Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип - Канал 5

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Посетителка во скопската Зоолошка градина побарала да се тестира за птичји грип. Информацијата за МИА попладнево ја потврди директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Жената прво отишла на Инфективната клиника, од каде ја препратиле во Институтот за јавно здравје. Таа била тестирана и се чекаат резултатите од тестот.

Директорката Андоновска за МИА вели дека нема простор за паника кај граѓаните. Штом вработените кои секојдневно биле во контакт со животните во Зоолошката се негативни на тест за птичји грип, многу мали се шансите некој од посетителите да го има вирусот.

Претходно, и директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, Фадил Цана во куса изјава за МИА, посочи дека нема простор за паника кај граѓаните, кога е во прашање птичјиот грип. Тој нагласи дека како што е состојбата моментално, нема простор за паника ниту кај сезонскиот грип, а камоли кај птичјиот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД прославуваат 250 години независност

САД прославуваат 250 години независност

Во Соединетите американски држави денес се слави Денот на независноста, односно празникот поврзан со потпишувањето на декларацијата за независност од Обединетото кралство во 1776 година.

Иако Американците го слават 4 јули како Ден на независноста уште од 1777 година, самата декларација беше донесена како одлука на 2 јули на затворена седница на тогашниот Втор континентален конгрес, каде што се собраа претставници на 13-те колонии, кои ќе станат првичните 13 федерални држави.

На оваа седница беше одлучено дека ќе се изготви документ за формално прогласување независност од Обединетото Кралство, а работата ѝ припадна на група од пет делегати наречени „комитет на петмина“.

Во оваа група беа Џон Адамс, Бенџамин Френклин, Томас Џеферсон, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман.

Тројца од овие пет делегати (Адамс, Френклин, Џеферсон) ќе бидат претседатели на САД во иднина и се сметаат, заедно со неколку други, за основачи на нацијата или „основачки татковци“, како што се нарекуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!

Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!

СДСМ: Нарачана анкета во време на паника - Мицкоски и ВМРО немаат одговори за економската катастрофа!

Објавувањето на новата анкета преку медиуми блиски до Орбан не е случајност.

Тоа е јасен показател за паниката која владее во организираната криминална група предводена од шефот на тендерската банда, Христијан Мицкоски.

Нема одговори за катастрофалната состојба во економијата.

Нема одговори за тешкиот живот на граѓаните.

Нема пари во буџетот.

Нема пари ниту за пензии.

Затоа - анкета.

За помалку од две години, Владата на Мицкоски се задолжи за над 2,5 милијарди евра. Кој знае колку скриени кредити се кријат преку јавните претпријатија.

Буџетот е празен, а пари за криминалните, наместени тендери за првите луѓе на Мицкоски почнуваат да недостасуваат.

Затоа сега доаѓаат нарачаните анкети.

Мицкоски на сила ја укина техничката влада.

Сега на сила се обидува да протурка изборен закон кој отвора можност за кражба на гласови.

Во исто време, на сила се обидува да ја протурка Платформата за сопствената иднина – новиот ЗНАМ 2.0.

Сè мириса на предвремени избори.

Сака да го продолжи мандатот затоа што не му се оди на факултет. Таму нема приватни државни авиони за патување на море.

Од сè што е надвор од неговата фотелја, го болат колената.

Го болат уште од клечењето и молењето за власт. Додека клечеше и го лажеше целиот македонски народ.

Кога не кажа дека сите имаат бугарски државјанства и европски пасоши како и приватни фирми во Бугарија.

Само да знаат граѓаните: Орбан исто така објавуваше вакви анкети. Резултатите ги видовме.

Граѓаните ќе победат.

Ќе ја вратиме власта во рацете на народот.

Скопје, 04.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Бутел: Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“

Мицкоски од Бутел: Започна изградба на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“

„Добар ден и од мене.

Убав ден денес, сабота овде во Бутел се почнува нешто ново, базен, се довршува нешто што веќе е започнато, доградбата на училиштето „Ацо Шопов“ и мислам дека сето ова ќе додаде вредност во квалитетот на животот на луѓето од Општина Бутел од овој дел од Радишани.

Чувствувам дека со овие проекти успеваме полека но сигурно да обезбедиме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ целата територија на државата, тоа значи дека проектот ја постигнал својата цел полека но сигурно ги завршуваме со воведување во работа или поставување камен темелник оние проекти коишто сè уште кои не беа отпочнати, оние коишто се отпочнати ги завршуваме и веќе размислуваме за следната 2027 година да реплицираме слична ваква иницијатива бидејќи навистина се покажа како успешна.

Да му честитам на градоначалникот за посветената работа којашто ја прави овде во Бутел, да се заблагодарам на советниците што ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата во Општина Бутел, на пратеничката којашто доаѓа оттука од Општина Бутел којашто секогаш се бори за проект повеќе, да се заблагодарам на мојата колешка од Владата, министерката за образование и на сите впрочем колеги од Владата коишто го препознаа проектот и даваат голема поддршка за истиот да се реализира во повеќе ресори, проектот на децентрализирање на средства од централниот буџет кон општините. Она коешто можам да го кажам од името на Владата е дека остануваме посветени и во периодот којшто следи на реализирање на проекти и на исправање на сите оние недостатоци коишто за жал во минатото се таложеа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер