Посебен режим на сообраќај на неколку локации во Скопје - Канал 5

Посебен режим на сообраќај на неколку локации во Скопје

Во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај на неколку локации поради одржување ракометен напревар, хуманитарна трка и атлетска трка.

Посебен режим на сообраќај на неколку локации во Скопје

Поради атлетска улична трка денеска 07:30 часот до 10:30 часот во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во општина Аеродром.

- Атлетската улична трка е со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од бул.„Јане Сандански“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Србија“ и бул.„Видео Смилевски Бато“ до крстосница со ул.„Владимир Комаров“, на дел од ул.„Васко Карангелевски“ (во двете насоки на движење) на потегот од крстосница со бул.„Јане Сандански“ до крстосница со бул.„АСНОМ“ и на дел од бул.„АСНОМ“ (десна коловозна лента гледано во насока на движење исток-запад) на потегот од крстосница со бул.„Киро Глигоров“ и бул.„Србија“ до крстосница со ул.„Васко Каранѓелевски“ во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информира Министерството за внатрешни работи.

Од Средно Водно до манастирот Св.Пантелејмон во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради одржување на хуманитарна трка со почеток во 10:00 часот.

-Хуманитарна трка по повод одбележување на Денот на Европа насловена како „Сите за Кочани – трчаме заедно“, е со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот на манастирот Св.Пантелејмон и обратно. Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Исто така, во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај поради меѓународниот спортски натпревар во ракомет меѓу „Алкалоид“ и АЕК од Грција.

-Со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар "Борис Трајковски" ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид од Р.С.Македонија и РК АЕК од Р.Грција. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците кон и околу спортскиот центар, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

МВР апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат двете трки, и воедно апелира до граѓаните во наведениот временски период кога се одржува ракометниот натпревар доколку немаат потреба да не ги паркираат возилата во близина на спортскиот центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.

Морничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕО

Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата.

Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели.

Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност.

Руско „сафари“

Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Утре сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Земјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса.

Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца.

Засега нема извештаи за повредени или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер