Посетите на локалитетот Кокино од 1 август со водичи и со влезница - Канал 5

Посетите на локалитетот Кокино од 1 август со водичи и со влезница

Педесет и двајца лиценцирани туристички водичи денеска добија сертификати за водење туристи на Кокино по поминатата бесплатна обука од НУ Музеј Куманово во чија надлежност е тој архео-астрономски локалитет во североисточна Македонија.

Посетите на локалитетот Кокино од 1 август со водичи и со влезница
Партнер во реализирањето на обуките, кои се дел од долгорочна иницијатива за развој на Кокино како туристичка дестинација, е Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Директорката на Музеј Куманово Анита Цветановска истакна дека сертифицирањето на водичите е поттикнато од потребата за обезбедување финансиски модел со кој Кокино ќе обезбеди редовни приходи за натамошно подобрување на инфраструктурата.

За таа цел Музејот донел одредени измени за туристичката дејност со локалитетот, меѓу кои најважната се однесува на менаџирањето и одлуката од 1 август 2016 да се почне со наплата на влезници, чија цена ќе биде утврдена деновиве. За десетина дена секоја посета на локалитетот задолжително ќе биде со водич кој ја поминал обуката и добил сертификат.

- Со цел верно да се прикаже и долови уникатната вредност која Кокино ја има, од 1 август 2016 година водење тури на Кокино ќе биде дозволено само за туристички водичи кои имаат поминато бесплатна обука и сертификација за туристичко водење на локалитетот, одржана од страна на НУ Музеј Куманово, истакна Цветановска.

Верува дека со тоа ќе придонесат во организираност на посетите на локалитетот и дека моделот на финансирање што го предлагаат ќе помогне во самоодржувањето со што, како што рече, многу полесно ќе се почнат и пообемни уредувања на локалитетот.

Татјана Марковска, менаџер од канцеларијата за економски развој на УСАИД Македонија, истакна дека Кокино може да се претвори во еден од главните центри на туризмот во регионот, доколку се продолжи со насочено инвестирање во локалитетот.

- Тоа е само една од многуте дестинации во државава, кои истовремено се дел од богатото културно наследство на Македонија и туристички дестинации кои, доколку се развиваат одговорно и одржливо, можат да бидат адути во рацете на нашата туристичка индустрија, рече Марковска.

За да го поддржи развојот на Кокино, а во соработка со НУ Музеј Куманово, Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ова лето донираше информативни табли, патокази, заштитна ограда за еден дел од локалитетот и го поддржа креирањето на официјалната веб-страница kokino.mk.

Анита Дамјановска од Швајцарската агенција за развој и соработка се осврна на придобивките за локалната економија. - Континуираното вложување во Кокино на долг рок носи придобивки и за локалното население. Токму локалното население, локалните мали бизниси можат да бидат моторот на економскиот развој и развојот на туристичката понуда на рурални, релативно изолирани подрачја како што е Кокино, истакна Дамјановска.

Во своите обраќања тие го посочија значењето на Кокино како една од најстарите опсерватории во светот, од која праисториските жители го набљудувале движењето на Сонцето и Месечината, и уште тогаш направиле маркери во кои Сонцето изгревало на првото утро од почетокот на секое годишно време. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите мора да се испитаат веднаш

Сега кога Савески преку медиумите доби „зелено светло“ од шефот Мицкоски дека може да почне да работи, нека почне токму од Мицкоски и од гувернерот Трајко Славески.

СДСМ: За Алта банка Савески да почне од Мицкоски и Славески – сметките и трансакциите  мора да се испитаат веднаш

Нека го испита секој можен аспект од влезот на Алта банка во Македонија, сомнителниот капитал, одлуките, кој одобрил и зошто.

Нека утврди што разговарале и договарале со Вучиќ.

Што договарале со Мацура?

Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија.

Токму ваквото однесување ја разјадува независноста на

правосудството и целосно ја руши довербата кај граѓаните.

Потоа следуваат катастрофални оценки во извештајот на Европската комисија.

Независно обвинителство не чека, не работи по сигнал од премиерот, не чека туку постапува.

Бараме веднаш да се обезбедат и испитаат сметките, трансакциите и целокупната документација на Алта банка.

Обвинителството и полицијата да ја известат јавноста за утврдените наоди.

Тоа мора да се направи пред какво било преземање. Продажбата којашто ја договара Мицкоски не смее да стане покритие за заташкување на случајот и избегнување одговорност.

Савески, отворете истрага за Мицкоски, Славески и за сите инволвирани во носењето на Алта банка, обезбедете ги доказите, испитајте ги трансакциите, повикајте ги инволвираните.

Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, и наводна кинеска шпионка.

Трамп потврди дека ФБИ истражува афера поврзана со извршниот директор на технолошкиот гигант „Нвидиа“, Јенсен Хуанг

Трамп откри дека лично разговарал со Хуанг, кој му рекол дека немал сознанија оти жената била шпионка.

Американскиот претседател изјави дека му верува.според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки служби веруваат дека Алис Хуанг, позната и како Хуанг Ле, работела за Пекинг.

Весникот објави дека државниот секретар Марко Рубио уште минатата пролет испратил предупредување до високи американски функционери за наводните блиски врски меѓу жената и Хуанг.

Алис Хуанг била директорка на сингапурската компанија „Мегаспид“, која имала деловни зделки со „Нвидиа“.Компанијата веќе нарачала независна истрага и тврди дека нема индикации дека се компромитирани нејзините деловни тајни или националната безбедност на САД.

Пекинг ги отфрли обвинувањата, оценувајќи ги како неосновани и шпекулативни.аферата се одрази и врз берзата. Акциите на „Нвидиа“ паднаа за повеќе од четири проценти, а пазарната вредност на компанијата се намали за околу 250 милијарди долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

„Вориорс“ победија со 51 поен разлика!

Голден Стејт убедлив против „Њу Орлеанс, „пеликаните“ декласирани со 138-87

Кошаркарите на „Голден Стејт Вориорс“ утринава ја продолжија својата импресивна победничка серија, совладувајќи ги „Њу Орлеанс Пеликанс“ со убедливи 138:87 .

Тимот од Сан Франциско победи со разлика од дури 51 поен, што претставува и најголема победа на кој било НБА-тим сезонава.

Инаку, ова е осма победа во низа за „Вориорс“, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма.

Од друга страна, „Пеликанс“ го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.

Стеф Кари беше еден од најзаслужните за новата победа со постигнати 25 поени, иако на теренот помина нешто повеќе од 20 минути. Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар Дерозан и се искачи на 16-тото место на вечната листа на стрелци во НБА, со вкупно 26.803 поени.

Брандин Подзиемски постигна ист број поени, додека Џексон-Дејвис забележа 23 поени, седум скока и четири асистенции.

Чарлс Беси додаде 12 поени и 10 скока, а Деантони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.

Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој поради повреда не можеше да настапи, но се појави во улога на член на стручниот штаб. Облечен како тренер, тој држеше натпис на кој пишуваше: „Додајте му ја топката на Стеф“.

Утрово Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, а последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога го совладаа Портланд со разлика од 56 поени. „Вориорси“ сега имаат низа од осум победи по ред – втора најдолга серија во историјата на НБА по почеток на сезоната со скор 0-3 или полош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер