Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница - Канал 5

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница

Поради верскиот празник Митровденска задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска и утре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Посебен режим на сообраќај на градските гробишта Бутел поради задушница

Со почеток од 6:00 часот денеска сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел. За излез од гробишта - десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.

Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Сојузен судија во САД го блокираше планот на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за преместување на седиштето на ФБИ во деловна зграда во Вашингтон. 

Судија го блокираше обидот на Трамп да го премести седиштето на ФБИ

Судот вчера пресуди дека администрацијата незаконски го отфрлила претходно одобрениот план за изградба на нов комплекс во Мериленд.

Станува збор за спор што трае со години, пишува „Еуроњуз“. Локацијата во Гринбелт, Мериленд, беше избрана за време на мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден.

Минатата година, лицата назначени од Трамп се обидоа да ја поништат таа одлука. Наместо изградба на ново седиште, тие предложија пренамена на зградата „Роналд Реган“, комплекс со федерални канцеларии лоциран во близина на сегашното седиште на ФБИ. Американскиот окружен судија Теодор Д. Чуанг, назначен од претседателот Барак Обама, пресуди дека таквиот потег е незаконски.

Со својата одлука, тој ѝ забрани на администрацијата на Трамп да го премести ФБИ во зградата „Реган“, да ја реновира за потребите на агенцијата или да ги пренасочи средствата наменети за првичниот проект.

Во соопштението, ФБИ наведе дека ова не е првпат судовите да се обидуваат да ја поткопаат администрацијата со цел владата да стане поисплатлива за американските даночни обврзници. „Судот одлучи да изврши недозволива интервенција од политички причини. ФБИ е фокусирано на својата мисија и ќе продолжи да го следи најдобриот начин на дејствување за да ги задоволи потребите на органите за спроведување на законот“, се вели во соопштението.

„Време е да се престане со игрите и да се започне со изградба на најсовремено седиште на ФБИ, какво што заслужуваат нашите јавни службеници, и тоа токму таму каде што му е местото: во округот Принц Џорџ во Мериленд“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур.

Актуелното седиште на ФБИ, зградата „Џ. Едгар Хувер“ на авенијата Пенсилванија, беше отворено во 1975 година.

Околу неа се поставени заштитни мрежи бидејќи делови од фасадата отпаѓаат и претставуваат опасност за минувачите. Локацијата во Мериленд беше избрана по силна конкуренција со Вирџинија, која исто така беше во трка за новото седиште на ФБИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години

Јавното обвинителство ја прошири истрагата против седум нови лица за шверцот на пет тони марихуана во Србија, во јануари годинава.

Нови 7 осомничени за транспорт на марихуана во Србија, двајца склучиле спогодби за казни под 4 години

Со нив, за случајот во Македонија осомничени се вкупно 13 лица. Тие, заедно со шестмината уапсени во Србија, и други засега непознати лица организале најмалку 5 транспорти на марихуана, соопшти Обвинителството.

Како параван било користено правното лице во скопје кое поседува одобрение за одгледување канабис за медицински цели, а за транпортот користеле товарни возила и царински декларации со кои се прикажувало дека се превезува текстилна, прехранбена и друг вид стока. Откако наркотичната дрога ќе била пренесена преку државната граница, организирале нејзино складирање во месноста Коњух кај Крушевац, каде марихуаната се препакувала и дистрибуирала за натамошна продажба.

Според досега обезбедените докази, истиот modus operandi бил применет при најмалку пет транспорти, за кои биле користени различни патнички и товарни моторни возила. Кај товарните возила со претходно царинета и пломбирана стока се отстранувала пломбата и се вадел дел од царинетата стока, а на нејзино место се ставале кутии со наркотична дрога марихуана со тежина приближно еднаква на тежината на извадената стока. Потоа товарното возило се упатувало кон ГП Табановце, при што било следено од некој од осомничените со патничко моторно возило. На овој начин марихуаната била транспортирана прикриена како прехранбени производи, перници и јоргани. – соопшти Обвинителството..

Од таму додаваат дека во меѓувреме, двајца од првично шестмината осомничени, склучиле спогодби со Обвинителството, кои на 10 август биле потврдени од кривичниот суд.. Едниот добил 3 ипол години затвор, а вториот три години и 8 месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење: Сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.08.2026 до 14.08.2026 зема 211 примероци за физичко-хемиска и 211 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), стои во соопштението од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер