Посетата на папата Франциск на Скопје топ вест во српските медиуми - Канал 5

Посетата на папата Франциск на Скопје топ вест во српските медиуми

 Посетата на папата Франциск на  Македонија наиде на голем одзив во српските медиуми, кои и пред и за време на посетата, во детали ја проследија во своите ударни термини и на насловните страници.

Посетата на папата Франциск на Скопје топ вест во српските медиуми

Државната РТС во текот на денот информираше дека Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, служеше миса на плоштадот во Скопје, на која присуствуваа околу 15.000 граѓани од Македонија и соседните земји, а повеќето од нив се од Хрватска. За време на состанокот со официјални претставници во Скопје, папата порача дека Македонија е мост меѓу Истокот и Западот и место каде што се вкрстуваат многу културни струи, пренесе РТС, од каде наведоа дека посетата на папата се смета за историски чин и се одвива во исклучително важен период за Македонија.

Б-92 и ББЦ на српски јазик за посетата на папата пишуваат дека „Скопје на еден ден станало центар на римокатоличкиот свет", Курир дека „папата е дочекан со леб и сол", а „Спутник Србија" на својот сајт овозможи во живо да се следи мисата на папата на плоштадот.

Агенцијата Бета и ТВ Н1 со насловот „Папата се поклони и се молеше пред срцето на Мајка Тереза во Скопје" ја пренесоа пораката на папата Франциск, дека „овде постојат практично различни верски припадности – православни, муслимани, католици, евреи и протестанти, како и етнички припадности, Македонци, Албанци Срби, Хрвати и други кои создаваат мозаик во кој секој камен е потребен за оригиналноста и убавината на целиот мозаик”. Меѓу бројните знамиња на земјите од светот на плоштадот во Скопје е и знамето на Србија, пренесоа овие медиуми.

Вечерни новости одеше со насловот „Папата во посета на Македонија-Вие сте мост меѓу Истокот и Западот", а Танјуг и РТВојводина информираа за средбата на папата со Иванов, под наслов „Вашата посета на Македонија е во момент на големи поделби, црквите и џамиите служат како тврдини за одбрана на територијата."

Радио Слободна Европа на српски јазик за посетата на папата во Скопје наведе дека таа е историска и претставува одредена поддршка на патот на европската интеграција на Македонија.

– Мултиетничкиот и мултирелигиозниот состав е вашето најголемо богатство. Историските сведоштва од византиското и отоманското минато, монументалните тврдини во планините и прекрасните иконостаси во старите цркви го докажуваат христијанското присуство уште од времето на апостолите и ја изразуваат богатата илјадагодишна култура што земјата ја наследи, го цитира Радио Слободна Европа папата од неговата посета на Мкедонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Од сите искуства поврзани со искуства блиску до смртта (NDEs), ниту едно не е толку познато како светлината на крајот од тунелот.

Што гледаат луѓето пред смртта- научниците споредиле искуства на 50 лица

Луѓето кои биле на работ на смртта, па дури и оние кои биле мртви неколку моменти, понекогаш опишуваат движење низ темнина, како тунел, кон портал на светлина, премин во друг свет, објавува ScienceAlert.

Сликата станала толку вкоренета во популарната култура што станала моќен симбол на крајот на животот.

Сепак, не сите преживеани блиску до смртта виделе тунел. Некои опишале огромен, осветлен простор, закривен хоризонт или чувство дека се опкружени со светлина, според студија на 50 преживеани блиску до смртта.

Истражувачот за неврофеноменологија Франс Лернер од Универзитетот во Хаифа во Израел и нејзините колеги сакале визуелно да пристапат кон прашањето, верувајќи дека тоа ќе открие обрасци што зборовите не можат, објави веб-страницата.

На учесниците им било кажано да нацртаат облик на простор што го паметат дека го доживеале и да опишат каде се доживуваат себеси во него, како се движат низ него и какви бои се сеќаваат. Потоа научниците составиле база на податоци од овие реконструкции и ги споредиле, барајќи сличности во геометријата на просторите. Откриле дека конусните простори, кои го вклучувале познатиот тунел, се повторувале често, како и широките, закривени простори како лакови.

Учесниците исто така често цртале простори кои изгледале како целосно да го опкружуваат набљудувачот, како што е внатрешноста на сфера или овал.

Од 28-те конусни простори што ги реконструирале учесниците, 22 биле црни, бели или сиви, или во светлина без препознатлива нијанса. Од друга страна, 27 од 31 широки, закривени простори биле перцепирани во боја.

Според Лернер и нејзините колеги, истражувањата за невронауката и перцепцијата веќе документирале некои слични визуелни односи.

Еден пример е тунелскиот вид, кој може да се појави кога е нарушено снабдувањето со кислород до мрежницата или мозокот, стеснувајќи го видното поле. Според неа, доминацијата на црната, белата и сивата боја во простори слични на тунел има научно објаснување поврзано со човечкиот вид.

Во услови на слаба осветленост, нашите очи стануваат помалку чувствителни на бои бидејќи клетките чувствителни на светлина одговорни за гледање во темнина преземаат контрола.

Иако истражувачите претходно идентификуваа повторливи карактеристики кај луѓе кои доживеале искуства близу до смртта, како што се тунели и светла, малку внимание е посветено на просторната структура на овие искуства или на тоа како луѓето се перцепираат себеси додека се движат низ нив.

Студијата е објавена во списанието „Frontiers in Psychology“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Мароканскиот карикатурист Јасер Мунбир е осуден на четири години затвор за „навреда на кралот“ по објавувањето на карикатура од Мухамед VI, објави денес неговиот адвокат.

Карикатурист е осуден на четири години затвор- нацртал карикатура на кралот на Мароко

Судот во Казабланка, исто така, му наложи на карикатуристот да плати казна од 40.000 дирхами, или 3.600 евра.

Неговиот адвокат, Фарук Мехдауи, објави дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Член 179 од мароканскиот кривичен законик забранува „клевета, навреда или нарушување на приватноста на кралот“, а таквите дела се казнуваат со затвор од шест месеци до две години.

Во случајот на 22-годишниот Јасер Мунбир, казната е двојно зголемена бидејќи цртежот е објавен онлајн, објави „Ле Фигаро“.

Мунбир беше уапсен во јуни откако цртал и објавил карикатура од кралот на Мароко на својот Инстаграм профил.

Мароканското здружение за човекови права (AMDH) побара негово ослободување.

Активистите за човекови права во Мароко побараа укинување на законите за кои велат дека ја ограничуваат слободата на изразување, како и помилување на осудените за објави на социјалните мрежи, пишува Фигаро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Apple предупреди дека iPhone-ите на членовите на Бундестагот и членовите на федералната влада можеби биле цел на шпионски софтвер. 

Телефоните на германските министри и пратеници на удар на шпионски софтвер

Германскиот министер за дигитална администрација, Карстен Вилдбергер, изјави дека Федералната канцеларија за информациска безбедност (BSI) им советувала на засегнатите да претпостават дека нивните уреди се компромитирани за секој случај, бидејќи предупредувањето не укажувало дали нападот бил успешен.

Според BSI, овој вид шпионски софтвер може да им даде на напаѓачите пристап до пораки, вклучително и оние испратени преку шифрирани апликации, како и повици, контакти, календари и податоци за локација. Исто така, може да го вклучи микрофонот и камерата на телефоните.

Вилдбергер изјави за ARD дека „добивме известување од Apple дека одредени уреди можеби биле компромитирани од таканаречен шпионски софтвер“, објави Euronews.

Предупредувањата до засегнатите телефони почнаа да пристигнуваат на 29 октомври, според BSI, и тие наведоа дека Apple го открил нападот користејќи „шпионски софтвер“. Министерот рече дека BSI „реагирала супер брзо“ и ги известила засегнатите, со упатства за заштита. Вилдбергер не кажа колку политичари биле предупредени или кои биле цел. Ниту „Епл“, ниту германските власти не кажаа кој би можел да стои зад нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер