Португалски голман имал срцев удар, докторите се борат за неговиот живот - Канал 5

Португалски голман имал срцев удар, докторите се борат за неговиот живот

Алфредо Квинтана, голманот на португалската ракометна репрезентација доживеал срцев удар на тренинг и лекарите се борат за неговиот живот.

Португалски голман имал срцев удар, докторите се борат за неговиот живот

Веста ја носи познатиот ракометен портал Handball Planet.

Квинтана брани за Порто. Му се слошило за време на тренингот и веднаш бил пренесен во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Претседателот на Владата на Република  Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП.

Мицкоски: Остануваме на проекцијата за економски раст од над 3,5 проценти

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа какви се очекувањата за движењето на економијата во делот на БДП, изјави:

„Ние остануваме на оние проекции коишто ги имавме, дека ќе биде над 3,5%. Имајќи предвид дека во првиот квартал остваривме раст реален од 3,1%, а со усогласени вредности 3,3%, сезонски усогласени вредности 3,3%, што во однос на бруто домашниот производ претставува еден од најдобрите во Европа, во овој момент. Колку и да сакаат поединци да ја извртуваат вистината или сатирично да го пренесуваат сето тоа. Но за нив имам лоша вест, Македонија забрзува, Македонија победува и Македонија како многу пати во историјата ќе победи.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат

Над 80% од граѓаните сметаат дека уставни измени под диктат на Бугарија не треба да се прифаќаат, само Филипче ги промовира и поддржува.

Филипче и СДС се ставија директно на тацна на Бугарија и на Румен Радев и одработуваат во интерес на други држави, затоа што се уценети.

Филипче и СДС одат против македонскиот народ кој бара пристапување на Македонија во ЕУ, со достоинство, интегритет и идентитет.

Филипче и СДС секогаш го ставале приватниот интерес пред државниот. Така беше и кога беа на власт изминатите 7 години, а доказ за тоа се нивните полни џебови и распродадените државни и национални интереси.

Мекото ткиво во Македонија предводено од Филипче и СДС, носи само штета на државата.

Затоа, граѓаните даваат огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, за да можеме исправено да ја претставуваме нашата историја, култура, јазик и идентитет пред оние кои тоа ни го негираат, а соработуваат токму со Филипче и СДС.

Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднина

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија

Трајков од Белград: Жените се двигатели на промените и на европската иднина

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на Меѓународната конференција „Сојузништво за еднаквост“, која се одржа во Белград, Република Србија, каде беше панелист на дискусијата посветена на европските политики за родова еднаквост.

Во своето обраќање, Трајков истакна дека родовата еднаквост претставува една од темелните европски вредности и важен предуслов за одржлив економски и демократски развој. Таа нагласи дека Македонија останува посветена на спроведување реформи кои обезбедуваат еднакви можности, поголемо учество на жените во процесите на одлучување и зајакнување на институционалната заштита на нивните права.

„Европската интеграција не е само усогласување со законодавството, туку и создавање општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да придонесува и да напредува. Родовата еднаквост е суштински дел од таа визија“, истакна Трајков.

На панелот беа разменети искуства и добри практики од земјите во регионот и од институциите на Европската Унија, со акцент на зајакнувањето на регионалната соработка во креирањето политики за еднакви можности и поголема вклученост на жените во јавниот и политичкиот живот.

Конференцијата обедини претставници на владини институции, меѓународни организации, дипломатски претставништва и експерти од регионот и Европа, со цел унапредување на дијалогот и партнерствата за изградба на поинклузивни и поправедни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер