, за градинки, училишта

Екотип донира 255 системи за филтрација на воздух во вредност од 1 милион евра, за градинки, училишта, болници.

Денеска и формално владата го потпиша договорот за донација на 255 системи за филтрација на воздух со ЕКОТИП ДООЕЛ Скопје, компанија лидер во оваа област, во вредност од 1 милион евра.

Уредите кои ги донира компанијата ќе бидат распределени во градинките, училиштата, болниците и други критични јавни установи...

притисни ентер