Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
2Објавени се најпознатите „предвидувања“ на Баба Ванѓа- следбениците тврдат дека го знаела и крајот на светот
БалканПоштенското гласање што ќе го воведе Грција ќе важи за евроизбори и референдумиПоштенското гласање кое вчера го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и ќе се воведе за првпат во Грција, според портпаролот на Владата Павлос Маринакис ќе важи за евроизборите и референдумите во земјата.Поштенското гласање кое вчера го најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и ќе се воведе за првпат во Грција, според портпаролот на Владата Павлос Маринакис ќе важи за евроизборите и референдумите во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Маринакис, на денешниот редовен брифинг со новинарите, објасни дека со конкретниот закон Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање на европските избори, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта, под услов навремено да се пријават на соодветната платформа за оваа намена. -На дело покажуваме дека сакаме грчките граѓани кои имаат право на глас активно да учествуваат на изборите и да создадеме уште една алатка која ќе придонесе за намалување на неизлезноста. Четирите точки на предлог-законот се: избор на европратеници, олеснување на процесот на гласање, пречистување на избирачките списоци и олеснување на пристапот на лицата со попреченост до предизборен дијалог, објасни Маринакис. Паралелно истакна дека се преземени сите мерки за да се обезбеди тајност на гласањето, а предвидено е и формирање на избирачки одбори составени од судии. -Тајноста на гласањето се обезбедува преку низа процеси што ќе се спроведат, на пример со двојна идентификација преку мобилен телефон и мејл, идентификација во самиот коверт, изјава потпишана од гласачот и сл., рече портпаролот на грчката Влада. Во однос на можноста поштенското гласање да се спроведе и на парламентарни избори, објасни дека нивната желба е да почне една таква дискусија, меѓутоа во моментов не постои ништо конкретно и засега законот ќе се однесува само на евроизбори и евентуални референдуми. Предлог-законот беше одобрен на вчерашната владина седница, Маринакис објасни дека ќе биде дискутиран со партиите и пратеничките групи и ќе биде ставен на јавна консултација, а за да биде изгласан потребен е 151 глас во Парламентот, односно не е потребно двотретинско мнозинство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГраѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендичкиДиректорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар. Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители. Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..Тагови: стојанче ангелов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и многу топло, температура до 40 степениСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтранските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
БалканЗемјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар. Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот. Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.Тагови: земјотреси Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook