3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаПосебна комисија утврдува пропусти при третманот на малата Јана во битолската болницаОд Министерството за здравство не прецизираат колку време ќе им треба за лекарите да направат извештај од нивниот надзор.Комисија составена од петмина доктори специјалисти, детски ендокринолог, пулмолог, кардиолог, хематоонколог и анестезиолог, иницирана од Министерот за здравство, што треба да утврди дали имало или не лекарска грешка при третманот на петгодишната Јана од битолско Кравари што почина во четвртокот, влезе во битолската болница, потврдува за Канал 5 Директорот на Клиниката Александар Обедниковски. Од Министерството за здравство не прецизираат колку време ќе им треба за лекарите да направат извештај од нивниот надзор, што инаку следи по контролата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат кој не утврди нерегуларности од неговата надлежност. Од Обвинителството пак за Канал 5 велат дека резултатите од обдукцијата сè уште не се стигнати до нив, а дека не се доставени ниту до семејството потврдува и таткото на Јана, триесет и шестгодишниот Стојче Христовски. Тој вели се сомнева во постапувањата на институциите, уверен е дека Јана починала од лекарска грешка, но не верува дека тоа ќе се докаже, дури ни со обдукцијата. -Во фамилијата немаме луѓе со никакви заболувања, да речам, со срце да имаат мака, со шеќер, со таква работа. Ја контактирав матичната, вика, тврдам, јас стојам зад Вас, дека чупето беше здраво и право, повеќе од колку што треба. Сите прегледи се поминати, вакцини, што требаше да се примат, сè си имаше примено. Значи, си беше се во ред. Слушалките, докторите што наслушуваат, срценцето и на нив може да се наслуша дали е во ред или не е во ред, на мало дете, ако имаше проблем со тоа. Дали Ви го доставија извештајот од судска медицина...? Не, ништо немаат ни кажана, ни доставено, ниту пак се надевам на обдукција. - Стојче Христовски Под слоганот „Правда за Јана“ утре од 19 часот на битолскиот плоштад „Магнолија“ е најавен протест. Во објавата на фејсбук, роднините велат дека е доста од нефункционалноста на здраствениот систем, а од преку протестот ќе побара правда, реформи и оставки... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаМакрон ги пречекува европските лидери, меѓу кои и првиот заменик-претседател на Владата Беким СалиПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествува на официјалните активности организирани од Француската Република по повод 14 Јули – Националниот празник на Франција.Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на состанокот на Коалицијата на волонтерите, каде што лидерите ќе разговараат за натамошната поддршка за Украина, координацијата на напорите за зајакнување на европската безбедност и актуелните безбедносни предизвици на европскиот континент. Во вечерните часови, министерот Сали ќе присуствува на официјалната вечера организирана од претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, во Елисејската палата, со учество на шефови на држави и влади од партнерските земји. На 14 јули, министерот Сали ќе присуствува на традиционалната воена парада во Париз по повод Националниот празник на Франција, која годинава се одржува под мотото „Стратешкото будење на Европа“, нагласувајќи ја заедничката определба за мир, безбедност и зајакната европска соработка. Учеството на овие активности ја потврдува блиската соработка меѓу Република Македонија и Француската Република, како и заедничката посветеност кон унапредување на стабилноста, безбедноста и европската соработка.Тагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени. Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување пожариДенеска (13.07.2026) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, реализираа сообраќајна превентивна активност насочена кон пешаците како активни учесници во сообраќајот.На граѓаните им беше потенцирано дека кога се во улога на пешаци, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со напомена дека улицата треба да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерни часови кога се движат на неосветлени локации. Полициски службеници од ПС за БПС при СВР Велес, денеска реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, потсетувајќи ги возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возило и сите останати сообраќајни правила и прописи, во насока на подигнување на свеста на учесниците во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО Чашка на подрачје на Скопје, с. Долно Којнаре и општина Чашка реализираа превентивни активности за заштита од пожари. На граѓаните им беше укажано за опасноста од несовесно фрлање и палење ѓубре, стрништа со сува трева, фрлање отпушоци и друг вид запаливи материјали на отворен простор и во близина на шумски појаси, за да се намали ризикот од појава на пожари на отворен простор. Целта на активностите е да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните, како и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување. Во рамки на активностите беше поделен и печатен материјал со едукативни препораки, со цел подигнување на свеста за безбедност. Отсекот за превенција при СВР Куманово, исто така, во соработка со ЈЗУ Општа болница Куманово во Куманово реализираше превентивна активност за заштита на граѓаните од топлотни удари, при што на граѓаните од страна на медицински лица им беа дадени соодветни препораки и совети. Со цел унапредување на меѓусебната соработка за превенирање на појава на пожари, полициски службеници од СВР Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Св. Наум“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад остварија работна средба со полициските службеници од полициската станица во Поградец, при Министерството за внатрешни работи на Република Албанија. На работната средба беа договорени координирани превентивни безбедносни мерки, со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари и спречување на пожари на отворен простор. Беа договорени заеднички полициски патроли низ шумските појаси околу граничниот и пограничниот појас за време на летната туристичка сезона, интензивни контакти за размена на информации за потенцијални ризици и креирање на директни меѓусебни информациски канали за побрза и поефикасна комуникација при евентуална појава на пожари на шумските појаси, како основа за итно известување за евентуално настанат пожар, што ќе значи брза реакција на надлежните служби за негово локализирање и гаснење. Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook