Посакала својот 104. роденден да го прослави в затвор - Канал 5

Посакала својот 104. роденден да го прослави в затвор

Американка го прослави својот 104-ти роденден на необичен начин - со еден ден в затвор, соопшти Канцеларијата на шерифот на Округот Ливингстон.

Посакала својот 104. роденден да го прослави в затвор

Според соопштението, Лорета - жителка на старечки дом во градот Авон во американската сојузна држава Њујорк, сакала да го одбележи својот голем ден со посета на поправниот дом. Вработените веднаш го контактирале одделот на шерифот, кој веднаш се согласил да ѝ ја исполни желбата. Пред турата низ затворот, сепак, роденденот го прославија и со кафе и торта, а Лорета ја сподели тајната на нејзината долговечност.

„Таа му кажа на шерифот дека тајната на долгиот живот е - да си ја гледаш својата работа!“, напиша Канцеларијата на шерифот на Инстаграм.

Лорета, се вели, уживала во обиколката на затворската установа и за време на посетата никогаш не ја симнала насмевката од лицето.

„Пресреќни сме што успеавме да и ја оствариме роденденската желба. Ви благодариме Лорета за смеата и добрата енергија што ни ја донесе денес!“, се додава во објавата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Г. Скопје: 115 средношколци од Скопје заминаа во Охрид на бесплатен наставно-научен едукативен камп

Денес започнува бесплатниот наставно-научен едукативен камп во Охрид, наменет за ученици од средните училишта во Скопје.

Г. Скопје: 115 средношколци од Скопје заминаа во Охрид на бесплатен наставно-научен едукативен камп

Првата смена, составена од 115 ученици, утрово замина за Охрид, каде во текот на престојот ќе имаат можност да стекнат нови знаења и вештини, да истражуваат, да развиваат нови интереси и да создаваат нови пријателства.

Целта на кампот е младите да го поминат летниот период на креативен и едукативен начин, преку активности кои ги поттикнуваат нивната љубопитност, критичкото размислување, тимската работа и личниот развој.

Во рамки на програмата се предвидени научно-истражувачки работилници, едукативни предавања, интерактивни дискусии, тимски проекти, културни и креативни активности, како и спорт и рекреација.

Особено внимание ќе биде посветено на развојот на лидерските, комуникациските и презентациските вештини. Учениците ќе имаат можност да работат во тимови, да разменуваат идеи, да ги претвораат своите замисли во конкретни проекти и да стекнуваат поголема самодоверба.

Покрај едукативната програма, учесниците ќе имаат можност да го запознаат богатото културно и историско наследство на Охрид, да разменуваат искуства со своите врсници и да создадат нови пријателства и спомени.

Од 25 до 31 август, во Охрид ќе престојува и втората смена, составена од дополнителни 115 ученици.

Инвестицијата во младите е инвестиција во иднината на целото општество. Затоа, создавањето можности за квалитетно образование, развој на вештини и поттикнување на младите да ги препознаат и развиваат своите потенцијали останува еден од клучните приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

И денеска продолжува уписниот рок на државните факултети.

Почна првиот уписен рок на УКИМ: Идните бруцоши ги предадоа документите на факултетите

Дел од идните бруцоши вчера ги поднесоа документите на факултетите во рамките на првиот уписен рок на државниот универзитет „св. Кирил и Методиј“.

На располагање се вкупно 8.851 слободно место на 23 факултети, при што намалувањето на квотите е направено врз основа на потребите на пазарот на трудот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Кавадарци добива ново сообраќајно решение

Заврши асфалтирањето на првиот слој на кружниот тек на Северен Булевар, на површина од 5.300 м².

Јанчев: Кавадарци добива ново сообраќајно решение

Во периодот што следува ќе се реализираат и втората и третата фаза, до целосно завршување на проектот. Благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата.

Продолжуваме со конкретни инвестиции во инфраструктурата – за побезбедно движење и поуредно Кавадарци, објави на фејсбук градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер