Посебна психијатриска и невролошка помош за ковид-пациентите во прилепската болница - Канал 5

Посебна психијатриска и невролошка помош за ковид-пациентите во прилепската болница

​ Прилепската болница со отворање посебен оддел на Одделението за уво, нос и грло, почна со третман на ковид-пациентите кои имаат невролошки и психијатриски проблеми.

Посебна психијатриска и невролошка помош за ковид-пациентите во прилепската болница

Според диркторката на болницата, Кети Смилеска, тоа е неопходно, поради тоа што сѐ почести се таквите пробеми кај ковид-пациентите.

– Се укажа потреба посебно да се третираат ковид-пациентите кои, најверојатно поради новиот сој имаат такви проблеми при ковид-третманот на лекување, вели Смилеска.

Како што објаснува психијатрот и експерт на СЗО за стрес и стресни состојби, д-р Сашо Пирганоски, ковид-заразата го напаѓа целиот организам: физилошки, невролошки и психички. Кај повозрасните пациенти, претежно, има невролошки, а кај помладите, психијатриски нарушувања.

–Во болницата веќе се сместени ковид-пациентите кои манифестираат, покрај симптоми од Ковид и психијатриски и невролошки потешкотии. Одделивме посебна болничка соба каде се сместени позитивни на ковид со невролошки проблеми, како последица на мозочен удар. Или имаат коморбидитет или мозочниот удар е последица на ковидот, посочи Пирганоски.

Тој истакна дека имаат место и за психијатриските болни, најчесто повозрасни, кои имаат компромитирана циркулација во мозокот и развиваат и дементни симптоми.

-И во состојба кога е падната сатурацијата на кислородот поради ковид-заразата, поради бронхопневмонијата, тие симптоми што претходно ги имале се влошуваат и ако немале, се потенцираат одредени дементни симптоми, односно збунетост, заборавност, конфузност, негирање на реалноста, па и нервоза. Исто така, имаме пациенти кои поради тежината на клиничката состојба влијаат на другите пациенти, на околината. Поради реалноста дека овој сој влијае на клиничката слика, на состојбата, стравот е силно изразен кај некои од болните, особено кај помладите: страв од смрт и страв од последиците од ковидот, додава Сашо Пирганоски.

Покрај стравот, состојбите на тага загриженост, депресивност поради болеста, тој вели дека во кобинација со некој коморбидитет даваат ситуација и на психијатриски болни.

-Бројот е во пораст, но сѐ уште не може да кажеме конкретни бројки или застапената процентуалност. Организацијата е поставена како и за степенот на здравствената состојба, воопшто, во сите ковид оддели и во модуларната болница, објаснува Пирганоски.

Многу граѓани доаѓаат кај психијатарот и во пост-ковид ситуација.

-Организмот е целина. Ковид-19 атакува на целиот организам. Иако вирусот е непознат, за нас клиничките слики се познати. Негативните, а кои имаат невролошки проблеми, се лекуваат на доделот неврологија кој е подготвен да ги прифати сите болни. Организирани сме со оддели за обична и за интензивна нега. Да, доаѓаат на разговор. Тоа се дел од психијатриски болните. Главно, им останува изнемоштеноста, падот на сите животни динамизми, на волјата, депресивност во која спаѓаат падот на нагоните, на мотивите, желбата и пациенти кај кои е силен стравот, истакна Пирганоски.

Тој објаснува дека секој кој се соочил со опасноста од смрт, како последица од болеста, од загрозеност зависи и од структурата на личноста. Некој реагира и го мобилизира организмот адекватно да се одбрани од опасноста, некој влегува во пост-стресогена болест, состојба. Има проблеми при адаптацијата на новонастанатата состојба, проследена со потешко дишење, изнемоштеност, замор.

-Се јавуваат депресивност, несоница, ноќни кошмари. Главно, присутен е стравот: од смрт, од неуспех, од иднината. Општиот страв е анксиозност, вели Пирганоски.

Според психијатарот Сашо Пирганоски има, главно, два начина да се надмине сето при пост-ковид ситуација. Едно е, самата личност, да се избори со ситуацијата, потребата од самодоверба и јакнење на личноста, промена на секојдневието од болест во заздравување, и второ, да помогне стручно лице. Нема потреба од срам или одложување.

-Искуството и новите научни сознанија, културата на живеењето, ме научија дека оној кој може сам да си помогне, си помага. Тоа е најдобар случај. А тој кој не може сам да си помогне, да побара стручна помош. Не е ниту страшно, ниту срамно. Општите правила за здрав живот ги знаеме. Хоби, занимација, читање книги, здрава исхрана, прошетки во природа, одмор, релаксација. Севкупно, потребна е промена на начинот на кој функционирал како болен. Значи, личноста да се почувствува корисна, ефикасна, да може да се вклопи социјално, но да се почувствува дека е не е отфрлена, болна, дека не е неспособна да се справи со некои ситуации, вели психијатарот и експерт на СЗО за стрес и стресни состојби, д-р Сашо Пирганоски.

Тој советува дека потребни се зајакнување на самодовербата и самопочитта и доколку личноста не успее сама да се избори, задолжително да побара помош од стручно лице, односно психијатар, психолог, социјален работник, секој кој професионално може и знае да помогне во враќањето на стабилниот емоционален живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречиле

Според извештајот на израелската телевизија Канал 12, премиерот Бенјамин Нетанјаху и шефот на Мосад, Роман Гофман, планирале да извршат операција на иранска територија ноќта пред израелските избори. 

Нетанјаху и шефот на Мосад планирале воени операции во Иран- Американците дознале и ги спречиле

Израелски безбедносен оперативец наводно погрешно ги известил САД за планот, по што Вашингтон спречил негово спроведување.

Канал 12 не објави детали за планираната операција и не е јасно точно како Вашингтон дознал за планот.

Според извештајот, некои високи израелски безбедносни претставници се спротивставиле на операцијата бидејќи се плашеле дека може да предизвика голема ескалација со Иран и да ги одложи изборите.

Изборите се одржаа на 27 октомври, но блокот на Нетанјаху освои 53 од 120 места и во моментов нема мнозинство во Кнесетот.

Во посебен извештај се наведува дека началникот на Генералштабот, Ејал Замир, предупредил дека Иран може погрешно да ги протолкува потезите на Израел и да започне напад.

Канцеларијата на Нетанјаху: Ова се лаги

Израел Хајом објави дека Гофман го поддржал предлогот на Нетанјаху, додека Замир се спротивставил на него. Според весникот, операцијата би можела повторно да го разгори конфликтот со Иран, но нема да биде голема воена офанзива.

Кабинетот на Нетанјаху претходно ги отфрли извештаите за предизборен напад врз Иран како лажни.

Министерот за одбрана Израел Кац изјави дека Израел нема намера прво да го нападне Иран пред гласањето, но ќе одговори со сила во случај на ирански напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски.

Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите.

Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива.

Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста.

Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност.

Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации.

ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи.

Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса.

Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи.

Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат.

Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка.

ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата.

А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати.

Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки.

Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес.

ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет.

Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска.

Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата.

Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж.

Идентитетот е непознат

Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата.

Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата.

Историското значење на летот

CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23.

Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер