Посебна технологија за учење за децата со посебни потреби - Канал 5

Посебна технологија за учење за децата со посебни потреби

Матеј ги сака компјутерите, но на стандардните не може да работи. Својата желба, но и напредокот во учењето и говорот ја исполнува преку посебна технологија со компјутер и тастатура прилагодени на неговите способности како човек со Даунов синдром.

Посебна технологија за учење за децата со посебни потреби
Голема поддршка и најголем пријател му е Александра, дефектолог која работи со уште 35 дечиња со посебни потреби.

Еднаш неделно доаѓа во здружението „Отворете ги прозорците“ каде пет години го воведува проектот асистивна технологија, преку прилагодена технологија за овие деца да добијат поквалитетно образование. Часовите во оваа организација се бесплатни.

Овој проект е со голема поддршка од министерствата за информатичко општество, министерството за образование и Агенцијата за развој УСАИД. Најголемата цел ваквиот начин на образование стане дел од образовниот систем.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ со реација откако претседателот на Казахстан го шокира Путин (ВИДЕО)

Кремљ го отфрли предлогот на казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев Русија и Украина да ја замрзнат војната и да се вратат на преговорите. 

Кремљ со реација откако претседателот на Казахстан го шокира Путин (ВИДЕО)

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека, „со оглед на ставот на Киев, замрзнувањето како такво е невозможно“.

„Постои главен услов за нас, ние мора да ги постигнеме нашите цели“, рече Песков, одговарајќи на предлогот на Токаев даден за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Омск.

На прашањето како Путин реагирал на зборовите на казахстанскиот претседател, Песков одговори дека тој детално му го опишал текот на војната, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

„Секако дека реагираше. Детално му кажа сè за специјалната воена операција“, изјави Песков за Интерфакс.

Токаев му го предложи „Истанбул 2.0“ на Путин

Токаев го презентираше предлогот во саботата, додека учествуваше со Путин на 22-от Форум за меѓурегионална соработка меѓу Русија и Казахстан во сибирскиот град Омск.

„Ако можам да го изразам моето скромно мислење, бидејќи ме прашаа, можеби е време да се замрзне овој конфликт и да се вратиме на Истанбулската формула 2.0“, рече Токаев, што, како што може да се види на снимката, доста го шокираше Путин.

Претседателот на Казахстан рече дека со безбедносни гаранции од големите сили, вклучително и Русија, би било можно да се оди кон мир.

„Ова мора да се запре“, рече Токаев, додавајќи дека млади Руси и Украинци умираат во војната и дека конфликтот им користи на противниците на двете земји. Тој исто така нагласи дека не сака да биде посредник меѓу Москва и Киев.

Русија и Украина одржаа разговори во Истанбул кратко време по почетокот на руската инвазија во 2022 година, а разговорите беа повторно одржани во 2025 година, но без договор за прекин на војната.

Песков тврди дека борбите би можеле да престанат веднаш

Песков тврди дека борбите би можеле да престанат „до крајот на денот“ ако Киев ги прифати руските услови. Тој додаде дека овие услови беа изнесени пред две години во говорот на Путин во руското Министерство за надворешни работи.

Русија бара украинските сили целосно да се повлечат од регионите Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје, кои Москва ги прогласи за дел од Русија, и Украина јавно да се откаже од својата намера да се приклучи на НАТО. Киев ги отфрла овие барања и смета дека анексијата на украинските територии од страна на Русија е нелегална.

Песков подоцна изјави дека ставот на Токаев за Украина е конзистентен, но дека тоа не значи дека Москва се согласува со него. Тој го нарече Казахстан еден од најблиските партнери и сојузници на Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ овие денови уживаат во Кварнер, а во Опатија пристигнаа со луксузната јахта „Лејди Б“.

Лепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)

Откако пристигнаа со јахтата, застанаа во хотелот и ресторанот „Беванда“ во Опатија и „Амор Си Клуб“, каде што беа топло пречекани од нивните домаќини.

На Инстаграм, Беванда објави фотографија од брачната двојка со пораката: „Неочекувани драги гости во Беванда. Лепа Брена и Боба Живојиновиќ застанаа во „Беванда“ и „Амор Си Клуб“, пристигнувајќи со брод во Опатија, пред утрешниот концерт на Крк. Им посакуваме пријатен престој и успешен настап.“

На фотографијата, Брена позира во лежерна летна облека - бела ленена кошула и панталони, заедно со шапка и очила за сонце, додека Боба избра светло сина маица, темни шорцеви и апостолки. Во позадина можете да ја видите нивната луксузна јахта закотвена на брегот.

Тие пристигнаа во Хрватска со новата јахта

Брена и Боба пловат по Јадранското Море со новата јахта „Лејди Б“. Тоа е импресивен брод со две палуби, украсен како луксузен апартман на море. Точната вредност на јахтата не е позната.

Тие го посетуваат хрватскиот брег во последните неколку дена, а пред Опатија беа видени и на други јадрански дестинации. Отпловија во Опатија непосредно пред концертот на Брена во Крк, каде што повторно ќе настапат пред публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода.

Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди.

Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите.

Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината.

Тогаш последиците беа урнатини и жртви.

Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат.

Тогаш светот се солидаризираше со Скопје.

Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата.

Разликата е една.

Земјотресот беше сила на природата.

Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата.

Последиците се видливи.

Разорена доверба.

Ослабени институции.

Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер