48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево
„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“
148. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон Крушево
2„Држи се за мене“ во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото“
Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
1Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
3Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
ЕкономијаПоскапуваат дизел горивата, цените на бензините не се менуваатЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар. За 0,112 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари.Тагови: Бензин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија48. Традиционален илинденски коњички марш – коњаниците повторно тргнуваат од Горно Лисиче кон КрушевоОпштина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден.Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник – 2 Август, Илинден во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“. На 27 јули (понеделник), со почеток во 18:00 часот, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои. На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство. Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земјиМинистерот за транспорт Александар Николоски, утринава изјави дека преговорите за решавање на проблемите на македонските превозници поврзани со воведувањето на системот за единствена европска дозволаМинистерот за транспорт Александар Николоски, утринава изјави дека преговорите за решавање на проблемите на македонските превозници поврзани со воведувањето на системот за единствена европска дозвола се одвиваат билатерално со секоја земја одделно и засега постигнат е договор со Швајцарија , Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЕмотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањетоЛегендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам тешко го поднесе поразот на англиската репрезентација во полуфиналето на Светското првенство; Аргентина победи со 2–1 по драматичен пресврт.Бекам го следеше натпреварот на стадионот во Атланта во друштво на сопругата Викторија Бекам и нивните деца Ромео, Круз и Харпер, како и девојката на Круз, Џеки Апостел. По последниот свиреж, на лицето му се гледаше длабоко разочарување, додека тој и Викторија, во неверување, си ги држеа главите со рацете. Англија поведе во 55-тата минута со голот на Ентони Гордон, што предизвика воодушевување кај навивачите, но славјето беше краткотрајно. Аргентина направи целосен пресврт кон крајот на натпреварот и, со головите на Енцо Фернандез и Лаутаро Мартинез, си обезбеди место во финалето. Особено емотивен момент се случи по завршувањето на натпреварот, кога синот на Дејвид, Круз, му пријде на својот татко и се обиде да го утеши со прегратка. За разлика од претходните натпревари, Викторија Бекам овој пат не ги криеше своите емоции. По водечкиот гол на Англија, таа му скокна во прегратка на сопругот и заедно со него го прослави погодокот. Нејзината реакција привлече внимание и поради тоа што пред неколку дена таа беше предмет на бројни коментари на социјалните мрежи. Тогаш, многумина забележаа дека таа останала прилично воздржана за време на четвртфиналниот натпревар по голот на Џуд Белингем, а Дејвид Бекам подоцна се пошегува на нејзина сметка, велејќи дека таа „славела во себе“.Тагови: Дејвид Бекам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook